РК Прилеп 2010 - ракометен клуб од Прилеп, Македонија. Клубот моментално се натпреварува во Првата лига.

РК Прилеп 2010
Целосен називРакометен Клуб
Прилеп 2010
ИгралиштеУчилишна сала Ристе Ристески - Ричко
Приемност500
ЛигаСупер лига
2018/19Супер лига, 11. (отпаднати)
Бои
Клупски бои         
Дресови

ИсторијаУреди

Клубот во 70те веќе го носел името Прилеп.[1]

Во сезоната 1991/92, во последната сезона во рамките на југословенскиот натпреварувачки систем, Тутунски Комбинат го освоил првото место во Втората сојузна лига.[2]

Тутунски Комбинат Бренд бил вицепрвак во Купот на Македонија во изданијата 2000 и 2001. Но во Купот на Македонија 2002, кога Тутунски Комбинат Бренд бил домаќин на тоа издание, екипата го освоила тоа натпреварување. Таа сезона 2001/02, Тутунски Комбинат се натпреварувал во Купот на Победниците на Куповите. И следната сезона учествувал во третото по ранг европско машко натпреварување. Во сезоната 2003/04, клубот играл во Челенџ Купот, тогашно четврто по квалитет натпреварување.[3] Во овој период, клубот настапувал во Универзалната сала, сега наречена Сонце ГА.

Во сезоната 2007/08, клубот поради спонзорски причини бил преименет во ВИП 2007. А следните две сезони бил наречен РК Златен даб.[1] Во летото 2010 година, поради разделбата со генералниот спонзор - Прилепска пиварница, клубот повторно го сменил името, сега во Прилеп 2010.[4]

Во сезоната 2016/17, Прилеп 2010 учествувал во ЕХФ Купот и изгубил во првата рунда.[5]

Историја на клупското имеУреди

  • 19??-19??: РК Прилеп
  • 19??-20??: РК Тутунски комбинат
  • 2007-2008: РК ВИП 2007
  • 2008-2010: РК Златен даб
  • 2010-....: РК Прилеп 2010

УспесиУреди

Првак (1): 2002.
Првак (1): 1991/92.

НаводиУреди

  1. 1,0 1,1 „Златен даб го менува името“. Дневник на daily.mk преку web.archive.org. 4 јули 2010. Посетено на 22 декември 2019.
  2. „Битола е душата и талентот на спортска Македонија (Пасус - Боро Чурлевски)“. zoran-misevski.blogspot.com преку web.archive.org. 30 декември 2012. Посетено на 27 декември 2019.
  3. „RK Tutunski Kombinat Prilep“. eurohandball.com преку web.archive.org. Посетено на 22 декември 2019.
  4. „Златен даб се прекрсти во Прилеп“. Дневник на daily.mk преку web.archive.org. 3 септември 2010. Посетено на 22 декември 2019.
  5. „РК Прилеп и по вторпат загуби против Винтертур и ги заврши настапите во ЕХФ Купот“. gol.mk преку web.archive.org. 4 септември 2016. Посетено на 22 декември 2019.

Надворешни врскиУреди