Брезница (Костурско)

село во Костурско, Егејска Македонија

Брезница (грчки: Βατοχώρι, Ватохори; до 1927 г. Μπρέσνιτσα, Μπρενίτσα, Бресница, Бреница[2]) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Преспа на Леринскиот округ во Западна Македонија, Грција. Населението брои 24 жители (2021), сите Македонци.[3]

Брезница
Κώτας
Сретселото за време на Првата светска војна
Сретселото за време на Првата светска војна
Брезница is located in Грција
Брезница
Брезница
Местоположба во областа
Брезница во рамките на Преспа (општина)
Брезница
Местоположба на Брезница во општината Преспа и областа Западна Македонија
Координати: 40°40.23′N 21°08.93′E / 40.67050° СГШ; 21.14883° ИГД / 40.67050; 21.14883
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругЛерин
ОпштинаПреспа
Општ. единицаСмрдеш
Надм. вис.&10000000000000880000000880 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно24
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа 43 км југозападно од Лерин и 29 км северно од Костур. Лежи на северното подножје на планината Орлово во областа Корешта, на надморска височина од 880 м. Покрај самото село тече Брезничка Река.[3]

Историја

уреди

Османлиско време

уреди

Во XV век во Брезница по име се евидентирани 104 глави на домаќинства.[4] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника" се вели дека во 1873 г. Брезница (Breznitza) е село во Костурската каза со 145 домаќинства и 380 жители Македонци.[5][6] Во 1880-тите Стефан Верковиќ наведува 180 семејства.[3]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Брезница имала 620 жители Македонци.[5][7]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Брезница се води како чисто македонско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 102 куќи.[8]

Веќе на почетокот на XX век грчката пропаганда во селото прилично ослабнала, за сметка на тоа бугарската јакнела. Според грчки податоци, во 1902 г. во селото имало 60 жители под врховенството на Цариградската патријаршија и 40 жители под Бугарската егзархија, а во 1903 г. 65 од првите и 45 од вторите. По Илинденското востание, на почетокот на 1904 г. селото целосно потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија.[9] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Брезница живееле 816 Македонци[5] и 12 Власи, и работело бугарско училиште.[10] Според Георги Константинов Бистрицки Брезница пред Првата балканска војна имака 180 македонски[5] куќи.[11]

Брезница настрадала од нападите на грчките андартски чети во 1905 г.[12]

На почетокот на април 1908 г. турската власт извршила рација за претрес на селото, подложувајќи го населението на измачувања и насилство.[13]

Припојување кон Грција

уреди
 
Одликување на војници на Антантата во Брезница како примаат одликувања од генералот Адолф Гијома, 1918 г.

Со Букурешкиот договор во 1913 г. селото е припоено кон грчката држава, кога имало 761 жител.[3] Во 1927 г. грчките власти ја преименувале Брезница во Ватохорион. Пописот од 1928 г. вели дека во имало 605 жители.[3]

Втора светска и Граѓанска војна

уреди

За време на Втората светска војна во април 1941 г. Бугарите го заземаат местото, создавајќи чета на паравоената организација „Охрана“.[14] Во 1917-18 г. Боривое Милоевиќ завел 130 македонски куќи.[3]

Брезница многу настрадала во Граѓанскатата војна, па добар дел од населението се иселило во Р Македонија и источноевропските земји.[3] Покрај тоа, во 1960-тите години селото го зафатил масовен бран на иселување во прекуокеанските земји[3] и затоа денес населението е многу мало во однос на тоа пред Граѓанската војна.

Население

уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 770 75 ? 89 54 51 34 23 24
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика

уреди

Селото припаѓа на општинската единица Смрдеш со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Преспа, во округот Лерин. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Брезница, каде е единственото населено место.

