Радигоже

село во Костурско, Егејска Македонија

Радигоже или Чифлик (грчки: Αγία Άννα, Агија Ана; до 1928 г. Ραδιγκόσδι, Радигосди[2]) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Нестрам на Костурскиот округ во Западна Македонија, Грција. Населението брои 59 жители (2011) и до денес е целосно населено со Македонци.[3]

Радигоже
Αγία Άννα
Радигоже is located in Грција
Радигоже
Радигоже
Местоположба во областа
Радигоже во рамките на Нестрам (општина)
Радигоже
Местоположба на Радигоже во општината Нестрам и областа Западна Македонија
Координати: 40°26′N 21°5′E / 40.433° СГШ; 21.083° ИГД / 40.433; 21.083Координати: 40°26′N 21°5′E / 40.433° СГШ; 21.083° ИГД / 40.433; 21.083
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКостур
ОпштинаНестрам
Општ. единицаНестрам
Надм. вис.&10000000000000840000000840 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно59
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба Уреди

Селото се наоѓа во областа Нестрамкол, на 18 км југозападно од градот Костур, на еден км североисточно од селото Нестрам, на надморска височина од 840 м.[3] Селото е сместено на левиот брег на Стенска Река, на која е расположен Радигошки Водопад.

Историја Уреди

Во Отоманското Царство Уреди

Во османлиски дефтер од XV век во Радогожд по име се заведени 54 глави на семејствата.[4] Во даночните записници од средината на XV век Радогожде е споменато со 13 глави на семејства и една вдовица: Никола, Јано, Стајо, Мано, Тодор, Јорг, Стајко, Андрија, Јорг, Никифор, Михо, Стајко, Димо и Мара. Вкупниот приход за државата од селото изнесувал 976 акчиња.[5]

Во XIX век Радигоже било македонско чифлигарско село во Костурската каза на Горичкиот Санџак. Поради тоа што селото било чифлик на турски бег, било познато под името Чифлик или Голем Чифлик.[3]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Радигоже имало 85 жители, сите Македонци.[6][7]

По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Радигоже имало 144 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.[8][7] Според грчки извори, во 1905 г. во Радигоже имало 150 жители „Грци“.[9]

Според Георги Константинов Бистрицки селото пред Балканската војна имало 15 македонски семејства.[10][7]

Во Грција Уреди

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 137 жители. Нивниот број во 1920 г. се намалил на 111.[3]

Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) во 1921 г. напишал дека во Радогош имало 15 куќи на словени (Македонци) христијани.[3]

Во 1926 година, името на селото било променето во Агија Ана (Αγία Άννα).

Селото настрадало во текот на Грчката граѓанска војна и голем број на жители заминале во Македонија или во социјалистичките земји од Источна Европа.[3]

Стопанство Уреди

Селото е сиромашно. Населението произведува ограничено количество жито, ореви и друго.[3]

Население Уреди

Денес населението на Радигоже останува целосно македонско.[3] Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 152 46 112 83 60 55 70 59
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика Уреди

Селото припаѓа на општинската единица Нестрам со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Нестрам, во округот Костур. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Нестрам, во кој влегуваат и селата Нестрам, Јановени, Слимница, Пилкати, Омотско, Стенско и Тухол.

Културни и природни знаменитости Уреди

Цркви
Природни

Личности Уреди

Родени во Радигоже

Наводи Уреди

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. „Πανδέκτης: Radigkosdi -- Agia Anna“. pandektis.ekt.gr. Посетено на 2023-08-25.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 38.
  4. „Хр. Гандев - Българската народност.. - Поселения“. www.promacedonia.org. Посетено на 2023-08-10.
  5. Опширни пописни дефтери од XV век, том II, Архив на Македонија, Скопје 1973, стр. 100
  6. „Makedonija. Etnografija i statistika - 2.43“. macedonia.kroraina.com. Посетено на 2023-08-10.
  7. 7,0 7,1 7,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  8. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.182-183.
  9. „Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Agia Anna“. Архивирано од изворникот на 2007-07-26.
  10. Бистрицки, Българско Костурско, Ксанти, 1919, стр. 8.
  11. „08 – Αρχιερατική Περιφέρεια Λαχανόκηπων – Ιερά Μητρόπολη Καστοριάς“ (грчки). Посетено на 2023-08-25.
  12. 12,0 12,1 Бербенлиев, Пейо и Владимир Патръчев (1963). Брациговските майстори-строители през XVIII-XIX век и тяхното архитектурно творчество. София: Държавно издателство „Техника“. стр. 12–27. Посетено на 26 август 2023.