Келтите од железното и римско време — посебна група на индоевропски народ кој живеел во Европа со свој сопствен келтски јазик.[1]

Дијахрона распределба на келтските народи:
  основна Халштатска терирторија, од 6 век п.н.е
  максималното келтско проширување од 275 г. п.н.е
  Лузитанска област на Иберија каде што келтското присуство е неизвесно
  шесте келтски нации
  области со денешни говорници

Најраната археолошка култура која е прифатена како келтска или повеќе како пракелтска, била средноевропската халштатска култура (околу 800-450 г.п.н.е.), именувана според богатите наоди од гробиштата во Халштат во Австрија. До доцниот период на латенската култура (околу 450 г.п.н.е. сѐ до римското освојување), оваа келтска култура се проширила низ многу региони, без разлика дали преку дифузија или преселба: до Британските Острови (островски Келти), Пиринејскиот Полуостров (Келтиберци, Келтици), поголемиот дел од Средна Европа, (Гали) и следејќи ја галската инвазија на Балканот во 279 година пред нашата ера кон исток сѐ до централна Анадолија (Галатинци).

Најраните директно посведочени примероци од келтски јазик се Лепонтските записи, почнувајќи од шестиот век пред нашата ера. Континенталните Келтски јазици се посведочени само во записите и имињата на некои места. Островскиот келтски јазик е посведочен околу четвртиот век од нашата ера во записите огхам од околу осмиот век. Кохерентни текстови од раната ирска литература, како што е Таин Бо Куалнге (The Cattle Raid of Cooley), преживуваат во рецензиите од дванаесеттиот век. Според теоријата на Џон Т. Кох и други, тартезискиот јазик можеби е најраниот директно посведочен келтски јазик со тартезиската напишана скрипта употребена во записите основани на верзијата на фениската скрипта која се употребувала околу 825 година пред нашата ера.

Во почетокот на првиот милениум од нашата ера, по ширењето на Римското Царство и Големата преселба на народите на германските народи, келтската култура се ограничила само на Британските Острови и континенталните келтски јазици широко се употребувале до шестиот век. Културата на островските Келти се преточила во онаа на Галите, Велшаните и Бретонците од средниовековните и нововековните периоди. Современиот „келтски идентитет е конструиран во контекст на романтичарската келтска обнова, најмногу во Велика Британија и Ирска.“

Имиња и терминологија

уреди
 
Galician Celtic Stele: Apana • Ambo/lli • f(ilia) • Celtica /Supertam(arica) • / [j] Miobri • /an(norum) • XXV • h(ic) • s(ita) • e(st) • /Apanus • fr(ater) • f(aciendum)• c(uravit)

Хекатеј од Милет, грчки географ, за првпат во 517 година пред нашата ера го употребил зборот Келти за да објасни етничка група, кога пишувал за луѓе кои живеат близу „Мализија“ (Marseile). Латинското име „celtus“ (мн. „Celti“ или „Celtae“) наводно е позајмено од грчкиот јазик, според сведочење на самиот Цезар, а земено од домородно, келтско, племенско име. Плиниј Постариот споменува дека се употребува во Лузитанија како презиме на племе, што е и потврдено со епиграфски наоди. латинскиот назив „gallus“ можеби изворно потекнува од келтско етничко или племенско име, можеби позајмен во латинскиот јазик за време на келтските проширувања во Италија во почетокот на петтиот век пред нашата ера. Неговите корени можеби се наоѓаат во општиот келтски збор „*гално“, што значи моќ или сила. Гали или Галатае најверојатно се сложува со стариот ирски збор гал, ,храброст дивјаштво‘ и велшкиот галлу, ’да биде способен, моќ‘. Грчкиот збор „галатаи“ најверојатно е основан на истиот корен, позајмен директно од истиот хипотетички келтски извор кој нам ни го дава „Гали“ (настанвката „-атаи“ е старогрчка модулација).

Англискиот збор „Келт“ е современ, потекнува од 1707 година во пишувањата на Едвард Луид чиешто дело, заедно со тоа од други учебници од доцниот седумнаесетти век, го доведе академското внимание на јазиците и историјата на овие рани жители на Велика Британија. Англиската форма „гаул“ (прво забележана во седумнаесеттиот век) и „гаулиш“ потекнува од француските „гауле“ и „гаулоис“, кои соодветно ги преведуваат латинските „галлија“ и „галус, -икус“. Во стариот француски јазик, зборовите „гуалеис“, „галоис“, „валоис“ имаат различни значења: Велшкиот или Лангуе д’оил, итн. Од другата страна, зборот „ваулле“ за првпат е забележан во тринаесеттиот век за да се преведе латинскиот збор „галлија“ и тогаш, „гаулоис“ е забележан за првпат во петнаесеттиот век и учебникарите го употребувале за да ги преведат латинските зборови „Галлус“/„Галликус“. Зборот потекнува од германскиот * „Валха-“. Зборот „Welsch“ во англискиот јазик потекнува од зборот „ваелиш“, англосаксонската форма на „валхишка-“, германскиот збор за „странски, надворешен“, или „Келт“ (јужно германски „Велш(е)“ „човек што зборува келтски јазик“, „човек што зборува француски јазик“, „човек што зборува италијански јазик“; Стариот Норски „“валскр“, множина „валир“ „галски“ „француски“), за кој се претпоставува дека потекнува од келтското племенско име „Волкае“, кое најпрво живеело на југот од Германија, а потоа се преселило во Гаул.

The поимот на идентификувачкиот келтски културен идентитет или „келтност“, иако проблематично, се фокусира на јазикот, уметноста и класичните текстови, иако исто така може да вклучи и материјали, артефакти, општествена организација, татковината и митологија. Најраните теории велат дека тоа укажува на заедничко расно потекло, но поновите теории сè повеќе се рефлектираат на културата и јазикот отколку на расата. Келтските култури имале многу различни одлики, но заедничкото меѓу овие различни луѓе била употребата на келтскиот јазик.

„Келтски“ е опис на семејство на јазици и, поопшто, значи „на Келтите“, или „во стилот на Келтите“. Исто така, терминот се употребувал да означи неколку археолошки култури сњфинирани со единствени сетови на артефакти. Врската помеѓу јазикот и артефактите е потпомогната со присуството на записите.

Денес, терминот келтски се употребува за да се опишат јазиците и соодветните култури од Ирска, Шкотска, Велс, Корнвол, Островот на Ман и Британија, кои се познати и како Шесте Келтски Нации. Тоа се регионите во кои сѐ уште се говорат келтските јазици до некое ниво на мајчин јазик: ирски, велшки, шкотски и бретонски плус две неодамнешни обновувања, корнски (еден од бритонските јазици) и манкс (еден од гиоделските јазици). Исто така, постојат и обиди за да се обнови и камбрискиот јазик (бритонски јазик од североисточна Англија и југозападна Шкотска). „Келтски“ понекогаш се употребува и за да се опишат некои региони од Континентална Европа кои имаат келтско наследство, но во коишто не преживеал ниту еден келтски јазик; овие области го вклучуваат западниот Пиринејски Полуостров, т.е. Португалија, и северно-централна Шпанија (Галисија, Астурија, Кантабрија, Кастиља и Леон, Екстремадура) и Централна Франција.

