Добролишта

село во Костурско, Егејска Македонија, Грција

Добролишта (дијалектно: Добролишча; грчки: Καλοχώρι, Калохори; до 1926 г. Δοβρόλιστα, Довролиста[2]) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Костур од истоимениот округ на Западна Македонија, Грција.

Добролишта
Καλοχώρι
Добролишта is located in Грција
Добролишта
Добролишта
Местоположба во областа
Добролишта во рамките на Костур (општина)
Добролишта
Местоположба на Добролишта во Костурско и областа Западна Македонија
Координати: 40°28′N 21°7′E / 40.467° СГШ; 21.117° ИГД / 40.467; 21.117
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКостурски округ
ОпштинаКостур
Општ. единицаЧетирок
Надм. вис.&10000000000000681000000681 м
Население (2001)[1]
 • Вкупно458
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа на 17 километри југозападно од градот Костур и Костурското Езеро. По Грчката граѓанска војна кон територијата на селото е присоединета напуштената населба Чрчишта. Селото се наоѓа на надморска височина од 681 метри.

Историја

уреди

Во XV век во Добролишта биле евидентирани 140 глави на домаќинства[3] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Добролишта имало 270 жители Македонци и 160 муслимани[4][5]

Во почетокот на XX век целото население на Добролишта било под влијание на Цариградската патријаршија, но по Илинденското востание во почетокот на 1904 година поминало под влијание на Бугарската егзархија.[6]. Истата година турските власти не дозволиле да се отвори егзархиско училиште во селото[7]. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 328 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија и 32 Власи[4][8].

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Добромишта се води како мешано македонско-турско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 70 куќи.[9]

Според грчката статистика од 1905 година селото било чисто грчко со 500 жители[10]. Во 1905 година селото настрадало од грчки андартски напади на чело со Николаос Платанијас.[11]. Во октомври 1906 година отоманските сили во селото го убиле војводата Никола Добролитски и двајца негови четници[12]. Според Георги Константинов Бистрицки селото пред Балканските војни имало 30 турски и 50 македонски семејства[13], додека според Георги Христов имало и едно влашко семејство.

Во текот на Втората балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски[14]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 468 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 434 жители. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото. Во 1927 година, селото било преименувано во Калохорион.[15]

Во текот на Втората светска војна, селото било окупирано од страна на италијанските окупатори[16], по кое било предадено на бугарските сили. Селото настрадало во текот на Грчката граѓанска војна и голем број на жители на селото биле принудени да ги напуштат своите домови, и тие главно заминале во Македонија или во социјалистичките земји од Источна Европа. Голем дел од населението било малтретирано[17]. 13 деца од селото биле протерани како деца бегалци, додека имало и 13 политички убиства.[10].

Демографија

уреди

Во 1928 година селото броело 455 жители.[18], додека во 1940 година селото броело 634 жители.

Селото во пописот од 1951 година броело 585 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 520 жители, во 1971 година имало 458 жители, во 1981 година имало 475 жители, додека во 1991 година имало 459 жители[19]. Денеска, населението на селото е 458 жители според пописот од 2001 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 634 585 520 458 475 459 458 398
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Личности

уреди
Родени во Добролишта
Починати во Добролишта
Други

Наводи

уреди
  1. Фактичка состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Δοβρόλιτσα - Καλοχώρι
  3. Гандев, Христо. Българската народност през XV век. Демографско и етнографско изследване, Наука и изкуство, II изд., София, 1989.
  4. 4,0 4,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  5. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 266.
  6. Силянов, Христо. Освободителните борби на Македония, том I, София, 1993, стр. 125.
  7. Райчевски, Стоян. 1904 – 1906 Гоненията на българите в Македония и Одринско. София, 2011, стр. 34 – 36.
  8. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 182-183.
  9. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 100.
  10. 10,0 10,1 „Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Kalohori“. Архивирано од изворникот на 2007-07-26. Посетено на 2016-03-18.
  11. Силянов, Христо. Освободителните борби на Македония, том II, София, 1993, стр. 220.
  12. Марков, Георги Христов. Хрупищко, Хасково, 2002, стр. 170.
  13. Бистрицки, Българско Костурско, Ксанти, 1919, стр. 8.
  14. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 11.
  15. „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  16. Мичев, Добрин. Българското национално дело в Югозападна Македония (1941 – 1944 г.)
  17. Пејов, Наум. Македонците во Граѓанскага војна во Грција, Скопје 1968, с. 125.
  18. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  19. „Folketeljing 2011, revidert“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-24. Посетено на 2016-03-18.
  20. „Elizabeth Kolupacev Stewart, For Sacred National Freedom: Portraits Of Fallen Freedom Fighters, Politecon Publications, 2009“. Архивирано од изворникот на 2016-11-22. Посетено на 2016-03-18.
  21. Koliopoulos Plundered Loyalties, 1999, стр. 52, 151-152, 226-227
  22. 22,0 22,1 22,2 Koliopoulos Plundered Loyalties, 1999, стр. 150-151
  23. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 702.
  24. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 716.
  25. Марков, Георги Христов. Хрупищко, Хасково, 2002, стр. 155.
  26. „Elizabeth Kolupacev Stewart, For Sacred National Freedom: Portraits Of Fallen Freedom Fighters, Politecon Publications, 2009“. Архивирано од изворникот на 2016-11-22. Посетено на 2016-03-18.
  27. „Elizabeth Kolupacev Stewart, For Sacred National Freedom: Portraits Of Fallen Freedom Fighters, Politecon Publications, 2009“. Архивирано од изворникот на 2016-11-22. Посетено на 2016-03-18.