Албрехт II (војвода на Австрија)

Албрехт II Мудриот (германски: Albrecht II der Weise, роден на 12 декември 1298 во Хабсбург - починал на 16 август 1358 во Виена) — владетел од Хабсбуршката династија како војвода на Австрија и војвода од Штаерска од 1330 година и војвода од Корушка од 1335 година до 1358 година.

Албрехт II
Војвода на Австрија
ПретходникФридрих Убавиот
НаследникРудолф IV
Роден(а)12 декември 1298(1298-12-12)
Хабсбург,
Војводство Швабија
Починал(а)16 август 1358(1358-08-16) (возр. 59)
Виена,
Војводство Австрија
Благородно семејствоХабсбуршка династија
Сопружник(ци)Јохана фон Пфирт
ТаткоАлбрехт I
МајкаЕлизабета Тиролска

Рани години

уреди

Албрехт бил син на римско-германскиот крал Албрехт I († 1308) и Елизабета Тиролска. Уште како малолетен бил преопределен да стане духовник, и во 1313 година станал раководител на црква во Пасау, но поради конфликти во 1317 година се откажач од оваа кариера.

Управување

уреди

По смртта на Хајнрих од Бохемија, царот Лудвиг IVод Баварија им ги преотапил Корушка и јужен Тирол на браќата Отон и Албрехт на 2 мај 1335 година во Линц.

За време на владеењето на Албрехт II во Австрија се случиле природни катаклизми: поплави, земјотреси, црна смрт кои владееле во периодот од 1348-1349 година. Комплицирана била ситуацијата и во Австрија, каде владеела династијата на Хабсбурговците, бидејќи таму во соседтвото започнало да се зголемува влијанието на Швајцарската унија, кон која во 1351 година бил приклучен градот Цирих. Експедицијата на Албрехт II против Цирих во 1352 година се покажала како поразителна и како резултат на неа, градот заедно со соседната област била изгубена за војводата.

Во 1355 година Албрехт II воведел закон за забрана за поделбата на териториите на Хабсбурговците, т.н. „Правило на Албрехтскиот дом“. Но неговите деца сепак го нарушиле овој закон и ги поделиле меѓу себе австриските територии. Ова правило на дело било вратено од страна на царот Максимилијан I и со текот на времето станало камен-закон на Австриското Царство до 1918 година.

Семејство

уреди

Албрехт се оженил во 1324 година во Виена за Јохана фон Пфирт. По 15 години, тој станал татко на Рудолф, кој го наследил на престолот.

Од бракот се родиле следните деца:

  1. Рудолф IV (1339-1365)
  2. Катарина (1342-1381)
  3. Маргарита (1346-1366)
  4. Фридрих III (1347-1362)
  5. Албрехт III (1348-1395)
  6. Леополд III (1351-1386)

Tиe имaле уште пет деца кои починале уште како мали.

Надворешни врски

уреди
  • Gabrielle Caerr-Stamm: Johanna von Pfirt, Gattin des Habsburgers Albrecht II. Herzog von Österreich oder das europäische Schicksal einer Elsässerin ("wife of Habsburg Albert II Duke of Austria or the European Fate of an Alsatian"). Sundgaugeschichtsverein, Riedisheim 1996, ISBN 2-908498-06-5.
  • Franz Kurz: Österreich unter Herzog Albrecht dem Lahmen ("Austria under Duke Albert the Lame"), Haslinger, Linz 1819.
Албрехт II (војвода на Австрија)
Роден(а): 12 декември 1298 Починал(а): 16 август 1358
Претходник
Фридрих Убавиот
Војвода на Австрија
Војвода од Штаерска

1330–1358
Наследник
Рудолф IV
Претходник
Хајнрих VI
Војвода од Корушка
1335–1358