„Континентални Келти“ се однесува на народите кои говорат келтски јазик на копното на Европа. „Островски Келти“ се однесува на народите кои говорат келтски јазик и живеат на британските острови и нивните потомци. Келтите од Британија го добиле својот јазик од инсуларните келтски доселеници од западна Британија и на тој начин соодветно се групирале.

Потекло

уреди
 

Келтските јазици формираат гранка од поголемото индоевропско семејство. До времето кога говорителите на келтските јазици влегле во историјата во 400 година п.н.е. , тие веќе биле разделени во неколку јазични групи, и се рашириле во поголемиот дел од западна континентална Европа, Пиринејскиот Полуостров, Ирска и Британија.

Некои научници сметаат дека урнополската култура од Северна Германија и Норвешка претставува потекло за Келтите како одделна културна гранка од индоевропското семејство. Оваа култура била прееминентна во Средна Европа за време на доцното Бронзено доба, од околу 1200 година п.н.е. до 700 година п.н.е., кое што следело по културите Унетисе и Тумул. Урнополскиот период забележал драматичен пораст на населението во овој период, најверојатно поради новитетите во технологијата и земјоделските процеси. Грчкиот историчар Ефорос од Сим во Мала Азија, во четвртиот век од нашата ера напишал дека верува дека Келтите дошле од островите близу устието на Рајна, кои биле „донесени од нивните домови поради честите војни и силното издигнување на морето“.

Ширењето на обработката на железо довело до развој на халштатската културата директно од урнополската (околу 700 до 500 година п.н.е.). пракелтски, најдоцниот заеднички предок на сите познати келтски јазици, од ова училиште се смета дека е говорен во времето на доцната урнополска култура или раната халштстска култура, на почетокот на првиот милениум пред нашата ера. Проширувањето на келтските јазици сѐ до Иберија, Ирска и Британија се случило за време на првата половина од првиот милениум пред нашата ера, најраните гробови датираат од околу 500 година п.н.е. низ вековите тие се развие во одделни келтиберски, коиделски и бритонски јазици.

По халштатската култура следела латенската култура од Средна Европа, и во последните фази од железното доба постепено се трансформирала во експлицитната келтска култура од раните историски периоди. Келтските имиња на реките се пронајдени во голем број околу горните текови на Дунав и Рина, кои натерале многу келтски научници да ја постават етногенетиката на Келтите во таа област.

Диодор Сицилиски и Страбон предложуваат дека срцевината на Келтите била во Јужна Франција. Претходно спомнатите велат дека Галите се наоѓале на запад од Келтите, но и дека Римјаните и двете групи ги нарекувале Гали. Пред откритијата кај Халштат и Латен, општо се сметало дека срцевината на Келтите е Јужна Франција.

Јазични докази

уреди

Пракелтскиот јазик се поврзува со периодот на раното железно доба. Најраните траги од келтскиот јазик се Лепонтските записи од кисалпинските Гали, од кои најстарите му претходат на латенскиот период. Други рани записи се гаулските, кои се појавуваат од раниот латенски период во записите во областа на Масилија, во грчката азбука. Келтибериските записи споредбено се појавуваат подоцна, околу 200 година п.н.е. докази за Инсуларните Келти се достапни од околу 400 година од нашата ера, во облик на примитивните ирски записи Огхам. Покрај епиграфичките докази, важен извор на информации за раните Келти е топонимијата.

Археолошки докази

уреди
 

Во многу академски дисциплини Келтите биле сметани за феномен на централно европското железно доба, низ халштатската и латенската култура. Меѓутоа, археолошките наоди од халштатската и латенската култура биле ретки на Пиринејскиот Полуостров и не овозможувале доволно докази за културно сценарио во споредба со тоа од Средна Европа. Се смета за поденакво тешко да се одржи дека потеклото на полуостровските Келти може да биде поврзано со дотогашната урнополска култура, водејќи до понов пристап кој воведува ’пра-келтски‘ слој и процес на келтизирање кој ги има своите корени во културата Бел Бекер од бронзената ера.

Халштатската (од околу 800 до 475 г.п.н.е.) и латенската култура (од околу 500 до 50 г.п.н.е) од железното доба типично се поврзани со пра-келтската и келтската култура.

Латенската култура се развила и разцветала за време на доцното жлезно доба (од 450 г.п.н.е. до римското освојување во првиот век пред раѓањето на Исус Христос) во источна Франција, Швајцарија, Австрија, југозападна Германија, Чешка, Словачка и Унгарија. Се развила надвор од халштатската култура без некоја дефинирана културна пауза, под движечката сила на значителното средоземно влијание од Грците, а подоцна и од етрурските освојувања. Промена на центрите на населување се случила во четвртиот век.

Западната латенска култура со историските келтски Гали. Тешко е да се одреди дали тоа значи дека целата латенска култура може да биде карактеристична за обединета група на луѓе; археологистите неколкупати заклучиле дека јазикот, материјалната култура и политичките сојузи не се развиваат паралелно. Фреј забележува дека во петтиот век, „обичаите за погребување во светот на Келтите не биле секаде еднакви; уште повеќе, локализираните групи имале свои верувања, кои, последователно, исто така поттикнале многу различни уметничкиизразувања.“ Според тоа, додека латенската култура несомнено е поврзана со Галите, присуството на артефактите од Латен можеби се должи на културниот допир и не го содржу во себе трајното присуство на говорителите на Келтскиот јазик.

Историски докази

уреди

Околу 150 година п.н.е. Полибиј објавил историја на Рим во која ги опишува Галите од Италија и нивниот конфликт со Рим. Во вториот век пред нашата ера Павзаниј вели дека Галите „оригинално наречени Келти, живеат во оддалечениот регион на Европа на брегот на огормното разбрането море.“ Посидониј ги опишал јужните Гали околу 100 година пред нашата ера. Иако неговото оригинално дело е загубено, тоа е искористено од подоцнежните писатели, како што е Страбон. Последното, пишување од првиот век од нашата ера, раскажува за Британија и Галите, како и Хиспанија, Италија и Галатија. Цезар опширно пишувал за неговите Галски Војни во периодот од 58 до 51 година пред нашата ера. Диодор Сиркул пишувал за Келтите од ГАлија и Британија во неговата историја од првиот век.

Други можни предци

уреди

Мартин Алмарго Горбеја предложува дека потеклото на Келтите може да биде следено сѐ до третиот милениум пред нашата ера, барајќи ги корените во културата Бел Бекер, и со тоа нуди широка распространетост на Келтите низ западна Европа, како и непостојаност на различни келтски народи и постоењето на традиции на предците и античка перспектива. Од неодамна Џон Кох и Бери Канлиф предложија дека корените на Келтите лежат во Атлантското бронзено доба, приближно во исто време со халштатската култура, но дека се простирало долж атлантскиот брег на Европа.

