Жозе Мурињо

(Пренасочено од Жозе Морињо)

Жозе Марио дош Сантош Мурињо Феликс (португалски: José Mário dos Santos Mourinho Félix; или на кратко Жозе Мурињо; роден на 26 јануари 1963 година во Сетубал) — португалски фудбалски тренер и сегашен менаџер на Тотенхем. Го има прекарот Посебниот, којшто самиот си го измислил што подоцна бил прифатен од британските медиуми. За многу експерти, играчи и тренери Мурињо е еден од најдобрите менаџери во фудбалската историја.

Жозе Мурињо
Мурињо со Манчестер Јунајтед во 2017
Лични податоци
Полно име Жозе Марио дос Сантош Феликс Мурињо
Роден на 26 јануари 1963 (55г)
Роден во Сетубал, Португалија
Висина 1,74 m (5 ft 8 12 in)
Играчки податоци
Позиција среден ред
Сегашен клуб Тотенхем Тотенхем (менаџер)
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1980–1982 Рио Аве 16 (2)
1982–1983 Беленесес 16 (2)
1983–1985 Сесимбра 35 (1)
1985–1987 Комерцио де Индустрија 27 (8)
Раководител на екипите
1994–1996 Порто (assistant)
1996–2000 Барселона (асистент)
2000 Бенфика (асистент)
2000 Бенфика
2001–2002 Леирија
2002–2004 Порто
2004–2007 Челси
2008–2010 Интер Милан
2010–2013 Реал Мадрид
2013–2015 Челси
2016–2018 Манчестер Јунајтед
2019– Тотенхем Тотенхем

Синот на португалски голман Жозе Феликс Мурињо, Мурињо започнал како играч но немал ветувачка кариера и затоа се префрлил на менаџерството. По некое време работејќи како помошник менаџер и тренер на младинците во раните деведесетти, станал преведувач за Боби Робсон. Тука, Мурињо научил многу од тренерот ветеран работејќи со него за Спортинг Лисабон и Порто во Португалија, пред да го следи во шпанскиот клуб Барселона. Тој останал во каталонскиот клуб и по заминувањето на Робсон, работеше со неговиот наследник Луис ван Гал.

Почнал да се фокусира на тренерството и импресирал со неговите кратки но успешни менаџерски периоди во Бенфика и Леирија. Се врати во Порто во 2002 година, овој пат како главен тренер, и за кратко време успеа да освои три титули, победувајќи во Премиера Лигата, Купот на Португалија и Уефа Купот во 2003 година. Уште поголеми успеси имаше во 2004 година кога Мурињо го предводеше тимот до врвот на табелата за вторпат и ја освои престижната УЕФА Лига на Шампиони.

Следната година Мурињо се пресели во Челзи и освои двапати по ред за освои англиската Премиер Лига во 2005 година и 2006 година меѓу кои и други домашни почести. Често беше критикуван за неговата директност, но неговите посетители во Челзи и Порто го направија еден од најдобрите фудбалски менаџери, исто и од неговите благородници и пресот. Последователно, беше прогласуван за најдобар менаџер во светот од Интернационалната Федерација на Фудбалската Историја и Статистика ( ИФФИС) за сезоните 2004-05 и 2005-06.

По наводното испаѓање од хиерархијата на Челзи, се пресели во италијанската Серија А , потпишувајќи три годишен договор со Интер во средината на 2008 година. Во рок од три месеци ја освои првата италијанска почест, Супер Купот на Италија и ја заврши првата сезона во Интер со три титули, Италијанската Сериа А, Супер Купот на Италија и УЕФА Лигата на Шампиони, и така стана третиот менаџер во историјата кој има освоено две титули во УЕФА Лигата на Шампиони со две различни екипи по Ернст Хапел и Отмар Хиѕвилд. Поради овие достигнувања повторно беше прогласен за најдобар менаџер од ИФФИС за сезоната 2009-10, и првата ФИФА Златна Топка за најдобар менаџер во 2010 година.

