Константин Дејанов
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Константин Драгаш — крупен феудалец од 14 век и деспот на Велбужд (Ќустендил). Во неговата држава влегувале и големи територии од источна Македонија. Владеел од пропаѓањето на српското царство, до смртта која го затекнала во Битката кај Ровине во која се борел како турски вазал (1378-1395). Татко му Дејан бил угеден велмож во српскиот двор.
Константин Дејановиќ | |
---|---|
господин | |
Константин Дејановиќ, Кера-Тамара, Керица, Десислава | |
Претходник | Јован Драгаш |
Роден(а) | пред 1355 |
Починал(а) | 17 мај 1395 Ровине, Романија |
Сопружник(ци) | Непознато Евдокија од Требзонд |
Деца | |
Татко | Дејан |
Мајка | Теодора Немањиќ |
Вера | Православие |
Живот
уредиСевастократорот Дејан управувал со кумановскиот регион за време на владеењето на царот Душан Силни. Мајката на Константин, Теодора Немањиќ била полусестра со царот. Во 1365 година постариот брат Јован Драгаш, ги управувал градовите Штип и Струмица. Јован бил назначен за деспот од страна на Стефан V Урош, како и Душан истото што го сторил со неговиот татко. Отоманските извори известуваат дека во 1373 година, го принудиле Јован од "горниот тек на реката Струма" да ја признае врховната власт на султанот. Константин му помагал на Јован во воспоставување контрола врз областите од деспотството. Кога Јован починал (1378/79)тој го наследил престолот. Ковал пари, како и неговиот брат претходно. Фамилијата Драгаш била позната по донирање на пари на манастирите кои се наоѓале на нивни поседи, и на Света Гора.[1] На 10 февруари 1392, неговата ќерка Елена се омажи со Мануел II Палеолог, а следниот ден, тие беа крунисани за цар и царица од цариградскиот патријарх. Иако после Битката кај Марица, браќата Дејанови биле приморани да им плаќаат данок на туците Османлии, тие одржувале контакти со соседните христијански владетели, вклучувајќи ја Византија. Во 1395 година, заедно со неговиот сојузник Крале Марко, Константин Драгаш бил убиен борејќи се за својот господар, османлискиот султан Бајазит I, против влашкиот војвода Мирча кај Ровине, во близина на Крајова. Османлиите го именуваа главниот град на деспотството како Ќустендил, според името на дотогашниот владетел.
Семејство
уредиКонстантин Драгаш бил двапати женет. Името на првата жена е непознато, но можно да е Тамара, ќерката на бугарскиот цар Јован Александар, која се омажила за "некој" деспот Константин. Драгаш бил оженет и вторпат со Евдокија од Требизонд, ќерка на императорот Алексис од Требизонд и Теодора Кантакузина. Од првата жена Константин Драгаш имал најмалку една ќерка и најверојатно,и син.
- Елена Драгаш која се омажила за византискиот цар Мануел II Палеолог и умрела на 13 мај 1450. Од нивните многу деца двајца станале
императори, меѓу кои и последниот Константин XI кој на своето презиме Палеолог, си го ставил и Драгаш.
- Јаков( муслимански Јакуп)- возможно е да го наследил татко му на кратко време како деспот на Велбужд.
Наследство
уредиКонстантин Драгаш е опеан како во српската, така и во македонската епска поезија. Преданијата од североисточниот дел на Македонија го сметаат Константин за домороден владетел.
Наводи
уреди- ↑ David Michael Metcalf, "Coinage in South Eastern Europe, 820-1396", Royal Numismatic Society, 1979, p. 322