Меѓународна единица

Меѓународна единица (скрат. МЕ или IU, од англ. International Unit)[1] е мерна единица во фармакологијата со која се изразува количеството на дадена супстанција, според биолошката активност или ефектот. Се користи за количинско претставување на витаминиуте, хормоните, извесни лекарства, вакцини, крвни производи и слични биолошки активни супстанции.

Многу биолошки агенси постојат во разни облици и препарати (на пр. витаминот А во облик на ретинол или бета-каротин).[2] Меѓународната единица има за цел да овозможи нивна споредба, така што разните облици и препарати со ист ефект содржат ист број на меѓународни единици. To do so, Стручниот комитет за биолошка стандардизација на Светската здравствена организација утврдува еталонски препарат на аентот, произволно го задава бројот на меѓународни единици во тој препарат, и пропишува биолошка постапка за споредување на другите препарати на истиот агенс со еталонскиот. Бидејќи бројот на меѓународни единици во секоја нова супстанција е произволен, не може да постои еквиваленција помеѓу износот на МЕ кај разни биолошки агенси. На пример, 1 МЕ на витаминот Е не може да се поистовети со 1 МЕ на витаминот A на ниеден начин, заклучно со масата и делотворноста.

И покрај името, меѓународната единица не е дел од Меѓународниот систем на мерни единици (SI) што се употребува во физиката и хемијата.

Масени еквиваленти на 1 МЕ

уреди

Кај некои супстанции подоцна се утврдува точен масен еквивалент на МЕ. Во таквите случаи, поранешната маса по МЕ за таа супстанција официјално се отфрла во полза на новоутврдената маса. Бројката на единиците честопати останува во употреба.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Се користат и кратенките UI (од шпан. unidad internacional, фр. unité internationale и итал. unità internazionale), IE (од герм. Internationale Einheit, дан. International Enhed, швед. Internationell Enhet) и МЕ (од рус. международная единица).
  2. Сè за Витаминот А Архивирано на 18 февруари 2015 г. - Македонски портал за рак (македонски)
  3. База на состојки во додатоците во исхраната Архивирано на 22 септември 2016 г. (англиски)
  4. Еталонски табели за состојки во исхраната: Фактори на претворање (англиски)

Надворешни врски

уреди