На 28 мај 2010 година, неговото назначување за менаџер на Реал Мадрид беше потврдено, потпишувајќи четиригодишен договор. Од многу денес Мурињо се смета за најдобриот менаџер. Во април 2010 година, додека сè уште беше во Интер, пред вториот натпревар од полуфиналето, Жозеп Гвардиола рече: "Во поглед на најдобрите менаџери во светот, кога го споредуваше Жозе Мурињо со Алекс Фергусон, Арсен Венгер и Фабио Капело, тој е сè уште многу млад. Но дури и на негова возраст, титулата најдобар менаџер е е многу силен случај за него. Тоа е вистината." Легендарниот повеќекратен Светски Шампион во Шах и поранешен бр. 1 играч во шах, мајсторот Гари Гаспаров, го искористи португалскиот тренер како пример за стратегија и водство на прес конференцијата во февруари 2011 година, и рече: "Тој којшто покажува такви добри резултати со неколку екипи како што е случајот со Жозе Мурињо, мора да биде голем филозоф и стратегист". Познатиот Северно американски спортки магазин, Спортс Илустрејтед, во март 2011 година објави извештај, спроведен од Грант Вал, во кој Мурињо е опишан како еден од најдобрите тренери до сега во било кој спорт. Интервју му беше извршено на Алекс Фергусон кој рече: "Тој е на врвот, нема сомневање за тоа, мораш да имаш одреден критериум во поглед на менаџирањето, и тоа е тајната на успехот – која е многу тешка денес – и што победуваш. Мора да гледаш на неговите достигнувања како прва класа."

Ран живот и кариера

уреди

Години на формирање и учење

уреди

Жозе Марио дос Феликс Сантош беше роден во 1963 година во голема фамилија од средна класа во Сетубал, Португалија, син на Феликс Мурињо и Марија Жулија Каразола дос Сантош. Неговиот татко професионално играл фудбал за Белененсес и Сетубал, и имал еден настап за Португалија во текот на неговата кариера. Неговата мајка била наставничка во основно училиште; нејзиниот вујко ја финансирал изградбата на стадионот на Сетубал. Падот на Антонио де Оливера Салазар режимот во април 1974 годин, сепак, предизвикало фамилијата да изгуби се освен една куќа во близина на Палмела.

Мурињо било популарно и компетитивно дете и неговата мајка го охрабувала да биде успешен во неговите напори. Фудбалот бил главен дел од неговиот живот и неговиот татко се повикувал на тоа што бил импресиран од неговото познавање за играта. Фудбалките задачи што ги имал кон Порто и Лисабон знечело дека Феликс не можел често да биде со неговиот син. Сепак младиот Мурињо успевал да помине време со него и како тинејџер тој често присуствувал на неговите натпревари. До тогаш, татко му се сменил од играч на тренер и сакал Мурињо да стане студент на играта.

Мурињо сакал да ги следи стапките на татко му и затоа се приклучил на младинскиот тим на Белененес. Преминал на сениорско ниво, играл за Рио Аве (каде тренер бил неговиот татко), Белененсес и Сесимбра но било јасно дека нема стане професионален фудбалер поради недостигот на брзина и сила. Се соочил со фактот дека нема да биде фудбалер и започнал да го исполнува неговиот сон да стане професионален фудбаски тренер. Неговата мајка имала други идеи за него и го запишала на бизнис училиштето. Мурињо почнал да оди на училиште но бил избркан првиот ден, решил да се фокусира на спорт, затоа решил да се запише на Факултетот за фискултура на Техничкиот Универзитет во Лисабон за да учи хемија на спортот. Го изучил физичкото образование на различни училишта и по пет години, се стекнал со диплома , завршил со исклучително добри оценки во текот на студирањето. Откако присуствувал на курсот за тренер одржан од Англиските и Шкотските Асоцијации, поранешениот шкотски менаџер Енди Роксбург го забележал младиот португалец како навлегува во детали и вниманието на деталите. Мурињо барал редифинирање на тренерството во фудбалот со мешање на тренерската теорија со мотивациони и психолошки техники.

