Фридрих Убавиот (германски: Friedrich der Schöne, роден во 1289 во Виена - починал на 13 јануари 1330 во Гутенштајн) — владетел од Хабсбуршката династија како крал на Германија (1314—1330), војвода на Австрија и Штаерска (1308-1330) како Фридрих III.

Фридрих Убавиот
Портрет од 19 век
Крал на Германија
со Лудвиг IV
На престол19 октомври 1314 – 13 јануари 1330
Крунисување25 ноември 1314 (Бон)
ПретходникХајнрих VII
НаследникЛудвиг IV
Војвода на Австрија и Штаерска
до 1326 со Леополд I
На престол1 мај 1308 – 13 јануари 1330
ПретходникАлбрехт I
НаследникАлбрехт II
Отон IV
Роден(а)1289
Виена, Надвојводство Австрија
Починал(а)13 јануари 1330(1330-01-13) (aged 40)
Гутенштајн
Почивалиште
СопружникИзабела Арагонска
ДецаАна
ДинастијаХабсбуршка династија
ТаткоАлбрехт I
МајкаЕлизабета Тиролска

Рани години

уреди

Фридрих бил син на римско-германскиот крал Албрехт I († 1308) од Хабсбуршката династија и Елизабета Тиролска.

Негови браќа биле Рудолф, крал на Бохемија, војводите на Австрија Леополд I, Албрехт II, Отон IV и Хајнрих.

Управување

уреди

На 21 ноември 1298 година на првото царско собрание во Нирнберг, неговиот татко ги поставил неговите браќа Рудолф и Леополд за војводи на Австрија и Штаерска. Фридрих во тоа време имал 9 години.

Фридрих добил право да врши контрола над Баварските војводи, што довело до конфликти со неговиот братучед и пријател Лудвиг од Баварија. На 9 ноември 1313 година Фридрих бил поразен од Лудвиг кај Гамелсдорф и во 1314 година се повлечел. По смртта на Хајнрих VII тој имал претензии за кралската круна, но добил само три гласа. За крал бил избран Лудвиг со четири гласа во октомври 1314 година, но Фридрих не го повлекол барањето и се прогласил за антикрал кое означувало отворен вооружен конфликт.

Во 1314 година Фридрих се оженил за Елизабета Арагонска, со која бил свршен од 1311 година, кога таа имала околу 10 години. Фридрих бил крунисан во Бон од архиепископот на Келн, а Елизабета била крунисана за германска кралица во Базел во 1315 година. Во повеќегодишна граѓанска војна Фридрих имал успеси со помош на воените вештини на својот помлад брат Леополд кој го добил прекарот „Мечот на Хабсбурговците“ или „Победоносецот“. Сепак, на 28 септември 1322 година Фридрих бил целосно поразен кај Милдорф на Ин и бил заробен заедно со 1300 австриски благородници.

Откако Лудвиг го држал Фридрих три години во витешкиот затвoр на замокот Траусниц, самиот тој бил кртикуван од католичкиот свет па поради тоа тој постигнал договор со стариот свој пријател и го ослободил под заклетва. Според неа, Фридрих го признал владеењето на Лудвиг и се обврзал да го убеди својот брат Леополд да го стори истото. На крајот Фридрих не успеал во тоа и се вратил на располагање на својот победник Лудвиг во Минхен. Овој витешки гест го импресионирал на Лудвиг, отстапувајќи ја римско-германската круна на Фридрих, додека за себе започнал да ја посакува круната на Светото Римско Царство.

Фридрих починал на 13 јануари 1330 година во замокот Гутенштајн. Во 1783 година посмртните останки биле пренесени и закопани во катедралата Свети Стефан во неговата родна Виена.

Семејство

уреди

На 11 мај 1314 година во палатата Гутенштајн, Фридрих Убавиот се оженил за Елизабета Арагонска (* 1296; † 25 март 1330). Тие имале три деца:

  • Фридрих (* 1316; † 1322)
  • Елизабета (* 1317; † 1336)
  • Ана (* 1318; † 1343)

Надворешни врски

уреди
  •   „Frederick III. of Germany“ . Encyclopædia Britannica (11. изд.). 1911.
Фридрих Убавиот
Роден(а): ~1289 Починал(а): 13 јануари1330
Владејачки титули
Претходник
Албрехт I
Војвода на Австрија
1308–1330
Наследник
Албрехт II and
Отон IV
Претходник
Хајнрих VII
Крал на Германија
1314–1330
со Лудвиг IV прво како соперник
а потоа како сокрал
Наследник
Лудвиг IV
како крал