Елена Драгаш
Елена Кантакузина (грчки: Ἑλένη Δραγάση, 1372 - 1450) била византиска царица, сопруга на византискиот цар Мануил II Палеолог[1] и мајка на последните двајца византиски цареви Јован VIII Палеолог и Константин XI Драгаш.[2]
Елена Драгаш | |
---|---|
Византискиот цар Мануил II Палеолог, царицата Елена и тројца нивни синови - Јован VIII и деспотите Теодор и Андроник. | |
Сопружник | Мануил II Палеолог |
Деца | Јован VIII Палеолог Теодор II Палеолог Андроник Палеолог Константин XI Палеолог Димитриј Палеолог Андреј Палеолог |
Династија | Дејановиќ |
Татко | Константин Драгаш |
Мајка | Првата жена на Константин |
Потекло
уредиЕлена Драгаш била ќерка на Константин Драгаш (помладиот син на деспотот Дејан),[1][2] владетел на Велбужд, од неговата прва сопруга.
Царица
уредиНа 10 февруари 1392 Елена Драгаш се омажила за византискиот цар Мануел II Палеолог.[1][2]
Мануел II Палеолог починал на 21 јули 1425 година, а Елена Драгаш го надживеала со 25 години. Таа влегла во манастир со монашкото Хипомона.
Елена Драгаш починала како монахиња Ипомона,[1] на 23 мај 1450 година во Цариград.
Деца
уредиДвајцата имале неколку деца:
- Непозната ќерка
- Константин Палеолог, починал млад
- Јован VIII Палеолог (1392-1448), византиски цар (1425-1448)
- Андроник Палеолог (? -1429), деспот, гувернер на Солун (1408-1423)
- Втора непозната ќерка
- Теодор II Палеолог (? -1448), Деспот на Мореја
- Михаил Палеолог
- Константин XI Драгаш (1405-1453), последниот византиски цар (1448-1453)
- Димитриј Палеолог (1407-1470), деспот на Мореја
- Тома Палеолог (1409-1465), деспот на Мореја
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 Ристовски, Блаже (2009). Македонска енциклопедија. Скопје: МАНУ. стр. 486. ISBN 978-608-203-023-4. OCLC 499142958.CS1-одржување: датум и година (link)
- ↑ 2,0 2,1 2,2 д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 164. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува
|author1=
(help)
Литература
уреди- Владимир Мошин, Крст царице Јелене, кђери кнеза Драгаша, „Уметнички преглед”, 5, 1938;
- Д. Анастасијевиђ, Једина византијска царица Српкиња, „Братство”, 30, 1939;