Поделба

уреди

Континентални Келти

уреди

Галија

уреди
 

Во зората на историјата на Европа, Келтите коишто тогаш живееле во денешна Франција на Римјаните им биле познати како Гали. Територијата на овие народи најверојатно го вклучувала низините, Алпите и она што денес ја претставува северна Италија. Јулиј Цезар ги опишал нивните потомци во неговите Галски Војни. Источна Галија била центарот на западната латенска култура. Во Галија од доцното железно доба, општествената организација била слична како таа на Римјаните, со големи градови. Од третиот век пред нашата ера Галите почнале да ги употребуваат кованите пари, а текстови со грчки знаци се познати во источна Галија од вториот век. Грчките трговци ја основале Масалија во околу 600 година пред нашата ера, со размени долж долината Рон, но трговијата почнала да се намалува набрзо по 500 година пред нашата ера и била пренасочена преку Алпите до долината По во Италија. Римјаните пристигначе во долината Рон во вториот век пред нашата ера и наишле на Гали кои во најголемиот дел го говореле Келтскиот јазик. Рим имал потреба од земјени комуникации со неговите ибериски провинции и извојувал голема битка со Салувијците кај Ентремонт во 124-123 година пред нашата ера. Контролата на Рим постепено се проширила, и била формирана римска провинција од галските трансалпи долж средоземниот брег. Останатиот дел бил познат како Галија Комата – „Влакнеста Галија“. Во 58 година пред нашата ера, Хелветите планирале да се преселат кон запад, но Јулиј Цезар ги принудил да се вратат назад. Тогаш тој се вмешал во битките со неколку племиња во Галија, и до 55 година пред нашата ера, поголемиот дел од Галија бил опустошен. Во 52 година ред раѓањето на Исус Христос, Версингеторикс започнал револт против римската окупација, но бил поразен кај опсадата во Алезија и се предал. По Галските војни од 58 до 51 година пред нашата ера, Келтика на Цезар го формирала главниот дел на Римската Галија. Оваа територија на Келтските племиња на јужната страна се граничела со Гароне, додека на север се граничела со Сеине и Марне. Анализата на имињата на местата и личните имиња предложува дека галскиот Келтски јазик бил говорен во поголемиот дел од она што денес се нарекува Франција.

Иберија

уреди
 
 

До крајот на деветнаесеттиот век, науката која се занимавала со Келтите го потврдила нивното присуство на Пиринејскиот Полуостров како материјална култура која можела да се поврзе со халштатската и латенската култура. Според дефинирањето на железното доба во деветнаесеттиот век келтските народи биле ретки во Иберија и не овозможиле културно сценарио кое лесно може да биде поврзано со тоа на Средна Европа. Се претпоставува дека на Пиринејскиот Полуостров постоеле три групи на Келти: Келтиберијци во планините близу центарот на полуостровот, Келтиците на југозапад и Келтите во североисточниот дел.

Современата наука, сепак, јасно докажува дека присуството на Келтите и влијанијата биле најзначајни во оној дел каде што денес се наоѓаат Шпанија и Португалија (со можеби најголемата густина населеност во Западна Европа) делумно во централните, западните и северните региони. Келтите во Иберија биле поделени во две главни археолошки и културни групи, иако таа поделба не е многу јасна:

  • Едната група била распространета долж Галисија и ибериските атлантски брегови. Таа била составена од Лузитанците (во Португалија) и Келтскиот регион, којшто Страбон го нарекол Келтика, во југозападниот дел до Пиринејскиот Полуостров, вклучувајќи го Алгарве, којшто бил населен од Келтиците, ветонските и вакеанските народи (од централно-западна Шпанија и Португалија), и галаециските, астурските и кантабриските народи од културата Кастро од северна и северозападна Шпанија и Португалија.
  • Келтибериската група од централна Шпанија и горниот дел од долината на Ебро. Оваа група настанала кога Келтите (главно Гали и некои келтско-германски групи) се иселиле од областа на која што денес се наоѓа Франција и се обединиле со локалните ибериски народи.

Потеклото на Келтиберијците може да овозможи клуч за да се разбере процесот на Келтизација во останатиот дел од островот. Процесот на келтизација во југозападната област од полуостровот до Келтоите и од северозападното подрачје, како и да е, не е едноставно келтибериско прашање. Неодамнешните истражувања за Калаиците и Бракарите во северозападна Португалија овозможуваат нови пристапи кон сфаќањето на келтската култура (јазикот, уметноста и религијата) во западна Иберија.

Џон Т. Кох од универзитетот од Велс-Абериствит предложува дека тартезиските записи од осмиот век пред нашата ера можат веќе да се класифицираат како келтски. Тоа би значело дека Тартезијците се најраната посведочена трага за Келтите со граница од повеќе од еден век.

Алпите и долината По

уреди
 

Познато е дека одреден период постоело, сепак навидум некакво ограничено (Лепонтско, понекогаш наречено Кисалпско-келтско) присуство во северна Италија според записи кои се пронајдени таму, а датираат од шестиот век пред нашата ера.

Пределот на Голасека, каде што Тичино излегува од езерото Маџоре, било особено погодно за долготрајни размени, во кои Голасеканците имале улога на посредници помеѓу Етрурците и халштатската култура од Австрија, поддржани од сѐ-важната трговија со сол.

Според Диодор Сикул, во 391 година пред нашата ера, Келтите „кои имале свои домови зад Алпите, протекувале низ клисурите со голема сила и ја освојувале територијата која што лежи помеѓу Апенинските планини и Алпите„. Долината По и остатокот од северна Италија (познат на Римјаните како Кисалпинска Галија) бил населен од народи кои го говореле келтскиот јазик и основале градови како што е Милано. Подоцна, римската армија била поразена во Битката кај Алија и во 390 година пред нашата ера Рим бил ограбен од Сенонците.

Во Битката кај Теламон во 225 година пред нашата ера, голема келтска армија била заробена помеѓу римските сили и била уништена.

Поразот на комбинираниот самнитски, келтски и етрурски сојуз од Римјаните во Третата Самнитска Војна го најавила почетокот на крајот на келтската доминација на копното на Европа, но сѐ до 192 година пред нашата ера Римјаните не го освоиле последното независно келтско кралство во Италија.

Келтите имале расфрлани населби појужно од реката По, отколку што покажуваат некои мапи. Остатоците во градот Доција, во провинцијата на Емилија-Ромања, изложуваат келтски куќи во многу добра состојба кои датираат од околу четвртиот век пред нашата ера.

Проширување кон исток

уреди
 
 

Келтите исто така се прошириле надолу по реката Дануб и нејзините притоки. Едно од највлијателните племиња, Скордистите, го основало неговиот главен град во Сингидунум во третиот век пред нашата ера, на чиешто место денес се наоѓа Белград во Србија. Концентрацијата на тврдини во ридовите и гробиштата покажуваат густина на населението во долината Тиса, каде што денес се наоѓа Војводина во Србија, Унгарија и во Украина. Меѓутоа, проширувањето во Романија било попречено од Дакијците. Во Македонија не успеале да се населат и да воспостават власт поради воената и економска моќ на Македонија во IV век п.н.е.

