Коњички спорт на Летните олимписки игри 2016

Натпреварите во коњички спорт на Летните олимписки игри 2016 во Рио де Жанеиро ќе се одржат од 7 до 19 август во Националниот коњички центар во подрачјето Деодоро. Застапени се три дисциплини, секоја во поединечна и екипна конкуренција.

Коњички спорт
на Летните олимписки игри 2016

Пиктограми за дресурно јавање (лево), тробој (десно) и прескокнување (долу)
ОдржувалиштеНационален коњички центар
Денови7–19 август
«20122020»
Коњички спорт на
Летните олимписки игри 2016

Список на јавачи
Дресурно јавање поединечно екипно
Тробој поединечно екипно
Прескокнување поединечно екипно

Дисциплини

уреди
 
Националниот коњички центар во Деодоро

Натпреварувањето се одвива во три дисциплини:

Квалификации

уреди

Секоја дисциплина има свои квалификациски правила, но начелно се водат по котирањето според Меѓународниот сојуз за коњички спортови (FEI).

Дресурно јавање

уреди

За екипната конкуренција се отворени десет места по квота. Екипните места се доделени на Светските коњички игри 2014. Воедно, шест други се доделени на регионалните првенства (Европа: 3, Америка: 1, Африка/Азија: 2). Покрај ова, доколку една земја квалификува 3 или 4 учесници во поединечна конкуренција, истата се квалификува и како екипа на олимпијадата.[1]

Во поединечна конкуренција, доделени се 60 места, на следниов начин: 40 од горенаведените екипи, по двајца најуспешни јавачи од седумте географски региони и шестмината најдобри јавачи според котирањето на FEI кои не се квалификувале поинаку.[1]

Прескокнување

уреди

Секоја земја може да испрати до четири јавачи ако се квалификува во екипна конкуренција. Слично како кај дресурното јавање, екипите од по четири јавачи се квалификуваат или од Светските коњички игри (WEG), или преку регионалните првенства. Од првиот случај, со ова се добиваат пет места, а преку регионите се добиваат девет (Америка: две, Европа: четири, Азија: две, Африка и Блискиот Исток: едно), како и домаќинот (Бразил). Во поединечна конкуренција, се примаат вкупно 75 учесници, по следниов клуч: 60 од гореспоменатите екипи, а останатите регионално или преку котирање.[2]

Тробој

уреди

Секоја земја може да испрати до четири јавачи ако се квалификува во екипна конкуренција. Слично како кај дресурното јавање, екипите од по четири јавачи се квалификуваат или од Светските коњички игри (WEG), преку регионалните првенства, или пак по мешан клуч. Светското првенство дава шест места, а преку регионалните се добиваат седум (Америка: едно, Европа: две, Азија, Африка и Океанија: едно), како и домаќинот (Бразил). Во поединечна конкуренција се примаат вкупно 65 места, по следниов клуч: 44 од гореспоменатите екипи, 7 регионално и 14 преку светското котирање.[3]

Учество

уреди

Земји-учеснички

уреди

На игрите се квалификувале 43 земји. Од нив, за првпат учествуваат Кинески Тајпеј, Доминиканската Република, Палестина, Катар и Зимбабве.[4]

Учесници

уреди

Формат на натпреварувањето

уреди

Прескокнување

уреди

Во првиот круг се јава на пет наврати, со што се одредуваат поединечните медалисти. Јавачите што ќе го заземат од 1-вото до 60-тото место преоѓаат во вториот круг. Најдобрите 45 јавачи од вториот круг 2, преоѓаат во третиот. Најдобрите 35 одат во четвртиот, но само со највеќе три јавачи по екипа (ако една земја има четири јавачи меѓу најдобрите 35, еден од нив нема да може да се натпреварува за поединечен медал).

Во четвртиот круг (поединечен финален круг А), салдото се брише и сите јавачи почнуваат со нула неуспешни скокови. Најдобрите 20 јавачи во четврдиот круг продолжуваат во петтиот поединечен финален круг Б), и јаваат друга обиколка. Неуспешните скокови од поединечните финални кругови А и Б се собираат за да се определат поединечните медалисти.

