Оштима

село во Долна Преспа, Егејска Македонија
(Пренасочено од Ошчима)

Оштима (дијалектно: Ошчима или Осчима; грчки: Τρίγωνο, Тригоно; до 1927 г. Όστιμα, Остима[2]) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Преспа од Леринскиот округ на Западна Македонија, Грција. Населението брои 26 жители (2021)

Оштима
Τρίγωνο
Поглед на Оштима во 2008 г.
Поглед на Оштима во 2008 г.
Оштима is located in Грција
Оштима
Оштима
Местоположба во областа
Оштима во рамките на Преспа (општина)
Оштима
Местоположба на Оштима во Леринско и областа Западна Македонија
Координати: 40°44.46′N 21°12.2′E / 40.74100° СГШ; 21.2033° ИГД / 40.74100; 21.2033
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругЛерински округ
ОпштинаПреспа
Општ. единицаПреспа
Надм. вис.&100000000000010200000001.020 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно26
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија

уреди

Селото се наоѓа во областа Корешта, меѓу градовите Лерин и Костур, блиску до изворот на реката Бистрица во североисточниот дел на Егејска Македонија. Лежи на надморска височина од 1 020 м, помеѓу планините Бигла на север, Гомнуш на исток и Локма и Боданца на запад.

Историја

уреди

Се смета дека првите жители на Оштима се доселиле од другите делови на Македонија. Не се знае колку точно е старо селото, но првите сознанија за најстарите семејства се од XVIII век. До почетокот на XIX век во селото имало 36 семејства (околу 200 жители).

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Оштима се води како чисто македонско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 70 куќи.[3]

Предание

уреди

Според едно предание, на Велигден селото Оштима било нападнато од разбојничка банда која го опколила селото, го запалила и оставила многу мртви зад себе. Преживеаните селани се сокриле под една карпа во поблиската шума. Тие останале цел ден под карпата и се молеле за своите животи, што според легендата им дало нова храброст и сила да продолжат да живеат во селото. И така карпата станал симбол на храброста на оштимјаните.

Според друго предание селото повторно било нападнато од разбојничка банда и кога бандата се враќала од опустошеното село сретнала друга банда на патот и ја посоветувала да го ограби селото со зборвоите „ошче има“, па така богатото село станало познато како Ошчима или Осчима.

Културни и природни знаменитости

уреди
Цркви

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Όστιμα -- Τρίγωνον
  3. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 97.

Надворешни врски

уреди