Појужно, Келтите се населиле во Тракија (Бугарија), со која што управувале околу еден век, и Анадолија, каде што тие се населиле како Галатијци. И покрај нивната географска изолација од остатокот од келтскиот свет, Гајатилците го одржале нивниот келтски јазик за најмалку седум века. Свети Јером, кој ја посетил Анкира (денешна Анкара) во 373 година од нашата ера, го споредил нивниот јазик со оној на Треверите од северна Галија.

Племето Бои го дале своето име на Бохемија, Болоња и можеби Баварија, а келтските артефакти и гробишта се откриени подалеку на исток, каде што денес се наоѓаат Полска и Словачка. Келтските ковани пари (бијатек) од ковачницата во Братислава е изложена на денешната словачка кована пара од 5 круни.

Поради тоа што нема археолошки докази за напади од голем размер во некои од другите области, едно сегашно училиште на мисли верува дека келтскиот јазик и култура се прошириле во тие области повеќе со контакт отколку со напади. Меѓутоа, келтските напади на Италија и експедицијата во Грција и западна Анадолија се добро документирани во грчката и латинската историја. Постојат докази за келтски платеници во Египет кои им служеле на Птолемаидите. Илјадници биле вработени во периодот од 283 до 146 година пред нашата ера и тие исто така биле во служба околу 186 година пред нашата ера. Тие се обиделе да го поразат Птолемеј II. Така, Келтите имале повеќе контакт со македонските владенија по Средоземјето, отколку некакво влијание во самата Македонија.

Келтите во Македонија

уреди

Келтите не успеале да завладеат со Македонија поради низата претрпени порази низ времето, како оној во битката со кралот Касандар во 310 г. п.н.е. Тие сепак навлегле во Македонија сè до Делфи, но не се насилиле, туку оттаму се разделиле: едни продолжувајќи во Мала Азија, а други се вратиле кон реките Сава и Дунав.[2]

Островски Келти

уреди
 
 

Голем дел од домородните пламиња од Британија и Ирска денес можеби потекнуваат од античките народи кои долг период ги населувале тие простори, пред доаѓањето на Келтите и подоцнежните германски народи, јазик и култура. Малку се знае за нивната оригинална култура и јазик, но остатоците од последните можеби останали во имињата на некои географски одлики, како што е реката Клајд, Тамар и Темза, чијашто етимологија е нејасна, но можеби потекнува од пред-келтски супстрат (Гелинг). Меѓутоа, до римскиот период, поголемиот дел од жителите на островите на Ирска и Британија говореле гоиделски или бритонски јазици, блиски двојници на келтските јазици коишто се говореле на европското копно.

Историчарите го објасниле ова како резултат на непрекинатите напади од европскиот континент од различните народи кои го говореле келтскиот јазик во текот на неколку века, иако ова сега се гледа како само елитата. Книгата на Леинстер, напишана во дванаесеттиот век, со подвлекување на една порана ирска усна традиција, сведочи дека првите Келти кои пристигнале во Ирска биле од Иберија. Во 1946 година келтскиот научник Т.Ф. О’Рахили го објавил неговиот екстремно влијателен модел за раната историја на Ирска, којшто претпоставува четири одделни бранови од келтски напаѓачи. Сѐ уште не е познато кои јазици биле говорени од луѓето во Ирска и Британија пред пристигнувањето на Келтите.

Подоцнежните истражувања покажуваат дека културата можеби постепени и континуирано се развила помеѓу Келтите и домородните народи од Британија и Шпанија. Слично во Ирска, малку археолошки докази се пронајдени за поголеми нападни групи од Келтски преселници, што им предложува на археологистите, како што е Колин Ренфри, дека домородните жители од бронзеното доба постепено ги примиле европските келтски влијанија и јазик.

Јулиј Цезар пишувал за народите во Британија кои дошле од Белгија (Белгае), но археолошкиот доказ кој беше изведен во четириесеттите години од дваесеттиот век и го потврдувал ова, подоцна бил негиран од подоцнежните изведби. Археолошкиот доказ е од значаен културен континуитет низ првиот милениум пред нашата ера, иако со значителн поклопување на одредени присвоени елементи од латенската култура. Постојат тврдења за држави од континентален стил, кои се појавиле во јужна Англија пред крајот на периодот, можеби рефлектирајќи ги делумно преселбите од елитата од различни галски држави, како што се тие од Белгија. Меѓутоа, преселбата се случила далеку подоцна за да биде сметана за потеклото на островските келтски јазици. Во осумдесеттите години од дваесеттиот век, моделот на континуитет бил популаризиран од Колин Бургс во неговата книга Периодот на Стоунхеџ, која теоризира дека келтската култура во Велика Британија повеќе „изникнала“ отколку што резултирала од нападите и дека Келтите не биле странци кои напаѓале, туку потомци на народите од Стоунхеџ. Генетичките студии го поддржале присуството на домородните народи, исфрлувајќи каков било модел на културно и јазично навлегување во пост-бронзениот период, кој го игнорира високиот степен на генетска апсорпција. Студија од Кристијан Капели, Дејвид Голдштајн и други на универзитетот во Лондон покажува дека генетските бележја поврзани со галските имиња во Ирска и Шкотска се исто така заеднички во одредени делови од Велс и Англија (во поголемиот дел од случаите, југоистокот на Англија со најмал број од овие бележја) се слични со генетичките белези од баскиските народи, коишто говореле не-индоевропски јазик. Оваа сличност поддржува порани наоди кои предложуваат голем пред-келтски генетски род, најверојатно назад до палеолитот. Тие предложуваат дека келтската култура и келтскиот јазик можеби се донесени во Британија по пат на културен контакт, а не со масивни напади околу 600 година пред нашата ера.

Некои неодамнешни истражувања поредложуваат дека, спротивно на долготраните уверувања, германските племиња (Англи и Саксонци) не го избришале римско-британскиот јазик од Англија но, во текот на шест века, ги освоиле домородните бритонски народи од оној дел што денес ја претставува Англија и југоисточна Шкотска и ја наметнале нивната култура и јазик според нив, повеќе отколку што Гаелите можеби се прошириле низ северна Британија. Овој аспект е поддржан од келтските, или барем од не-германските, имиња на некои важни рани членови на бројни „Англосаксонски“ династии, како што се Сердик од Весекс и Пенда од Мерсија. Пенините останале засолниште за бритонската култура во Англија, камбрискиот јазик преживеал до дванаесеттиот век, додека во изолирани области од Источна Англија, бритонскиот јазик бил забележан само како саксонски период. Делови од бритонската култура сѐ уште преживуваат во форма на северноумбриските кавали и борење (ланкаширско и камбриско борење). Сепак, други велат дека сликата е измешана и дека на некои места домородното население всушност било уништено, додека на други било асимилирано. Според оваа школа на мисли, народите од Јоркшир, источна Англија, Северна Умбрија и островите Оркни и Шитланд се оние народи со неколку траги на антички (келтски) британски континуации. Најверојатно поради тоа што овие се источни области кои биле изложени на напади од исток од Англите, Саксонците и Викинзите.

