Стенско (грчки: Στενά, Стена; до 1926 година Στένσκο, Стенско[2]) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Нестрам на Костурскиот округ во Западна Македонија, Грција. Населението брои 3 жители (2021).

Стенско
Στενά
Стенско is located in Грција
Стенско
Стенско
Местоположба во областа
Стенско во рамките на Нестрам (општина)
Стенско
Местоположба на Стенско во општината Нестрам и областа Западна Македонија
Координати: 40°26′N 21°3′E / 40.433° СГШ; 21.050° ИГД / 40.433; 21.050
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКостур
ОпштинаНестрам
Општ. единицаНестрам
Надм. вис.&10000000000000970000000970 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно3
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа во областа Нестрамкол, на 25 км југозападно од градот Костур, на источното подножје на планината Гал’мбица по која оди границата со Албанија, на надморска височина од 970 м.[3]

Историја

уреди

Во Отоманското Царство

уреди

Во османлиски дефтер од XV век во Стипенче по име се заведени 115 глави на семејствата.[4] Во даночните записници од средината на XV век Стенче е споменато со 22 глави на семејства и три вдовици: Татуш, Никола, Гон, Гон, Пал, Рајос, Гин, Лазор, Толе, Папа Герг, Минкул, Мартин, Гон, Андрија, Михо, Јанос, Нико, Герго, Никола, Рајко, Лубне, Димо, Стана, Мара и Дела. Вкупниот приход за државата од селото изнесувал 1.260 акчиња.[5]

Според легендите, селото не е многу старо. Било основано од жителите на селото Моноковач, кое се наоѓало 1 км подалеку од денешното село.[3]

Во 1791 г. дел од населението на Стенско заедно со жители од селата Слимница, Омотско и Орешец се преселиле во Брацигово (денешна Пазарџичка област, Бугарија). Од Стенско потекнуваат брациговските родови Чулковци и Рашајковци.[6]

Во XIX век Стенско било македонско село во Костурската каза на Горичкиот Санџак.

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Стенско имало 126 жители, сите Македонци.[7][8]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Стенско се води како чисто македонско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 18 куќи.[9]

По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Стенско имало 144 Македонци под патријаршијата и во селото работело грчко училиште.[8][10] Според грчки извори, во 1905 г. во Стенско имало 200 жители „Грци“.[11]

Според Георги Константинов Бистрицки селото пред Балканската војна имало 7 македонски семејства.[8][12]

Во Грција

уреди

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 145 жители. Нивниот број во 1920 г. се намалил на 130.[3]

Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) во 1921 г. напишал дека во Стенско имало 16 куќи на словени (Македонци) христијани.[3]

Во 1926 година, името на селото било променето во Стена (Στενά).

Селото настрадало во текот на Грчката граѓанска војна и голем број на жители на селото биле принудени да ги напуштат своите домови, и тие главно заминале во Македонија или во социјалистичките земји од Источна Европа. 65 деца од селото биле протерани како деца бегалци.[11]

Стопанство

уреди

Главно занимавање на населението било ѕидарството, а во помала мера било застапено и земјоделството.[3]

Население

уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 204 25 45 21 4 2 3 1 3
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика

уреди

Селото припаѓа на општинската единица Нестрам со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Нестрам, во округот Костур. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Нестрам, во кој влегуваат и селата Нестрам, Јановени, Омотско, Пилкати, Радигоже, Слимница и Тухол.

Личности

уреди

Родени во Стенско

  • Ѓорѓи Ганзовски (1924 - 1986) — македонски економист
  • Рашајко (1751 - ?) — мајстор-градител, преселен во Брацигово во 1791 г., учествувал во реконструкцијата на Рилскиот манастир во 1816 - 1819 г.

Починати во Стенско

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. „Πανδέκτης: Stentskon -- Stena“. pandektis.ekt.gr. Посетено на 2023-08-10.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 44.
  4. „Хр. Гандев - Българската народност.. - Поселения“. www.promacedonia.org. Посетено на 2023-08-10.
  5. Опширни пописни дефтери од XV век, том II, Архив на Македонија, Скопје 1973, стр. 97
  6. „Литературен свят » История брой 75 юли 2015 » ПРАДЕДИТЕ НИ“ (бугарски). Посетено на 2023-08-10.
  7. „Makedonija. Etnografija i statistika - 2.43“. macedonia.kroraina.com. Посетено на 2023-08-10.
  8. 8,0 8,1 8,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  9. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 99.
  10. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.182-183.
  11. 11,0 11,1 „Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Stena“. Архивирано од изворникот на 2007-07-26.
  12. Бистрицки, Българско Костурско, Ксанти, 1919, стр. 8.