Осничани

село во Костурско, Егејска Македонија

Осничани или Осничени (или Сничени, Сничани, Сничано; грчки: Καστανόφυτο, Кастанофито; до 1927 г. Οσνίτσανη, Осницани[2]) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Рупишта од Костурскиот округ на Западна Македонија, Грција. Селото отсекогаш било македонско и останало такво до денес.[3]

Осничани
Καστανόφυτο
Улица во Осничани, 2011 г.
Улица во Осничани, 2011 г.
Осничани is located in Грција
Осничани
Осничани
Местоположба во областа
Осничани во рамките на Рупишта (општина)
Осничани
Местоположба на Осничани во Костурскиот округ и областа Западна Македонија
Координати: 40°21.44′N 21°9.23′E / 40.35733° СГШ; 21.15383° ИГД / 40.35733; 21.15383
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКостурски
ОпштинаРупишта
Општ. единицаРупишта
Надм. вис.&10000000000000900000000900 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно12
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија

уреди

Селото се наоѓа во областа Костенарија, на 37 км југозападно од градот Костур и на 27 км југозападно од Рупишта. Сместено е на планината Одре на надморска висина од 900 м.[4]

Историја

уреди

Во Отоманското Царство

уреди

На крајот од XIX век Осничани било чисто македонско село. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Осничани имало 840 жители Македонци.[5][6] На Картата на Битолскиот Вилает од 1901 г. Осничани е заведено како село со 120 куќи.[7] Не е познато дали овој број е преувеличен.

На почетокот на XX век целото население на Осничани било под врховенството на Цариградската патријаршија, но по Илинденското востание на почетокот на 1904 г. прешло под врховенството на Бугарската егзархија.[8] Истата година турските власти не им дозволиле на учителите Зисо Сапунџиев од Осничани и Анастасија Талева од Битола да отворат народно училиште во селото.[9] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Осничани имало 960 Македонци, сите под егзархијата.[5][10]

Според Георги Константинов Бистрицки, Осничани пред Балканските војни имало 60 македонски куќи,[5][11] а според Георги Христов покрај македонските имало и една влашка.[12]

 
Црквата „Успение на пресв. Богородица“, XIX век

Селото било упориште на комитите во Костенаријата и на многу наврати е напаѓано од грчки андартски чети. Според зборовите на Христо Силјанов:

Имињата на селата Старичени, Езерец и Осничени станаа симболи на хероизам и мачеништво.[13]

Во февруари 1905 г. една андартска чета ги убила осничанскиот поп и браќата Христо и Иван Димитрови. На 25 август 1905 г. селото е нападнато од 250 андарти, меѓу кои имало турски и албански разбојници. Селската милиција, која имала само 8 пушки, дала двочасовен отпор, по што се повлекла, оставајќи неколку убиени, меѓу кои бил свештеникот Симо Зисов. Андартите делумно го запалиле селото, се подбивале со мртовците, па изгореле 17 куќи и се повлекле дури откако на помош на осничанци дошле селските милиции од соседните Мангила, Марчишта и Долени.[14] Турскиот јавен обвинител кој го разгледувал случајот подоцна им порачал на осничанци дека „грчките чети ќе ги научат на памет“, а офицерот што го придружувал додал „Кој ви е крив, станете Грци ако сакате да бидете раат“.[15]

На 7 мај 1906 г. голема андартска чета го нападнала Осничани од Жиковишкиот манастир. Во селото присуствувале двајца членови на реонската чета на ВМОРО, Нумо Кировски и Кољо Бараков, кои командувале со одбраната на селската милиција. во неколкучасовната борба убиени се командантите на андартската чета, поручникот Андонис Влахакис и потпоручникот Леонидас Петропулакис. По пристигањето на војска од Жужелци, Рупишта и Костур андартите се повлекле. Според Христо Силјанов Грците имале 28 загинати и 5 заробени. На 20 јуни андартите се одмаздиле за поразот кога вон селото фатиле и убиле пет осничанци.[16] Според грчки податоци, андартските загуби биле 15 загинати и 11 ранети.[17]

Во мај 1907 г. девет куќи во селото биле изгорени од андарти.[18]