Тешко е генетични да се документира келтската инвазија на британските острови. Две објавени книги – Крвта на островите од Брајан Сајкс и Потеклото на Британците: Генетска истражна приказна од Стефан Опенхајмер – се абзирани според неодамнешни генетски истражувања, и покажуваат дека мнозинството од Бритите имаат предци од Пиринејскиот Полуостров, како резултат на низа преселби коишто се случиле во мезолитот и, во помала мерка, во ерата на неолитот.

Сајкс забележува мал генетски доказ кој се однесува на народите од центарот на халштатската и латенската култура. Од татковата страна тој смета дека кланот „Оисин“ (Р1б) спаѓа во поголемиот дел кој има големи афинитети кон Иберија, без доказ за поголеми пристигнувања од Средна Европа. Тој смета дека генетската структура на Британија и Ирска е „келтска, доколку под тоа се подразбира потекнување од народи кои биле овде пред Римјаните и кои говореле келтски јазик.“ Но, овој јазик бил резултат повеќе на дифузија отколку на преселба, и поголемиот дел од жителите на британските острови , без разлика дали тие се сметале самите себеси за „Англосаксонци“, „Келти“ или други, потекнува од оригиналните мезолитски ловци кои мигирирале на север од Иберија пред околу 13 000 години кон крајот од последното ледено доба.

Топонимија

уреди

Докази за Келтите во Англија можат да се најдат во имињата на местата, како и оние кои го вклучуваат старо-англискиот елемент. Површното знаење за селата околу градот Финланд од Визбех укажуваат на тоа. Вест Валтон, Валсокен и Валполс укажуваат на континуирано присуство на домородно население, а Визбех, Кингс Лин и Катерис задржуваат пра-келтски топографски елементи. Селата кои содржат Тид во своето име, на пример Тид Сет Гилс, можеби го дибиле тој елемент од бритонскиот збор за „мал имот“. Споредете со велшкиот „тидин“. ’Либер Елиенсис‘ на саксонскиот Еетелдреда го документира финландското племе од Гирвии (Гувр), кои каде било се нацедени како независен народ со темна коса и свој сопствен (бритонски?) јазик. Сосема е можно дека Гривиијците делумно биле формирани со Брити кои се отселиле, поместени од саксонските жители по четите кои останале на островите.

Романизација

уреди

За време на владеењето на Цезар, Римјаните ја освоиле Келтска Галија, и од Клаудиј па понатаму, Римското Царство присвоила делови од Британија. Римската локална власт од овие региони го отсликала пред-римските ’племенски‘ граници, а археолошките наоди укажуваат на домородна вмешаност во локалната власт. По освојувањата, службен јазик на овие региони бил латинскиот јазик.

Домородните племиња под римското управување биле романизирани и прифатиле да ги усвојат римските правила. Келтската уметност веќе внела класични влијанија, а зачуваните келтско-римски парчиња покажуваат класични субјекти и или остануваат верни на старата традиција и покрај римското преклопување.

Римската окупација на Галија, а во помаа мерка и на Британија, довела до римско-келтски синкретизам. Во случајот на континенталните Келти, тоа на крајот рзултирало во јазична смена до народен латински јазик, додека островските Келти го одржале нивниот јазик. Меѓутоа, Галите биле ненадминливи јавачи, што ги импресионирало Римјаните до тој степен што тие ја присвоиле Епона, келтската божица на коњите, во нивен пантеон. За време и по падот на Римската Иперија, многу делови од Франција ги отфрлиле своите римски адмнистратори.

Општество

уреди
 
 

Колку што се достапни изворите, тие опишуваат пред-христијанска келтска општествена структура, формално основана на класи и кралство. Односите сопственик-клиент, слични на тие од римското општество, се исто така опишани од Цезар и други во Галија од првиот век пред нашата ера.

Во главно, доказите покажуваат дека племињата се водени од кралеви, иако некои велат дека потојат и докази за олигрхиско-републиканска горма на владеење, која се појавила во области кои имале близок контакт со Рим. Поголемиот дел од описите за келтските општества, ги отсликуваат нив како поделени во три групи: аристократија на воини; класа на интелектуалци која вклучувала професии како што се друидизам, поети и правници, а во третата група спаѓаат сите останати. Во историските периоди, службите на високите и ниските кралства во Ирска и Шкотска биле исполнети со избор под систем на предавање на имот, кој на крајот влегол во конфликт со феудалниот принцип на првородство во кој наследството му се доделува на првородениот син.

Малку е познато за семејната структура меѓу Келтите. Моделите на населби варираат од децентрализирани до урбани. Популарниот стeрео-тип на неурбанизирани општества сместени во тврдини и дини, извлечени од Британија и Ирска (постојат околу 3 000 познати тврдини во Британија) и се спротивставуваат на урбаните населби кои се наоѓаат централните области од халштатската и латенската култура, со многу значителни остатоци од тврдини од Галија доцна во првиот милениум пред нашата ера, и со градовите од Галија Кисалпина.

Ропството практикувано од Келтите било многу слично на подобро документираното ропство кое се практикувало во Стара Грција и Рим. Робовите се земале од војните, неочекуваните нападии и како начин на отслужување на казна или исплатување на долг. Ропството било наследно, иако можно било и ослободување. Стариот ирски збор за роб, кахт, и велшкиот термин каетх најверојатно потекнуваат од латинскито каптус, што укажува дека трговијата со робови била збир од контактот помеѓу латинските и келтските општества. Во средниот век, ропството било застапено во келтските земји. Ослободувањата биле отфрлени со закон и зборот за „робинка“, кумал, бил употребуван како општа единица на вредност во Ирска.

Постои археолошки доказ кој укажува дека пред-римските келтски општества биле поврзани со мрежа на копнени трговски патишта кои се протегале во Еуроазија. Археолозите откриле големи историски патишта кои преминувале мочуришта во Ирска и Германија. Поради нивната значајна природа, се верува дека тие се создадени за транспорт со возила како дел од простран систем од патишта за да се олесни трговијата. Територијата која била во сопственост на Келтите содржела калај, железо, сребро и злато. Келтските ковачи и работници со метал создавале оружје и накит за меѓународна трговија, особено со Римјаните.

Општо познат е митот дека келтскиот монетарен систем се состоел од потполна размена, но делумно е лажен. Монетарниот систем бил сложен и сѐ уште не е објаснет (слично како и доцнежните римски ковани пари), и поради недостатокот на голем број термини за ковани пари, се претпоставува дека се користел зборот „пра-пари“. Ова е колективниот термин кој се употребувал за да ги објасни бронзените парчиња направени во раниот латенски период и понатаму, кои често биле во форма на глави на секири, прстени или ѕвончиња. Поради нивното големо присуство во гробовите се смета дека тие имале релативно висока монетарна вредност и можеле да се употребуваат за секојдневна трговија. Кованите пари од легура кои имале мала вредност, бронзени легури со висок процент на калај во нив, биле ковани во скоро сите келтски области од континентот и во југоисточна Британија пред римското освојување на тие предели. Кованите пари со повисока вредност , погодни за употреба во трговијата, биле ковани во злато, сребро и бронза со висок квалитет. Златните парички биле позастапени од сребрените, иако вределе значително повеќе, и бидејќи имало околу 100 ковачници во јужна Британија и централна Франција, среброто се кобало поретко. Тоа делумно било поради релативната SPARCITY на ковачници и колиината на труд која е потребна за да извади во споредба со добиениот профит. Почесто се сретнувале сребрените и бронзените ковани пари со зголемената важност на римската цивилизација и проширување на нејзината трговија во келтскиот свет. Тоа се совпаднало со големиот пораст на произвидство на злато во келтските области за да се задоволат барањата на Римјаните, поради високата вредност Римјаните го оданочиле металот. Се смета дека големиот број на рудници со злато во Франција бил најголемата причина за нападот на Цезар.