Вовед во менаџирањето

уреди

По напуштањето на неговата работа со училиштето за тренери, Мурињо планирал да влезе во водите на менаџирање во неговиот роден град и станал тренер на младинската едкипа на Сетубал во раните деведесетти. Искачувајќи се нагоре по скалата, ја прифатил понудата за помошник менаџер на Естрела де Амадора, со менаџерто Жезуалдо Фереира. Подоцна бил менаџер на Оваренсе. Мурињо бил спремен за поголеми предизвици и така произлегла можноста во 1992 година да работи како преведувач за врвен менаџер. Боби Робсон беше назначен како нов менаџер на лисабонскиот клуб Спортинг Лисабон и на англичанецот му беше потребен локален тренер со добро познавање на англиски за да работи како преведувач.

Првично, потегот беше чекор подалеку од менаџерството но како преведувач, Мурињо го заработи почитот и пријателството од Робсон. Тој му посака добредојде на преводите на Мурињо двајцата станаа блиски во дискутирањето на тактиката. Робсон беше избракан од Спортинг во 1993 година, но португалските соперници ФК Порто го назначија него како главен тренер и така Мурињо продолжи да работи како преведувач за играчити. По две години во Порто, дуото пак се пресели и тоа во ФК Барселона во 1996 година. Нивниот последен меч како тренер и помошник во ФК Порто заврши со победа од 5-0 против Бенфика во португалскиот Супер Куп, меч што многу навивачи уште го памтат. Во Барселона продолжи да ги покажува неговите квалитети, учејќи каталонски за нови предизвици. Мурињо и неговата фамилија се преселија во Барселона и тој постепено стана истакната фигура во Барселона со неговото преведување на прес конференциите, помагајќи им на играчите со тактичките совети, планирање на тренинзите и анализирање на противникот. Стиловите на Робсон и Мурињо се надополнуваа еден со друг, англичанецот претпочиташе напаѓачки стил додека Мурињо дефанзивен стил. Партнерството вроди со плод таа сезона кога Барселона го освои Европскиот Куп на Победници. Робсон го промени клубот следната сезона но овој пат Мурињо не го следеше бидејќи Барселона сакаше тој да остане како помошник менаџер. И покрај заминувањето, двајцата останаа добри пријатели и Мурињо се рефлектираше на ефектот што Робсон го имал на него:

Една од најзначајните работа што ја научив од Боби Робсон е дека кога победуваш, не треба да мислиш дека ти си тимот и кога губиш не треба да мислиш дека си ѓубре.

Тој започна да работи со наследникот на Робсон, Луис ван Гал, и научи доста од холанѓанецот. Мурињо и ван Гал двапати ја освоија Ла Лига во првите две години. Ван Гал виде дека во овој успех голем удел има и помошникот менаџер. Тој му дозволи на Мурињо да развива негов независен стил и му дозволи да ја води Барселона Б. Ван Гал исто така му дозволуваше на Мурињо да биде главен и на првиот тим ( глумејќи како помошник менаџер на Мурињо) за одредени трофеи, како Копа Каталунија кој го освои Мурињо во 2000 година.

Тренерска кариера

уреди

Бенфика и Леирија

уреди

Шансата да стане врвен менаџер дојде во септември 2000 година кога Мурињо се пресели од помошник менаџер во менаџер во Бенфика каде го замени тогашниот менаџер Јап Хенкес по само четири недели во Примера Лигата. Хиерархијата во Бенфика сакаше да го назначи Жезуалдо Фереира како нов помошник менаџер, но Мурињо се побуни и го избра Карлос Мозер пензиониран одбранбен играч на Бенфика како негова десна рака.

Кога зборував со ван Гал за враќање во Португалија за да бидам помошник во Бенфика, тој рече: Не, не оди. Кажи и на Бенфика ако сакаат менаџер тогаш ќе одиш; ако сакаат помошник ти ќе останеш.

