Поздивишта
Поздивишта | |
Област | Околија Костур |
Поздивишта (дијалектно Поздивишча; грчки: Χάλαρα, Халара; до 1927 г. Ποσδιβίτσι, Посдивици[1] или Ποδοβίστα, Подовиста[2]) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Костур од истоимениот округ на Западна Македонија, Грција.
Географија и местоположбаУреди
Селото е сместено во подножјето на В’ро, која е разгранок на Вич. Селото е подигнато по доаѓање на Турците, од сточари од Преспа. Во почетокот било сместено во планинскиот венец Винов Танец во месноста Рушов и Кокошинова Лапка, а подоцна во месноста Селиште. Во селото имало голема мигарација во прекуморските земји и во Бугарија. Селото настадало во Граѓанската војна со што 62 семејства пребегнале во Македонија. До 1961 се иселиле 30 семејства во прекуморските земји. Селото одгледува жито, грав, јаболки и друго. Слава на селото е христијанскиот празник Св. Атанас - летен.
- 1913 - 968 жители
- 1920 - 710
- 1928 - 676
- 1940 - 738
- 1951 - 450
- 1961 - 229
- 1971 - 184
- 2001 - 57
Културни и природни знаменитостиУреди
ПоврзаноУреди
НаводиУреди
- ↑ „Δημήτρης Λιθοξόου. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 2012-06-30. Посетено на 2012-06-30.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Ποδοβίστα - Χάλαρα