Постои само ограничен број на сведочења од пред-христијанските периоди кои се напишани на келтски јазик. Почести се записите со римска, а понекогаш и грчка азбука. Ракописот Огам, средновековна азбука, најмногу била употребувана во раните христијански периоди во Ирска и Шкотска (но, исто и во Велс и Англија), и се употребувала само за церемонијални цели, како што се написи на надгробни плочи. Достапниот доказ има цврста орална традиција, како што е таа зачувана од келтските трубадури во Ирска, и забележана од манастирите. Најстарата забележана поезија во светот има ирско потекло и е транскрипција на доста постара епска поема, која наведува некои научници да тврдат дека Келтите ја измислиле римата. Келтската уметност исто така произвела многу детални и убави метални предмети, од кои постојат примери кои се зачувани од нивните карактеристични погребни обреди.

Според некои тврдења атлантските Келти биле конзервативни: на пример, тие сѐ уште носеле кочии во битките долго откако истите имале само церемонијална улога кај Грците и Римјаните. Меѓутоа, и покрај тоа што биле старомодни, тактиките со кочии на Келтите биле способни да ја одбијат инвазијата на Јулиј Цезар врз Британија.

Според Диодор Сицилиски:

Галите биле високи и имале мускулна градба на телото; имале светол тен и нивната коса била руса и не само природно, така што тие имале навика по вештачки пат да ја променат разликувачката боја која што им ја дала природата. За таа цел тие секогаш ја миеле својата коса во лимонова вода и ја зачешлувале кон задниот дел од вратот, а резултатот бил изглед сличен на тој на Сатурс и Панс, поради третманот кој ја прави косата тешка и груба, што во никој поглед не се разликува од гривата на коњите. Некои од нив ја бричеле брадата, додека други ја оставале да порасне малку; благородниците го бричеле лицето, но ги оставале мустаќите да пораснат сè додека не ја покријат истата.

-Диодор Сицилиски

Облека

уреди

За време на железното доба, Галите носеле кошули со долги ракави или туники и долги пантолоно (Римјаните ги нарекувале бракае). Облеката била направена од волна или ленено платно, а богатите користеле и свила. Во зимните месеци носеле наметки. Употребувале брошеви и гривни, но најпознато парче накит се нарекувало торк, цврсто парче накит изработено од извиткан метал.

Келтска уметност

уреди

Род и полови норми

уреди
 
 

Според Аристотел, „највоинствениот народ“ бил во голема мера под влијание на жените, но Келтите биле необични поради тоа што отворено претпочитале машки љубовници (Политика II 1269b). Х.Д.Данкин во Келтите и класичниот свет забележува дека „Атенеј го имитира овој коментар (603а), а истото го прави и Амианус(30.9). Се чини дека е општо мислењето на стариот век.“ Во книгата VIII од неговата Деипнософистис, римско грчките реторичар и граматичар Атенаеус, повторувајќи ги тврдењата на Диодор Сицилиски од првиот век пред нашаат ера, напишал дека келтските жени биле убави, но дека мажите повеќе сакале да спијат заедно и „младите мажи им се нуделе на странцитте и се навредувале доколку таа понуда е одбиена“ (Диод 5:32). Ранкин вели дека главниот извор на овие тврдења најверојатно е Посејдон и шпекулира дека овие автори можеби забележале машки „ритуали на поврзување“.

Според законот Бреон, кој бил напишан во раната средновековна Ирска по нејзиното преминување во христијанство, жената имала право да се разведе од нејзиниот сопруг и да го добие неговиот имот доколку тој не е способен да ги исполни неговите брачни должности поради импотенција, дебелина, хомосексуална наклонетост или склоност кон други жени.

Сексуалната слобода на жените во Британија е забележана од Касиј Дион: ... забележано е дека е направена доста остроумна забелешка од сопругата на Аргентококс, Каледонец, до Јулија Августа. Додека кралицата се шегувала со неа, по договорот, за нејзиниот слободен однос со мажите во Британија, таа рекла: „Ние ги исполнуваме барањата на природата на многу подобар начин отколку вие, римските жени; ние отворено се дружиме со најдобрите мажи, додека вие дозволувате тајно да ве развратат најодвратните.“ Таков беше одговорот на жената од Британија. -Касиј Дион

Постојат многу малку веродостојни извори што се однесуваат на келтските погледи кон поделбата на родовите, иако некои археолошки докази укажуваат деја нивните погледи во однос на улогата на родовите можеби била различна од оние од нивните современи класични двојници. Постојат зачувани примери во кои жените учествуваат и во војните и во кралствувањето, иако тие биле малцинство во тие области. Плутарх изјавува дека во текот на четвртиот век пред нашата ера, келтските жени дејствувале како амбасадори со цел да избегнат војна помеѓу келтските групи во долината По.

Постојат општи укажувања кои потекнуваат од местата за погребување во регионите Шампањ и Бургундија во североисточна Франција од железното доба кои покажуваат дека жените можеби имале улоги во битките во почетокот на латенскиот период. Овој доказ, меѓутоа, е далеку од убедлив. Идентификувани се примери од поединци закопани со двете TORCS (главно сметани за женски закопни добра), како и оружје, и постојат прашања кои се однесуваат на одредувањ на полот на некои скелети кои се закопани со воени собири.

Меѓутоа, меѓу островските Келти, постои доста историска документација која укажува на воена улога кај жените. Дополнително на коментарот од Такит за Будика, постојат укажувања од историјата во подоцнежнито период која исто така покажува позначајна улога на „жените како воини“ во симболични, ако не и вистински улоги. Посејдон и Страбон опишале остров на жени на кој мажите не ризикувале за смрт, и каде што жените се раскинувале една со друга. Други писатели, како што се Амијан, Маркелин и Такит, спомнале келтски жени започнувале, воделе и учествувале во битки. Антрополошките коментари на Посејдон за Келтите имале слични теми, најпрво примитивизам, екстремно дивјаштво, груби ритуали на жртвување и силата и храброста на нивните жени.

Битки и оружје

уреди
 
 

Првични места во римска Британија, со индикации на келтските племиња. Племенските битки биле редовна појава во келтските општества. Додека епската литература го опишува тоа повеќе како спорт концентриран на напад и ловење, отколку организирано територијално освојување, историските забелешки велат дека поголемиот дел од племињата се обидувале со битки да добијат политичка контрола и да ги уништат соперниците, за економска предност, а во некои случаи и да освојат територија.

