Нафплио

град на Пелопонез, Грција

Нафплио (грчки: Ναύπλιο) е крајбрежен град сместен на Пелопонез во Грција, седиште на округот Арголида и важна туристичка дестинација. Основан во антиката, градот станал важно пристаниште во Средниот век за време на Франкократијата, управуван од фамилијата де ла Рош после Четвртиот крстоносен поход, по што потпаднал под власта на Венецијанската Република и на крај под Османлиската империја. Градот бил главен град на Првата Хеленска република и Кралството Грција, од 1827 до 1834.

Нафплио
Ναύπλιο
Поглед на стариот дел од градот од тврдината Паламиди.
Поглед на стариот дел од градот од тврдината Паламиди.
ЗемјаГрција
ОбластПелопонез
ОкругАрголида
Управа
 • ГрадоначалникДимитрис Костурос
Површина
 • Општина390,2 км2 (1,507 ми2)
 • Општ. един.33,62 км2 (1,298 ми2)
Најг. вис.&1000000000000001000000010 м
Најм. вис.&100000000000000000000000 м
Население (2011)[1]
 • Општ.33.356
 • Општ. густина8,5/км2 (22/ми2)
 • Општ. един.18.910
 • Општ. един. густина5,6/км2 (15/ми2)
Заедница
 • Население14203
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.211 00
Повик. бр.2752
Рег. таб.ΑΡ
Мреж. местоwww.nafplio.gr

Историја

уреди
 
Влегувањето на крал Отон во Нафплио од Петар фон Хес

За време на Грчката војна за независност, Нафплио бил големо османлиско упориште и бил под опсада повеќе од една година. Градот конечно се предал поради глад. По заземањето, поради неговото силно утврдување, станал седиште на привремената грчка влада.

Грофот Јоанис Каподистријас, кој бил првиот гувернер на државата, прв пат стапнал на грчкото копно во Нафплио на 7 јануари 1828 и го прогласил за седиште на државата во 1829. Тој бил убиен на 9 октомври 1831 од членови на фамилијата Мавромихалис, на пат кон црквата Свети Спиридон во Нафплио. По неговото убиство, следел период на анархија, сѐ до доаѓањето на крал Ото и воспоставување на Кралство Грција. Нафплио останал негова престолнина до 1834, кога крал Ото је преместил во Атина.

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.