Историја на Унгарија

Дел од темата Унгарија

Историја на Унгарија

Античка историја

Рана историја
Магна Хунгарија

Среден век

Кралство Унгарија
Османлиско-унгарски војни
Хабсбургшка Унгарија
Револуција

Модерна историја

Прва светска војна
Кралство Унгарија 1920—1944
Втората светска војна
Народна Република Унгарија
Унгарија

Портал:Унгарија

Праисторија

уреди

Потеклото на Унгарците не е познато целосно. Најстарата теорија дека тие потекнуваат од Хуните, во денешно време во практика историчарите ја отфрлуваат. Така, според најновите докази, Унгарците потекнуваат од Азија, или поточно од кинеската провинција Синкјанг. Во периодот од 7 век до 9 век тие живееле на реонот околу реката Дон. Следувал период на постојани напади од страна на најразлични племиња. По овие напади, унгарците главно се разделиле на две групи. Првата група отишла кон запад а другата кон југ. Западната група во 895 година ги преминала Карпатите и се сместила на териториите на Панонска низина, а јужната го основила Kummagyaria која опстојувала до 1396 година.

Населување во Панонската низнина

уреди

Со доселувањето на Унгарците во 9 век под раководство на Арпад, тие формирале еден вид конфедерација од седум унгарски племиња и три хазарски племиња. На чело на секое племе стоел т.н. везир. Во денешната историја ова е познато како Седум везири на Унгарија. По смртта на Арпад, за престолот започнале големи немири. Негов наследник станал Золта. Тој бил петтиот и најмал син на Арпад. Владеел во периодот од околу 907 до околу 947.

Унгарско кралство

уреди

Во периодот од 971 - 997 година владеел Геза, кој одлучил да се приклучи кон христијанска Европа и Унгарија да ја направи по моделот на европските држави. Негов наследник бил Вајк. Вајк, всушност е паганското име за идниот крал Иштван I, кој бил голем везир на Унгарците (997-1000) и првиот крал на Унгарија (1000-1038). Тој успеал да ја зацврсти унгарската контрола во Панонската низина, го вовел христијанството како примарна религија во земјата, а често се споменува дека тој е создавачот на кралството Унгарија. Тој бил канонизиран, заедно со неговиот син Емерик и Герард Сагредо на 20 август 1083, со што станал еден од најпопуларните светци во Унгарија.

Според унгарската традиција, папата Силвестер II со согласност на царот на Светото Римско Царство Отон III испратил величествена круна накитена со злато, намената за Стефан, со апостолски крст и писмо со благослов, со кое официјално бил признат како христијански крал на Унгарија. Подоцна, оваа традиција била толкувана како папско признавање на независноста на Унгарија од Светото Римско Царство. Точниот датум на неговото крунисување е различно претставена, некаде Божиќ во 1000, а некаде 1 јануари 1001.

Стефан I е тесно поврзан со Светата круна, наречена и Доктрина на светата круна, што создава единствена традиција на кралството Унгарија. Според Хартвишката легенда, за време на неговата коронација, Стефан се посветил на крунатасо света невиност, со тоа запечатувајќи го договорот меѓу Бог и круната (оттаму потекнува изразот „света круна“). Овој договор, исто така претставува основа за Доктрината на светата круна и основа за апостолското кралство Унгарија. Денешната круна, која денес опстијува, најверојатно никогаш не била носена од кралот, бидејќи истата потекнува од 12 век, иако нејзиното потекло е спорно.

По смртта на Иштван, неговиот внук Петар Орсеоло и брат Самуел Аба според правото се бореле за кралската круна. Поминале 9 години, откако неговиот братучед Андраш I бил крунисан за крал на Унгарија во 1047, возобновувајќи ја династијата на Арпадовците. Според унгарската историографија, Петар и Самуел се членови на династијата Арпадовци и двајцата се сметаат за кралеви од оваа династија.

Кратко по смртта на Иштван, се вели дека на неговиот гроб се појавиле лековити чуда. Иштван бил канонизиран од страна на папата Григориј VII како Свети Стефан од Унгарија во 1083, заедно со неговиот син Емерик и архиепископот Герард. Со ова, Иштван станал првиот крал-исповедник кој станал светец.

Среден век

уреди

Борба за власт

уреди

Во 1301 година поченал последниот крал на династијата Арпади, Андраш III. Следувал период во кој повеќе фракции се стремиле за престолот, кој период предизвикал немири. Овие немири траеле сè додека власта не била заземена од страна на Карло Роберт, кој имал крвно сродство со династијата Арпади по женска линија. Неговиот син, Лидвик I Велики престолнината ја преместил во Вишеград. Веќе во 15 век, Кралство Унгарија важело за едно од најсилните кралства во Европа.

Османлиска власт

уреди

Со приближувањето на Османлиите кон унгарските територии, започнал периодот од околу 150 години војна помеѓу Османлиското Царство и Унгарија. Унгарија загубила голем дел од својата територија во 1556 година. По Мохачката битка во 1526 година, дошол нов период за превласт. На едната страна биле Хабсбуршката династија и Османлиското Царство. На истокот владеел Јован Запола, а на запад Фердинанд I Хабсбуршки. Оваа ситуација довела до граганска војна, која најмногу ја искористила Османлиското Царство, освојувајчи ја во 1541 година. По војната, Унгарија била поделена на три дела: Словачка, Градиште и североисточна Унгарија.

Во периодот од 1604 - 1711 година, избувнало унгарското и хрватското востание против Хасбуршката династија. Во исто време, во Централна Унгарија имало незадоволство од католизмот. Најпознатата побуна се случила во 1671 година, која била со крв задушена. Во 1683 година избила нова војна помеѓу Османлиите и Австрија, која траела до 1699 година. Тогаш, христијанските војски најпрвин го ослободиле Будим а потоа и останатиот дел од монаријата. Во 1718 година, Унгарија целосно била ослободена од Османлиите.

Кралство Унгарија

уреди

Австроунгарија

уреди

Прва светска војна

уреди

Австроунгарија била создадена во текот на 1867 година како резултат на реформите кои биле преземени во рамките на дотогашната Австриско Царство, која од своја страна пак својата историја започнала да ја гради од 14 век. Во 1914 година, односно во Првата светска војна, влегла во составот на Централните сили заедно уште и со Германија, Турција и Бугарија.

Во текот на Првата светска војна Австроунгарија ја имала една од најсилната пешадиска армија. Биле мобилизирани околу 9 000 000 војници.

Австроунгарија во текот на војната била ставена во најлоша положба бидејќи истовремено требала да војна на 4 фронта - Македонски (Солунски), Романски, Источен (Руски) и Италијански фронт. Во почетокот забележала големи успеси. Истовремено, со поразот во војната, Австроунгарија како еден од условите била со сила распарчена од страна на Антантата (ноември 1918 г.). Како главната причина се гледа во стравот на Антантата овие две земји многу брзо да закрепнат од војната, со кое повторно би се создала можеби и уште посилна земја од тогашната Австроунгарија.

Унгарска Советска република

уреди

По војната од територијата на Австроунгарија биле создадени Чехословачка, Австрија и Унгарија, а дел од нејзините територии припаднале на Полска, Романија, Италија и Југославија.

Кралство Унгарија 1920—1944

уреди

Втора светска војна

уреди

Народна Република Унгарија

уреди

Република Унгарија

уреди