Во 1909 г. во Осничани имало 45 македонски куќи под егзархијата и 5 прогрчки куќи кои ги држеле црквите и училиштето.[19]

Според Георгиос Панајотидис, учител во Цотилската гимназија во 1910 г. во Осничани (Οσνίτσανη) порано имало околу 60 семејства, кои сега се намалиле на 50 како последица од нападите на грчките чети и турската војска врз комитите, кои пак го претвориле селото во свое упориште поради поволната местоположба.[20] Според него, половината оделе во грчка црква и училиште, а половина оделе во македонско училиште сместено во изнајмена куќа.[21]

За време на Првата балканска војна 14 лица од Осничани се приклучиле во Македонско-одринскиот доброволечки полк.[22]

Во Грција

уреди

За време на војната селото е окупирано од грчка војска и по Втората балканска војна во 1913 г. влегло во состав на Грција. Н. Манов и Н. Попзисов од Осничани се уапсени од грчките власти под обвинение дека вршат „пробугарска агитација“.[23] На пописот од 1913 г. селото се води со 454 жители, а во 1920 г. забележани се 353 лица.[3]

Во меѓувоениот период имало големо иселување во Бугарија и прекуонеанските земји.[3] Од 1914 до 1919 г. 43 жители на Осничани, а по 1919 г. уште 42 се иселиле во Бугарија по официјален пат.[24]

Во 1927 г. селото е преименувано во Кастанофито. Мажите традиционално оделе на печалба — така, на пример, во 1928 г. регистрирани се само 98 мажи наспроти 151 жена. Се произведувале жито, костени и овошје, а жителите делумно се занимавале и со сточарство.[3]

Селото силно настрадало во Граѓанската војна (1946 – 1949) кога многу жители се иселиле во источноевропските земји.[3]

Во 1994 г. во селото е отворен етнографски музеј.[25]

Месности во Осничани преименувани со службен указ на 5 мај 1969 г.
Име Грчки Ново име Грчки Опис
Марчишка Река[26] Μαρτσίστας Рема Македономахо Ρέμα Μακεδονομάχω[27] река на планината Одре, десна притока на Галешово[26]

Население

уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 349 106 132 72 76 52 51 25 12
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Културни и природни знаменитости

уреди

Галериja

уреди

Личности

уреди
 
Никола Д. Главинов
 
Јанко Василев – Чука
Револуционерни дејци
  • Георги Гичев — револуционер, деец на ВМОРО, кој во 1902 г. ја донел четата на Васил Чакаларов во Осничани и ги удрил темелина на револуционерната работа во Костенаријата, долгогодишен претседател на костенарскиот реонски револуционерен комитет[28]
  • Тана Кировска (1862 – 1932) — револуционерка на ВМОРО
  • Наум Костов (1879 – 1943) — револуционер на ВМОРО
  • Наум Трпов — револуционер на ВМОРО, четник на Петар Христов - Германчето[29]
  • Никола Д. Главинов — револуционер, деец на ВМОРО, учесник во Илинденското востание со четата на Христо Чернопеев, подоцна четник на Андреј Казепов[30]
  • Никола Кировски — револуционер на ВМОРО, четник на Петар Христов - Германчето[29]
  • Јане Попзисов — деец на ВМОРО, војвода на четатата од Осничани во 1905 г.[31]
  • Јанко Василев – Чука (1871 – по 1943) — револуционер на ВМОРО, четник на Андреј Казепов,[32] ранет на 15 мај 1904 г. во борбата кај Сенокос на Рила
  • Илија Ставропулос (1911 – 1948) — комунистички деец[33]
Андарти
  • Андон Зиев (Αντώνιος Σίας) — андартски деец, агент от ІІІ ред, член на рупишкиот грчки комитет и одговорен за тајната пошта меѓу четите[34]
  • Васил Карџев (Βασίλειος Κάρτζος) — андартски деец, агент од ІІІ ред[34]
  • Иван Попзисов (Ιωάννης Παπαζήσης) — андартски деец, агент од ІІІ ред[34]
Други
Борци во Македонско-одринските доброволни чети
  • Ангел Петров (1885 – ?) — II чета на X Прилепска дружина[36]
  • Апостол Николов (1895 – ?) — III чета на XI Серска дружина[37]
  • Атанас Георгиев (1890 – ?) — I чета на VII Кумановска дружина, ранет на 6 јули 1913 г.[38]
  • Атанас Д. Чуков (1885 – ?) — студент, хемичар, штаб на IV Битолска дружина, носител на крстот „За храброст“ IV степен[39]
  • Атанас Христев (Христов, 1877 – ?) — III чета на X Прилепска дружина, носител на орден „За храброст“ IV степен[40]
  • Васил Атанасов (1876 – ?) — III чета на XI Серска дружина[41]
  • Евтим Атанасов Мишајков (1877 – ?) — II чета на VII Кумановска дружина[42]
  • Јордан Мишајков (1887 – 1913) — I и II чета на VI Охридска дружина, Зборна партизанска чета на МОО, носител на орден „За храброст“ IV степен, загинат кај селото Ајтос во Втората балканска војна на 5 јули 1913 г.[42]
  • Михал Христов (Христев, 1889 – ?) — IV чета на X Прилепска дружина, ранет на 17 јуни 1913 г.[43]
  • Никола Василев (1885 – 1913) — III чета на X Прилепска дружина, починал од колера на 11 февруари 1913 г.[44]
  • Никола Киров (1868 – ?) — Нестројна чета на X Прилепска дружина[45]
  • Никола Попкостадинов (1892 – ?) — II чета на X Прилепска дружина[46]
  • Тома Д. Ничев (1874 – ?) — II чета на X Прилепска дружина[47]
  • Тома Жеков (1874 – ?) — II чета на X Прилепска дружина[48]

