Шампон
Шампон (англиски: shampoo) — козметичко средство, обично во течен облик, кој се користи за миење на косата. Се користи така што се нанесува на влажна коса, лесно се трие во темето, а потоа се плакне косата. Некои луѓе користат балсам после миење со шампон. Исто така, постојат шампони наменети за животни што можат да содржат инсектициди или други лекови за лекување на кожни заболувања или за отстранување на паразити.[1] Шампонот е мешавина од неколку состојки — вода (околу 80 %), сурфактанти (површински активни супстанции, најчесто натриум лауретсулфат и натриум лаурилсулфат), конзерванси, згуснувачи, мириси, природни масла и витамини, како и неоргански соли. Главната улога на шампонот — миењето — ја врши водата и сурфактантите. Природните масла, витамините или другите состојки, според производителите, помагаат за зајакнување на косата или имаат други поволни дејства, но опитно не се докажани.[2][3]
Наводи
уреди- ↑ „How Shampoo Works and the Chemistry Behind It“. ThoughtCo (англиски). Посетено на 2023-10-23.
- ↑ „Shampoo - an overview | ScienceDirect Topics“. www.sciencedirect.com. Посетено на 2023-10-23.
- ↑ „How does shampoo work?“. thefactsabout.co.uk (англиски). Посетено на 2023-10-23.
Надворешни врски
уреди„Шампон“ на Ризницата ? |