Кикиритка

вид растение
Кикиритка
Научна класификација
Царство: Растенија
Нерангирано: Скриеносеменици
Нерангирано: Евдикоти
Нерангирано: Розиди
Ред: Бобовидни
Семејство: Бобови
Потсемејство: Глушини
Род: Кикиритки
Вид: Кикиритка
Научен назив
Arachis hypogaea
L.

Кикиритка (научArachis hypogaea) — зеленчук кој припаѓа на семејството бобови или мешункасти растенија (Fabaceae), а потекнува од Јужна Америка, Мексико и Средна Америка. Во Македонија најмногу се одгледува во околината на Струмица.

Опис

уреди

Стеблото на кикиритката расте околу 30 до 50 сантиментри. Има жолти цветови, а плодовите растат под земја. Лушпата е рапава и во неа има зрна прекриени со тенка кожичка. За кулинарски потреби се употребуваат зрната од кикиритките.

Кикиритките се богати со белковини, минерали, витамини Е и К и исто така, многу важно, не содржат холестерол. Една е од ретките мешунки кои се богати со витамин Д.

Се препорачува кикиритките да се купуваат со лушпа, бидејќи така ги содржат сите овие витамини и минерали. Докажано е дека доколку умерено се конзумираат кикиритките, доведуваат до помал ризик од срцев удар или мозочен удар, го намалуваат холестеролот, спречуваат воспалување и ги зацврстуваат клетките околу срцето.[1]

Историја

уреди

Старите Инки одгледувале кикиритки пред 3.500 години. Дури изработувале и садови во облик на кикиритки и ги украсувале со нив. Шпанските освојувачи во XV век кикиритките ги пренеле во Европа и пошироко низ светот, а интересно е што ова растение стигнало во Северна Америка дури во XVIII век, и тоа од Африка.

Одгледување

уреди
 
Нива посадена со кикиритки близу струмичко Колешино, со планината Беласица во позадината

Во почетокот на летото грмушките на кикиритки ги прекривааат полињата. Откако цветовите ќе бидат опрашени, стеблата се спуштаат кон почвата, а жолтите цветови влегуваат под земја на длабочина од шест сантиметри. Плодовите се развиваат под земја во мешунки долги околу 4-5 сантиметри, во кои има од 1 до 4 зрна. Лушпата е рапава, а внатре има бледо жолтеникаво или жолто семе. Ископувањето на кикиритките се врши кон крајот на месец септември.

Кикиритки во Македонија

уреди

Кикиритките во Македонија се одгледуваат единствено во неколку села во пределот Подгор во подножјето на Беласица во Струмичко, поради поволните услови со значителна влага на почвата[2]. Одгледувањето на кикиритки е започнато на почетокот на шеесеттите години на XX век откако е донесено семето од агроном од Струмица кој бил на обука во Војводина[2]. Со текот на времето се променувани и носени семиња и од соседна Бугарија, при што и денес е забележлива разликата во самите плодови на кикиритките[2]. Денес најмногу кикиритки се одгледуваат во околината на селата Колешино, Мокриево, Борисово.

Употреба

уреди

Во индустријата, кикиритките се користат на повеќе од 300 начини и тоа за производство на брашно, сапун, детергент, пластика, до различни креми, шампони и лекови. За разлика од многу други плодови кои во јадењата може и да не ги препознаете, тоа не е случај и со кикиритките, бидејќи тие имаат навистина препознатлив вкус. Кикиритките можат да се јадат пржени, печени, солени или несолени. Од нив се произведува добро познатиот путер од кикиритки, се произведува и масло од кикиритки, а исто така тие се дел од многу десерти и солени јадења. Во Македонија (и пошироко), најпознат производ од кикиритки се веројатно смоките.

Хранлива вредност

уреди
Кикиритки, здравје, во сиров облик
Хранлива вредност на 100 г
Енергија2,385 kJ (570 kcal)
21 g
Шеќери0,0 g
Влакна9 g
48 g
Заситени7 g
Мононезаситени24 g
Полинезаситени16 g
25 g
Триптофан0,2445 g
Треонин0,859 g
Изолеуцин0,882 g
Леуцин1,627 g
Лизин0,901 g
Метионин0,308 g
Цистин0,322 g
Фенилаланин1,300 g
Тирозин1,020 g
Валин1,052 g
Аргинин3,001 g
Хистидин0,634 g
Аланин0,997 g
Аспараг. кис.3,060 g
Глутам. кис.5,243 g
Глицин1,512 g
Пролин1,107 g
Серин1,236 g
Витамини
Тиамин 1)
(52 %)
0,6 мг
Рибофлавин 2)
(25 %)
0,3 мг
Ниацин 3)
(86 %)
12,9 мг
Пантот. кис. 5)
(36 %)
1,8 мг
Витамин Б6
(23 %)
0,3 мг
Фолна кис. 9)
(62 %)
246 μг
Витамин Ц
(0 %)
0,0 мг
Витамин Е
(44 %)
6,6 мг
Минерали
Калциум
(6 %)
62 мг
Железо
(15 %)
2 мг
Магнезиум
(52 %)
184 мг
Манган
(95 %)
2,0 мг
Фосфор
(48 %)
336 мг
Калиум
(7 %)
332 мг
Натриум
(0 %)
6 мг
Цинк
(35 %)
3,3 мг
Други состојки
Вода4,26 g

Постотоците се приближно пресметани според препораките за возрасни лица во САД.

Кикиритките како тема во уметноста и во популарната култура

уреди
  • „Кикиритки со суво грозје“ - расказ на израелскиот писател Ефраим Кишон од 1977 година.[3]
  • „Празник“ — краток расказ на македонскиот писател Владимир Лукаш.[4]

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Кикиритки за здраво срце“. Архивирано од изворникот на 2011-08-07. Посетено на 2011-03-21.
  2. 2,0 2,1 2,2 Според кажување на Спасе Тилев (р. 1951), земјоделец, одгледувач на кикиритки од с. Колешино. Забележале Марио Шаревски и Иван Живковиќ на 31.05.2018 и 27.08.2018
  3. Ephraim Kishon, Kod kuće je najgore – Obiteljske priče, drugo izdanje. Zagreb: Znanje, 1984, стр. 100-104.
  4. Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: Антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 246.