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Занемарен непознатиот параметар |access= (се препорачува |access-date=) (help); Недостасува права црта во: |access= (help)
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 42–43. ISBN 9989-9819-6-5.
  4. Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 43. ISBN 9989-9819-6-5.
  5. 5,0 5,1 5,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  6. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 268. ISBN 954430424X.
  7. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 99.
  8. Силяновъ, Христо (1943). Освободителнитѣ борби на Македония (PDF). II. Следъ Илинденското възстание. София: Издание на Илинденската Организация. стр. 125.
  9. Райчевски, Стоян. 1904 – 1906 Гоненията на българите в Македония и Одринско. София, 2011, стр. 34 – 36.
  10. Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 180–181.
  11. Бистрицки (1919). Българско Костурско (PDF). Ксанти: Издава Костурското Благотворително Братство „Надежда“ в гр. Ксанти. Печатница и книжарница „Родопи“. стр. 9.
  12. Марков, Георги Христов (2002). Хрупищко (PDF). Хасково: Държавен архив - Хасково, Интерфейс. стр. 199. ISBN 954-90993-1-8.
  13. Силяновъ, Христо (1943). Освободителнитѣ борби на Македония (PDF). II. Следъ Илинденското възстание. София: Издание на Илинденската Организация. стр. 196.
  14. Силяновъ, Христо (1943). Освободителнитѣ борби на Македония (PDF). II. Следъ Илинденското възстание. София: Издание на Илинденската Организация. стр. 210.
  15. Даскалов, Георги. Българите в Егейска Македония, МНИ, София, 1996, стр. 64.
  16. Силяновъ, Христо (1943). Освободителнитѣ борби на Македония (PDF). II. Следъ Илинденското възстание. София: Издание на Илинденската Организация. стр. 221.
  17. Douglas Dakin, Ο Ελληνικός Αγώνας στη Μακεδονία, εκδ. οίκος αδελφών Κυριακίδη, 1996, Архивирано од изворникот на 2016-03-06, Посетено на 2008-04-04
  18. Георгиев, Величко и Стайко Трифонов, Гръцката и сръбска пропаганди в Македония. Нови документи, София 1995, с. 141.
  19. Телеграма од Иларион од Костур
  20. Παναγιωτίδης, Γιώργος Π. Σ (1911). „Τα Καστανοχώρια“. Μακεδονικόν Ημερολόγιον (грчки). εν Αθήναις: Τύποις «Αυγής Αθηνών», Θ. Ν. Αποστολοπούλου. Δʹ: 136. Архивирано од изворникот на 2020-10-25. Занемарен непознатиот параметар |lang-hide= (help)
  21. Παναγιωτίδης, Γιώργος Π. Σ (1911). „Τα Καστανοχώρια“. Μακεδονικόν Ημερολόγιον (грчки). εν Αθήναις: Τύποις «Αυγής Αθηνών», Θ. Ν. Αποστολοπούλου. Δʹ: 137. Архивирано од изворникот на 2020-10-25. Занемарен непознатиот параметар |lang-hide= (help)
  22. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 868. ISBN 954-9800-52-0.
  23. Генов, Георги (2007). Беломорска Македония : 1908 - 1916 (PDF). Toronto, New York: Благотворително издание на бежанците от Вардарска и Егейска Македония, емигранти в САЩ и Канада, Veritas et Pneuma Publishers Ltd., Multi-lingual Publishing House. стр. 183. ISBN 978-954-679-146-4 Проверете ја вредноста |isbn=: checksum (help).
  24. Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Kastanofito Архивирано на 26 јули 2007 г..
