Фридрих I (војвода на Австрија)

Фридрих I Бабенберг (германски: Friedrich I, der Christliche, der Katholische, роден во 1175 - починал на 16 април 1198) — владетел од династија Бабенберг[1], војвода на Австрија од 1194 година. Фридрих бил син на Леополд V Бабенберг (1157-1194) и неговата сопруга Елена Унгарска (1158-1199), ќерка на унгарскиот крал Геза II.

Фридрих I
Војвода на Австрија
Војвода1195–1198
ПретходникЛеополд V
НаследникЛеополд VI
Роден(а)1175
Починал(а)16 април 1198(1198-04-16)
ТаткоЛеополд V
МајкаЕлена Унгарска

Владеење

уреди

Почетокот на неговото владеење било одбележано со враќањето на англиските заложници и парите за откуп на англискиот крал Ричард I. Но Фридрих се соочил со проблем околу враќањето на парите за откуп. Поради тоа, Фридрих доброволно се вклучил во организирање на нов крстоносен поход со цел да ја врати честа на неговата династија Бабенберг во очите на Римокатоличката црква. Така, на Велигден, на 31 март 1195 година, тој заминал кон Бари.

Фридрих се разболел и починал на 16 април 1198 година на враќање од Палестина. Посмртните останки се чуваат во манастирот Свети Крст во Долна Австрија.

Наводи

уреди
  1. Lingelbach 1913, pp. 92–93.

Надворешни врски

уреди