Келтскиот самрак
„Келтскиот самрак“ (англиски: The Celtic Twilight) - збирка куси раскази на ирскиот писател Вилијам Батлер Јејтс, напишани во периодот од 1892 до 1902 година. Првото издание на книгата било објавено во 1893 година.
Содржина
уредиЗбирката ги содржи следниве раскази:[1]
- Раскажувач на прикаски
- Верувања и неверувања
- Смртна помош
- Визионер
- Селски духови
- „Правта го склопи окото еленово“
- Витезот на овците
- Истрајно срце
- Маѓосниците
- Ѓаволот
- Среќни и несреќни теолози
- Последниот гуслар
- Regina, regina pigmeorum, veni
- „И красни, крволочни жени“
- Магични шуми
- Чудесни суштества
- Аристотел од книгите
- Боговското прасе
- Глас
- Грабнувачи
- Неуморните
- Земја, оган и вода
- Стариот град
- Човекот и чизмите
- Страшливец
- Тројцата О'Брновци и злобните самовили
- Драмклиф и Роузес
- Дебелиот череп на среќлиите
- Религијата на морјанинот
- Во однос на блискоста едни до други на рајот, земјата и чистилиштето
- Јадачите на бесценици
- Богородица ридска
- Златното доба
- Приговор до Шкотите оти им го расипале наравот на нивните духови и самовили
- Војна
- Кралицата и шутот
- Пријателите на луѓето од Самовилска
- Сништа без поука
- Крајпат
Инаку, збирката почнува со песната „Самовилската војска“, а завршува со песната „Во самракот“. Покрај тоа, книгата содржи и предговор, насловен како „За книгава“, во два дела, првиот датиран во 1893 година, а вториот дел од 1902 година.
Осврт кон книгата
уредиВо првиот дел од предговорот кон збирката, самиот автор забележува дека имал желба да создаде малечок свет од прекрасните, пријатните и значајните нешта во овој свет, како и да прикаже дел од лицето на Ирска. Расказите во книгата го влечат потеклото од ирската митологија и во нив се раскажува за разни случки поврзани со самовили, духови, ѓаволи, русалки и митски поети. Сепак, Јејтс не е обичен запишувач на народните преданија. Тој е заинтересиран за светот на окултнотоверува во спиритуалниот свет и се труди да стапи во контакт со натприродното.[2]
Изданија на македонски јазик
уредиВо 2014 година, збирката била објавена на македонски јазик, во издание на „Бегемот“, во рамки на едицијата „Ars magna“. Преводот од англиски јазик го направил Горјан Костовски; ликовното уредување на книгата е дело на Бојан Димитриевиќ; а јазичната редакција ја направил Филип Димевски. Книгата била преведена со финансиска помош преведувачката програма Ireland Literature Exchange (ILE), а била испечатена во „Печатницата Наумовски“ од Скопје. Книгата, со димензии од 18 сантиметри и со обем од 157 страници, е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски“ од Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-608-4718-19-2.[3]