  25. „Folklore Museum, Kastanofyto“. The Museums of Macedonia. Архивирано од изворникот на 8 август 2014. Посетено на 21 октомври 2016.
  26. 26,0 26,1 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
  27. „Διατάγματα. Β. Διάταγμα ΥΠ' Αριθ. 266. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF). Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος. Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 79): 712. 1969. Занемарен непознатиот параметар |month= (help)
  28. Николов, Борис Й (2001). Вътрешна македоно-одринска революционна организация: Войводи и ръководители (1893-1934): Биографично-библиографски справочник. София: Издателство „Звезди“. стр. 34. ISBN 954-9514-28-5.
  29. 29,0 29,1 „Дневник на четите, изпратени в Македония от пункт Кюстендил. 1903-1908“, ДА - Враца, ф. 617к, оп.1, а.е.1, л.39
  30. „Никола Д. Главиновъ“ (PDF). „Илюстрация Илиндень“. София. VI (5 - 6 (55 - 56): 11. 1934. Занемарен непознатиот параметар |month= (help)
  31. Николов, Борис Й (2001). Вътрешна македоно-одринска революционна организация: Войводи и ръководители (1893-1934): Биографично-библиографски справочник. София: Издателство „Звезди“. стр. 134. ISBN 954-9514-28-5.
  32. Николов, Борис Й (1999). ВМОРО : псевдоними и шифри 1893-1934. София: Издателство „Звезди“. стр. 105. ISBN 954-9514-17 Проверете ја вредноста |isbn=: length (help).
  33. „Elizabeth Kolupacev Stewart, For Sacred National Freedom: Portraits Of Fallen Freedom Fighters, Politecon Publications, 2009“. Архивирано од изворникот на 21 март 2012. Посетено на 30 октомври 2011.
  34. 34,0 34,1 34,2 Μιχαηλίδης, Ιάκωβος Δ., Κωνσταντίνος Σ. Παπανικολάου (2008). Αφανείς γηγενείς μακεδονομάχοι (1903-1913) (PDF). Θεσσαλονίκη: University Studio Press. стр. 78. ISBN 978-960-12-1724-6.
  35. Македонцитѣ въ културно-политическия животъ на България: Анкета отъ Изпълнителния комитетъ на Македонскитѣ братства (PDF). София: Книгоиздателство Ал. Паскалевъ и С-ие, Държавна печатница. 1918. стр. 54.
  36. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 554. ISBN 954-9800-52-0.
  37. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 496. ISBN 954-9800-52-0.
  38. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 148. ISBN 954-9800-52-0.
  39. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 801. ISBN 954-9800-52-0.
  40. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 757. ISBN 954-9800-52-0.
  41. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 60. ISBN 954-9800-52-0.
  42. 42,0 42,1 Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 466. ISBN 954-9800-52-0.
  43. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 773. ISBN 954-9800-52-0.
  44. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 113. ISBN 954-9800-52-0.
  45. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 347. ISBN 954-9800-52-0.
  46. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 578. ISBN 954-9800-52-0.
  47. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 518. ISBN 954-9800-52-0.
  48. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 259. ISBN 954-9800-52-0.

Надворешни врски

уреди