Мурињо беше крајно критичен кон Фереира, кој за првпат го сретнал како негов професор на факултетот за фискултура и поцна го нападна ветеранот цитирајќи, "Ова може да биде приказната за магарето кое работеше 30 години но никогаш не стана коњ." Само неколку недели откако му беше доделена работата во Бенфика, менторот на Мурињо, Боби Робсон, му ја понуди улогата на помошник менаџер во Њукасл Јунајтед. Таков беше очајот на Робсон за Мурињо да му се придружи тој му понуди на Мурињо дека по две години ќе му го предаде владеењето на Мурињо. Мурињо ја одби понудата и рече дека тој знае дека Робсон никогаш нема да се откаже во клубот кој го сакал.

Мурињо и Мозер се покажаа како популарна комбинација, уживајќи во победата од 3-0 против лутите соперници Спортинг во декември. Ова владеење, сепак, се покажаа дека е на ризик по изборот на Бенфика кој беше против претседателот Жоао Вале Азеведо, и ново избраниот Мануел Виларињо рече дека тој ќе го постави поранешниот играч на Бенфика Тони како негов нов менаџер. Иако Виларињо немаше намера веднаш да му даде отказ, Мурињо ја употреби победата пртотив Спортинг за да ја тестира лојалноста на претседателот и побара продолжување на договорот. Виларињо го одби барањето на Мурињо и веднаш го разреши Мурињо од сите функции во клубот. Тој го напушти клубот на 5 декември 2000 година по само десет лигашки натпревари. Подоцна, Виларињо се каеше за неговата процена и ја изрази неговата фрустрација поради губењето на Мурињо:

Вратете не назад и тогаш ќе го направам токму спротивното: Ќе го продолжам неговиот договор. Само доцна сфатив дека карактерот на едно лице и гордоста не може да се стави пред интересот на институцијата на која и служиме.

Мурињо најде ново менаџерско место во април 2001 година во Леирија, каде заврши на највисокот место во историјата на клубот на петтото место. Успехот на Мурињо со Леирија не остана незабележан и го привлече вниманието на поголемите португалски клубови.

Порто

уреди
Податотека:Champions League trophy.jpg
Трофејот на УЕФА Лигата на Шампиони, освоен со Порто и Интер

Во јануари 2002 година тој беше избран од луѓето на ФК Порто да го замени Октавио Мачадо. Мурињо го предводеше тимот до третото место таа година по 15 победи во низа и вети дека ќе ги направи шампиони Порто наредната година.

Тој индетификуваше неколку клучни играчи во кои веруваше дека ќе бидат костурот на тимот и за кои веруваше дека еден перфектен Порто би изгледал: Виктор Баија, Рикардо Карваљо, Костиња, Деко, Димитри Аленичев и Хелдер Постига. Го донесе капитенот Жорге Коста од Чарлтон. Засилувњата од други глубови ги вклучуваа Нуно Валенте и Дерлеи од Сетувал; Педро Емануел од Боависта; и Едгарас Јанкаускас и Маниче, кои ги донесе од Бенфика.

За време на подготвителниот период, Мурињо објавуваше детални информации на интернет за тренингот. Извештаите беа полни со формален вокабулар како на пример, 20км џогирање го нарекуваше продолжена аеробична вежба. Додека привлекуваа потсмев од претенциозните, некои ја фалеа иновацијата и новите методи на Мурињо. Еден од главните аспекти во ерата на Мурињо во Порто беше неговиота брза досетливост и пресинг играта која почнуваше со офанзивната линија. Физичките и борбените можности на одбранбените и на играчите од средниот ред му дозволуваше на Порто да врши притисок уште на половината на противникот и со што го форсираше противникот да изгуби топката.

Во 2003 година, Мурињо ја освои својата прва титула во Примера Лигата со рекордни 11 бода пред Бенфика, тимот од кој се откажа пред две години. Вкупниот број на 86 бода од можни 102 беше нов португалски рекорд отакако постои правилото 3 бода за победа. Мурињо исто така го освои и Португалскиот Куп ( против поранешниот клуб Леирија во финалето) и УЕФА Купот против Селтик во финалето во мај 2003 година.