Стопанство

уреди

Во селото се одгледуваат разни земјоделски култури и особено квалитетен грав.[3]

Личности

уреди
  • Андон Жајков (Αντώνιος Ζάικος) — гркомански андарстски деец, убиен или изгорен жив со синот Лазар (Λάζαρος), исто така андарт[15]
  • Иљо Кољов (1925-1948) — комунистички деец[16]
  • Јован Жајков (Γιάννης, Ιωάννης Ζάικος) — гркомански андартски деец[17] од втора класа, довереник на Германос Каравангелис и Коте Христов, син на Андон и брат на Лазар, учесник во месниот грчки комитет [15]
  • Кано Тодоров Кочовски (?-1907) — деец на ВМОРО, водел битка со турската војска во селото, па се самоубил[18][19]
  • Кољо Косовски — деец на ВМОРО, војвода на центарска чета во Илинденското востание[20]
  • Коста Костадинов (1922-1947) — комунистички деец[21]
  • Панајот Јончев (1877-?) — деец на ВМОРО
  • Петре Жогов (1921 - 1948) — комунистички деец[22]
  • Петар Попгеоргиев (Πέτρος Παπαγεωργίου) — гркомански андартски деец, член на месниот комитет[15]
  • Стерјо Николов — иселенички деец во САД
  • Цветко Панов (?-1904) — деец на ВМОРО
  • Христо Бељо (1934-1949) — комунистички деец[23]
  • Христо Попгеоргиев (Χρήστος Παπαγεωργίου — гркомански андартски деец, член на месниот комитет[15]
  • Христо Спасков (1865-1901) — револуционер на ВМОРО
  • Јане Панов — деец на ВМОРО, војвода на Брезничката чета во Илинденското востание[24]
  • Филип Шашко (р. 1936) — историчар и универзитетски професор

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπρένιτσα -- Βατοχώριον
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 3,8 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 142–143.
  4. Гандев, Христо. „Българската народност през XV век. Демографско и етнографско изследване“, Наука и Изкуство, II изд., София, 1989.
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  6. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 108-109.
  7. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 266.
  8. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 98.
  9. Христо Силянов. „Освободителните борби на Македония“, том II, София, 1993, стр. 125.
  10. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp 182-183.
  11. Бистрицки, Българско Костурско, Ксанти, 1919, стр. 6.
  12. Силянов, Христо. Освободителните борби на Македония, том II, София, 1993, стр. 211.
  13. Одрински глас, брой 15, 20 април 1908, стр. 4.
  14. Добрин Мичев. Българското национално дело в Югозападна Македония (1941 – 1944 г.)
  15. 15,0 15,1 15,2 15,3 Μάνος, Νικόλαος. Αφανείς Γηγενείς Μακεδονομάχοι (1903-1913), Ι. Σ. Κολιόπουλος (επιστ. εποπτεία), Ι. Δ. Μιχαηλίδης – Κων. Σ. Παπανικολάου (επιμ.), Θεσσαλονίκη, Ε.Μ.Σ. – University Studio Press, 2008, стр. 166.
  16. „Elizabeth Kolupacev Stewart, For Sacred National Freedom: Portraits Of Fallen Freedom Fighters, Politecon Publications, 2009“. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2016-03-13.
  17. „ΕΘΝΟΛΟΓΙΚΗ ΣΥΣΤΑΣΗ ΤΗΣ ΜΑΚΕΔΟΝΙΑΣ ΣΤΙΣ ΑΡΧΕΣ ΤΟΥ 20ού ΑΙΩΝΑ“. Архивирано од изворникот на 2010-10-23. Посетено на 2016-03-13.
  18. Македонски Алманах, Индианополис, 1940 г., стр. 47
  19. Илюстрация Илинден, година ХІІІ, февруари 1941, книга 2 (122), с. 12.
  20. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 82.
  21. „Elizabeth Kolupacev Stewart, For Sacred National Freedom: Portraits Of Fallen Freedom Fighters, Politecon Publications, 2009“. Архивирано од изворникот на 2016-11-22. Посетено на 2016-03-13.
  22. „Elizabeth Kolupacev Stewart, For Sacred National Freedom: Portraits Of Fallen Freedom Fighters, Politecon Publications, 2009“. Архивирано од изворникот на 2016-11-22. Посетено на 2016-03-13.
  23. „Elizabeth Kolupacev Stewart, For Sacred National Freedom: Portraits Of Fallen Freedom Fighters, Politecon Publications, 2009“. Архивирано од изворникот на 2016-11-22. Посетено на 2016-03-13.
  24. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001.