Класичните писатели како Страбон, Ливиј, Павзаниј и Флор опишале дека Келтите се борат како „диви ѕверки“ и како глутница. Дионисиј рекол дека нивниот „начин на борење, кој бил во голема мера сличен на оној на дивите ѕверови и гневен, бил непредвидлив процес, кој имал недостиг на воена наука. Според тоа, во еден момент тие високо ги подигнувале своите мечеви и замавнувале слично како дивите свињи, фрлајќи ја целата тежина на своето тело во замавот како сечач на дрва или човек кој копа со копач, а потоа би упатувале напречни удари без да одредат цел, како да сакаат да ги исечат на парчиња целите тела на нивните противници, заштитен оклоп и се.“ Таквите описи се предизвикани од современите историчари.

Полибиј (2.33) укажува на тоа дека дека главното оружје на Келтите бил меч со долго сечило кој повеќе го употребувале за расекување отколку за забодување. Полибиј и Плутарх опишале дека келтските воини често ја прекинувале борбата со цел да го исправат сечилото на својот меч. Ова тврдење е доведено во прашање од некои археолози, кои забележале дека норискиот челик, челик кој се произведувач во келтскиот Норикум, бил познат во периодот на Римското Царство и се употребувал за опремување на римската војска. Меѓутоа, Радомир Плеинер, во Келтски меч (1993) вели дека „металографските докази покажуваат дека Полибиј до некој степен бил во право“, бидејќи околу една третина од останатите мечеви се во состојбата како што тој опишал.

Полибиј исто така изјавува дека дел од Келтите се бореле голи, „Појавата на овие голи воини била застрашувачка глетка, бидејќи сите тие биле мажи со одлична градба и во цутот на животот.“ Според Ливиј тоа е исто така вистинито и за Келтите од Мала Азија.

Ловење на глави

уреди

Келтите имале репутација на ловци на глави. Според Пол Јакобштал, „Меѓу Келтите, главата на човекот е почитувана над се останато, поради тоа што главата за Келтот била душата, центарот на чувствата, како и на самиот живот, симбол на божественост и на силите од другиот свет.“ Расправите за келтскиот култ на отсечена глава ги вклучуваат многуте презентации на отсечени глави во дрворезот од Латен, и преживеаната келтска митологија, која е полна со приказни за отсечените глави на јунаците и на светците кои ги носат своите отсечени глави, како што е во Сер Гавејн и Зелениот Витез, каде што Зелениот Витез ја зема својата сопствена отсечена глава откако Гавејн му ја пресекол, исто како што и Свети Денис ја носел неговата до врвот на Монмартр.

Друг пример за регенерецијата по обезглавувањето лежи во приказните за Св. Феичин на Конемара, кој откако бил обезглавен од викиншките пирати, ја носел својта глава до Холи Вел на островот Омеи и откако ја потопил главата во бунарот ја вратил назад на својот врат и бил вратен во совршена состојба.

Диодор Сицилиски, во неговата Историја од првиот век го кажал следното за келтското ловење на глави:

Тие ги отсекуваат главите на убиените непријатели во битката и ги прикачуваат на вратовите на нивните коњи. Тие им ги подаваат крвавите трофеи на своите придружници и напаѓање на PAEAN и пееле победнички песни; тие ги заковувале овие први плодови на нивните куќи, исто како што прават тие што поставуваат диви животни во одредени видови на ловење. Главите на најистакнатите непријатели ги балсамирале во кедрово масло, внимателно ги чувале во ковчег, и со гордост им ги покажувале на странците, велејќи дека за таа глава некој од неговите предци, или неговиот татко, или самиот маж, одбиле понуда од голема сума на пари. Тие велат дека некои од нив се фалеле дека ја одбиле тежината на главата во злато.

Во Боговите и борците, Келтската преродба на Лејди Грегори која била превод на Ирската митологија, главите на мажите кои биле убиени во битка се опишани како почеток на приказната Борбата со ела БОЛГС за задоволување на Маха, еден аспект од божицата на војната, Моригу.

Религија

уреди

Многубоштво

уреди
 

Келтите имале домородна многубожна религија и култура.

Многу келтски богови, како што е Аквае Сулис, се познати од текстовите и записите од римскиот период, додека други биле изведени од имиња на места, како што е Лугудунум (тврдина на Луг). Обредите и жртвувањата ги изведувале свештеници наречени друиди. Келтите не сметале дека нивните богови имаат човечка форма сè до доцното железно доба. Келтските храмови биле сместени во оддалечени области како што се врвови на ридови, шуми и езера.

Моделите за келтската религија се разликувале во однос на регионите; меѓутоа, некои модели за форми на божества, и начини на обожување на овие божества, се појавиле во широк географски и временски опсег. Келтите обожувале и богови и божици. Општо земено, келтските богови биле божества со одредени вештини, како што се Луг и Дагда кои имале многу вештини, додека божиците се поврзувале со природните одлики, особено со реките, како што божиците како што се Бригид и Мориган биле поврзани со двете природни одлики (светите бунари и збирот на реките) и вештини како што се ковањето и излекувањето.

Тројството е честа појава во келтската космологија, и голем број на божества се гледани ако тројство. Оваа одлика е покажана со Трите Мајки, група на божици кои биле обожувани од многу келтски племиња (со регионални измени).

Келтите буквално имале стотици божества, некои биле непознати надвор од семејството или племето, додека други биле доволно популарни за да имаат следбеништво кое преминува врз јазичните и културните бариери. На пример, ирскиот бог Луг, поврзан со бурите, молњите и културата, е обожуван во слични форми како Лугос во Галија и Леу во Велс. Слични модели се забележани кај континенталните Келти и нивната божица на коњите, Епона, и нејзините Ирски и Велшки двојнички, Маха и Рианон, соодветно.

Римските кажувања за друидите споменуваат церемонии кои се одржувале во свети шуми. Келтите од Латен изградиле храмови со различна големина и форма, иако тие исто така ги зачувале светилиштата во светите дрвја и осветените езера.

Друидите имале различни улоги во келтската религија, служејќи како свештеници и црковни службеници, но исто така и судии, жртвувачи, учители и чувари на традицијата. Друидите организирале и воделе религиозни церемонии, тие го меморизирале и ги учеле другите за календарот. Други класи на друиди изведувале церемонијални жртвувања на жетвата и животните за да го почувствуваат благодатта на заедницата.

Галски календар

уреди
 

Календарот Колигни, кој е пронајден во 1897 година во Колигни, Аин, бил врежан на бронзена плоча, сочувана во 73 фрагменти, која што првично била широка 1,48 и висока 0,9 м (Ламберт стр. 111). Основана на стилот на испишување и приложување на објекти, најверојатно датира од крајот на вториот век. Напишан е со латински букви, на галски јазик. Обновената табела содржи шеснаесет вертикални колони, со шеесет и два месеца, распоредени за пет години.

