Фолна киселина

хемиско соединение

Фолна киселина (позната и како витамин Б9[3] или фолацин) и фолатот (природната форма), како и птероил-L-глутаминската киселина и птероил-L-глутаматот се форми на водорастворливиот витамин Б9. Овој витамин е есенцијална хранлива состојка и е важен за многу процеси, како биосинтеза на нуклеотиди и реметилација на хомоцистеин. Тој е особено важен во периодите на брза делба на клетките и раст. На возрасните и децата им е потребен овој витамин за создавање на здрави еритроцити и за спречување на анемија.[4] Името доаѓа од латинскиот збор folium што значи лист.

Фолна киселина
Фолна киселина
Назнаки
59-30-3 Ок
ATC код B03BB01
ChEBI CHEBI:27470 Ок
ChEMBL ChEMBL1622 Ок
ChemSpider 5815 Ок
DrugBank DB00158 Ок
3Д-модел (Jmol) Слика
KEGG C00504 Н
PubChem 6037
RTECS-бр. LP5425000
UNII 935E97BOY8 Ок
Својства
Хемиска формула
Моларна маса 0 g mol−1
Изглед жолто-портокалов кристален прашок
Точка на топење
1.6 mg/L (25 °C)[1]
Киселост (pKa) 1st: 4.65, 2nd: 6.75, 3rd: 9.00[2]
Дополнителни податоци
 Ок(што е ова?)  (провери)
Освен ако не е поинаку укажано, податоците се однесуваат на материјалите во нивната стандардна состојба (25 °C, 100 kPa)
Наводи

Недостигот на фолна киселина доведува до фолатна дефициенција.

Дејство врз организмот

уреди

Фолната киселина помага при делбата на клетките. Неопходна е за образување на плацентата и за изградбата на коскената срж на ембрионот. Најдобар извор на овој витамин се непреработените зеленчуци - салатите, спанаќот, гравот, магдоносот, брокулите, како и лебот. Фолната киселина ја има во црниот дроб, меките сирења, агрумите, овесните зрна и пченичниот зародиш.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Фолна киселина во базата ChemIDplus
  2. R. M. C. Dawson: Data for Biochemical Research, Oxford University Press, Oxford, 1989, 3rd Edition, p. 134, ISBN 0-19-855299-8.
  3. Ural, Serdar H. (2008-11). „Folic Acid and Pregnancy“. Kid's Health. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  4. „Dietary Supplement Fact Sheet: Folate“. Office of Dietary Supplements, National Institutes of Health.