Во екипна конкуренција, медалите се одредуваат со јавање на тури. Тоа се одвива напоредно на поединечните натпревари (ја прават истата обиколка), па така екипните јавачи воедно се натпреваруваат и за поединечни медали. Првиот круг во екипна конкуренција е вториот круг за поединечни медали. Најдобрите осум екипи од првиот круг преоѓаат во вториот (што е истата обиколка како третиот круг во поединечна конкуренција). Бодовите на овие осум земји насобрани во првиот и вториот екипен круг се собираат, па според тоа се доделуваат медалите.[5]

Дресурно јавање

уреди

Екипите се сочинети од највеќе четири јавачи, кои воедно се натпреваруваат и за четири поединечни медали. Покрај ова, земјите кои не можат да состават цела екипа можат да испратат јавачи во поединечна конкуренција.

Сите јавачи се натпреваруваат за Големата награда, што служи како прв круг и за поединечната и за групата конкуренција. Најдобрите шест екипи понатаму се натпреваруваат за Посебната голема награда, за која се бара малку повеќе вештина. Бодовите насобрани во натпреварите за Големата и Посебната голема награда ги одредуваат екипните медали, при што екипата со најмногу бодови освојува злато.

Јавачите што се натпреваруваат за Големата награда (прв квалификациски круг во поединечна конкуренција) може да прејдат на Посебната голема награда (втор квалификациски круг во поединечна конкуренција) ако нивната екипа е меѓу најдобрите шест (вкупно 24 јавачи). Покрај тоа, најдобрите 8 јавачи што нема да се квалификуваат во екипа исто така можат да прејдат на Посебната во поединечна конкуренција. Најдобрите 18 од нив потоа преожаат во третиот поединечен круг, кој е во слободен стил. Тука секој јавач смислува свој испит со музика и има неколку задолжителни движења. Испитите се смислуваат земајќи ги предвид силните страни на коњот и му задаваат движења кои се потешки од досегашните (како пируета во пјаф) за да добијат повеќе бодови. Поединечните медали се доделуваат согласно бодовите освоени во слободен стил.[6]

Тробој

уреди

Натпреварите во екипна и поединечна конкуренција се одвиваат истовремено. Јавачите полагаат дресурен испит, прават круг крос и круг прескокнувања. Екипните медали се доделуваат со собирање на најдобрите три резултати од екипата на земјата, која може да има највеќе пет јавачи. Екипата со најмалку казнени бодови го освојува златниот медал. Оние со најдобрите 25 поединечни резултати по првата рунда прескокнување одат на втор круг прескокнувања како финале за медали, со највеќе 3 јавачи во поединечна обиколка по екипа. Така, оние што се натпреваруваат за поединечни медали прават еден дресурен испит, еден круг крос и два круга прескокнување.[7]

Освоени медали

уреди

Медалисти

уреди
Дисциплина Злато Сребро Бронза
поединечно дресурно јавање
подробно
екипно дресурно јавање
подробно
поединечен тробој
подробно
екипен тробој
подробно
поединечно прескокнување
подробно
екипно прескокнување
подробно


Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Qualification System: Rio 2016 – Equestrian (Dressage)“ (PDF). FEI. Архивирано од изворникот (PDF) на 2014-09-10. Посетено на 27 August 2014.
  2. „Qualification System: Rio 2016 – Equestrian (Jumping)“ (PDF). FEI. Архивирано од изворникот (PDF) на 2014-09-10. Посетено на 5 September 2014.
  3. „Qualification System: Rio 2016 – Equestrian (Eventing)“ (PDF). FEI. Архивирано од изворникот (PDF) на 2014-09-10. Посетено на 1 September 2014.
  4. „Six nations make Olympic and Paralympic débuts at Rio 2016 equestrian events“. FEI. 24 March 2016. Посетено на 26 March 2016.
  5. „Rio 2016: Equestrian Jumping“. Rio 2016. Архивирано од изворникот на 2014-08-21. Посетено на 11 September 2014.
  6. „Rio 2016: Equestrian Dressage“. Rio 2016. Архивирано од изворникот на 2014-08-21. Посетено на 11 September 2014.
  7. „Rio 2016: Equestrian Eventing“. Rio 2016. Архивирано од изворникот на 2014-09-15. Посетено на 11 September 2014.