Францускиот археолог Ј. Монард шпекулира дека друидите имале желба да ја зачуваат нивната традиција на зачувување на времето која јулијанскиот календар бил изложен низ Римското Царство. Меѓутоа, опшата форма на календарот укажува на јавни календарии прикачени со клинец (или парапегмата) пронајдени низ грчкиот и римскиот свет.

Постоеле четири големи празници во галскиот календар: „Имболк“ на 1 февруари кој можеби е поврзан со млечноста на овците и посветен на ирската божица Бригид. „Белтаин“ на 1 мај, поврзан со плодноста и топлината, можеби е поврзан со богот на сонцето, Беленос. „Лунаса“ на 1 август е поврзана со жетвата и е поврзана со богот Луг. И на крајот „Самхаин“ на 1 ноември, најверојатно почетокот на годината.два од овие празници, Белтаине и Лунаса во келтскиот календар се прикажани со SIGILS, и не треба многу да се размисли за да се поврзе почетокот од календарот (Самониос) со Самхаин. Меѓутоа, Имболк воопшто не е прикажан.

Римско влијание

уреди

Римското освојување на Галија довело многу келтски народи во Римското Царство. Римската култура имала длабоко влијание на келтските племиња кои потпаднале под контрола на царството. Римското влијание довело до многу промени во келтската религија, а најзабележителна е слабеењето на класата на друиди, посебно религиозната; на крајот, друидите исчезнале заедно. Почнале да се појавуваат римско-келтските божества: овие божества често имале и римски и келтски одлики и ги комбинирале имињата на римските и келтските божества. Други промени вклучувале присвојување на Јупитеровиот Столб, свет столб којшто бил употребуван низ келтските региони во царството, најпрво во сееврниот дел. Друга поголема промена во религиозната пракса била употребата на камени споменици во претставувањето на боговите и божиците. Пред римското освојување Келтите имале само создадени дрвени идоли (вклучувајќи споменици врежани во дрвја, кои биле познати како свети точки).

Келтско христијанство

уреди

Додека регионите што биле под римска власт го присвоиле христијанството заедно со остатокот на Римското Царство, неосвоените територии од Ирска и Шкотска преминале од келтското многубоштво во келтското христијанство во петтиот век од нашата ера. Ирска била преобратена од мисионерите од Британија, како што бил Патрик. Подоцнежните мисионери од Ирска биле главен извор на мисионерското дело во Шкотска, саксонските делови од Британија и Средна Европа. Развојот на христијанството во Ирска и Британија довело рана средновековна ренесанса во келтската уметност помеѓу 300 и 1200 година од нашата ера, развивајќи многу од стиловите кои сега се сметаат за типично келтски, и пронајдени во поголемиот дел од Ирска и Британија, вклучувајќи го североистокот и далечниот север на Шкотска, оркни и Шитланд. Забележливи дела произведени во овој период ја вклучуваат Книгата за Келтите и Ардагх Чалис. Интерестот за антиквитетите од седумнаесеттиот век довел до проширување на терминот келт, и воздигнувањето на национализмот довело до келтска обнова во деветнаесеттиот век.

Келтите како тема и инспирација во уметноста и во популарната култура

уреди

Извори

уреди
  1. Koch, John (2005). Celtic Culture : A Historical Encyclopedia. ABL-CIO. стр. xx. ISBN 978-1851094400. Посетено на June 9, 2010.
  2. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „“. Македонска енциклопедија. , книга . Скопје: МАНУ. стр. 332. Text "series " ignored (help)
  3. Хорхе Луис Борхес, Сеќавањето на Шекспир. Скопје: Бегемот, 2016.
  4. Discogs, Van Morrison – Beautiful Vision (пристапено на 24 март 2021).

Литература

уреди
  • Alberro, Manuel and Arnold, Bettina (eds.), e-Keltoi: Journal of Interdisciplinary Celtic Studies, Volume 6: The Celts in the Iberian Peninsula, University of Wisconsin–Milwaukee, Center for Celtic Studies, 2005.
  • Collis, John. The Celts: Origins, Myths and Inventions. Stroud: Tempus Publishing, 2003. ISBN 0-7524-2913-2. Historiography of Celtic studies.
  • Cunliffe, Barry. The Ancient Celts. Oxford: Oxford University Press, 1997. ISBN 0-19-815010-5.
  • Cunliffe, Barry. Iron Age Britain. London: Batsford, 2004. ISBN 0-7134-8839-5
  • Cunliffe, Barry. The Celts: A Very Short Introduction. 2003
  • Freeman, Philip Mitchell The Earliest Classical Sources on the Celts: A Linguistic and Historical Study. Diss. Harvard University, 1994. (link)
  • Gamito, Teresa J. The Celts in Portugal Архивирано на 24 мај 2011 г.. In E-Keltoi, Journal of Interdisciplinary Celtic Studies, vol. 6. 2005.
  • Haywood, John. Historical Atlas of the Celtic World. 2001.
  • Herm, Gerhard. The Celts: The People who Came out of the Darkness. New York: St. Martin's Press, 1977.
  • James, Simon. Exploring the World of the Celts 1993.
  • James, Simon. The Atlantic Celts - Ancient People Or Modern Invention? Madison: University of Wisconsin Press, August 1999. ISBN 0-299-16674-0.
  • James, Simon & Rigby, Valerie. Britain and the Celtic Iron Age. London: British Museum Press, 1997. ISBN 0-7141-2306-4.
  • Kruta, V., O. Frey, Barry Raftery and M. Szabo. eds. The Celts. New York: Thames & Hudson, 1991. ISBN 0-8478-2193-5. A translation of Les Celtes: Histoire et Dictionnaire 2000.
  • Laing, Lloyd. The Archaeology of Late Celtic Britain and Ireland c. 400–1200 AD. London: Methuen, 1975. ISBN 0-416-82360-2
  • Laing, Lloyd and Jenifer Laing. Art of the Celts, London: Thames and Hudson, 1992 ISBN 0-500-20256-7
  • MacKillop, James. A Dictionary of Celtic Mythology. Oxford: Oxford University Press, 1998. ISBN 0-19-280120-1
  • Maier, Bernhard: Celts: A History from Earliest Times to the Present. University of Notre Dame Press 2003. ISBN 978-0268023614
  • McEvedy, Colin. The Penguin Atlas of Ancient History. New York: Penguin, 1985. ISBN 0-14-070832-4
  • Mallory, J. P. In Search of the Indo-Europeans: Language, Archaeology and Myth. London: Thames and Hudson, 1991. ISBN 0-500-27616-1.
  • O'Rahilly, T. F. Early Irish History Dublin Institute for Advanced Studies, 1946.
  • Powell, T. G. E. The Celts. New York: Thames and Hudson, 1980. third ed. 1997. ISBN 0-500-27275-1.
  • Raftery, Barry. Pagan Celtic Ireland: The Enigma of the Irish Iron Age. London: Thames & Hudson, 1994. ISBN 0-500-27983-7.

Надворешни врски

уреди

Дополнителни артикли

уреди

Географија

уреди

Мултимедија

уреди

Организации

уреди