Следната сезона сведочеше за понатамошни успеси: го предводеше Порто до победа во Португалскиот Супер Куп, победувајќи ја Леирија со 1-0. Изгубија, сепак, во УЕФА Супер Купот со 1-0 против Милан со голот на Андреј Шевченко. Тимот беше доминантен во Премиера Лигата и ја завршија сезоната со перфектен домашен рекорд, осум бода предност, и победничката низа заврши со Гил Висенте; ја обезбедија титулат пет кола пред завршувањето на сезоната. Порто загуби во финалето на Португалскиот Куп од Бенфика во мај 2004 година, но две недели поцна, Мурињо освои поголема награда, УЕФА Лигата на Шампиони со победа од 3-0 во финалето против Монако во Германија. Клубот елимираше клубови како Манчестер Јунајтед, Лион и Депортиво Лакоруња и имаше само еден пораз од Реал Мадрид во групната фаза.

Победата на Мурињо против Манчестер Јунајтед предвиде преселба во англиската лига, каде тој и менаџерто Алекс Фергусон ќе се натпреваруваат во Премиер Лигата. Порто беше пред пораз кога Костиња постигна гол на 30 секунди пред крајот. Како одговор на неговиот европски и домашен успех, Мурињо беше поврзуван по неколку врвни европски клубови и тоа Ливерпул, Реал Мадрид и Челзи. Мурињо јавно изјави дека повеќе ја претпочита работата во Ливерпул од онаа на Челзи:

Ливерпул е тим за кој секој се интересира и затоа не ме интересира Челзи толку затоа што е нов проект со многу инвестирани пари. Мислам дека е проект во кој, ако клубот не успее ништо да освои, тогаш Роман Абрамович може да се повлече исто тако и парите. Проектот не е јасен. Интересно е за тренер да има пари да купи квалитетни играчи но никогаш не можеш да знаеш дали еден ваков проект ќе донесе успех. Ливерпул нивната менаџерска позиција му ја понуди на шпанецот Рафаел Бенитез и така Мурињо ја прифати богатата понуда од Роман Абрамович и ја заложи неговата иднина во Челзи.

Челзи

уреди
 
Мурињо во Челзи

Мурињо се пресели во Челзи во јуни 2004 година, и стана еден од најдобро платените менаџери во фудбалот со годишна плата од 4,2 милиони фунти, која во 2005 година се зголеми на 5,2 милиони фунти. На прес конференција по доаѓањето во Челзи Мурињо рече, "Ве молам не ме викате арогантен, но јас сум Европски шампион и мислам дека сум Специјален," што резултираше со неговото препознавање во медиумите како "Специјалниот".

Мурињо регрутираше неколку негови вработени од Порто, и тоа, помошникот менаџерот Балтемар Брито, фитнес тренерот Руи Фарија, шефот на скаутите Андре Вилас Боас и тренерот на голманите Стив Кларк, поранешен играч на Челзи, кој исто така извршуваше функција како помошник менаџер под раководство на поранешниот менаџер Клаудио Раниери, Роман Абрамович потроши преку 70 милиони фунти за засилувања како Тиаго (10 милиони фунти) од Бенфика, Микаел Есиен(24,4 милиони фунти) од Лион, Дидје Дрогба (24 милиони фунти) од Марсеј, Матеја Кежман( 5,4 милиони фунти) од ПСВ и парот од Порто Рикардо Карваљо (19,8 милиони фунти) и Паоло Фереира ( 13,3 милиони фунти).

Под водство на Мурињо, Челзи го градеше потенцијалот во претходната сезона. Во декември, беа на врвот на табелата и стигнаа до нокаут фазите од Шампионската Лига. Го обезбедија својот прв трофеј победувајќи во финалето на Лига Купот против Ливерпул со 3-2 во Кардиф. Кон крајот на мечот Мурињо беше исклучен поради покажување на средниот прст на навивачите на Ливерпул.

Клубот додаде повеќе трофеи и ја осигураа нивната прва домашна титула по 50 години, поставувајќи доста англиски рекорди. Сепак, тој не успеа да ја одбрани титулата во Лигата на Шампионите откако беше елиминиран во полуфиналето со контроверзен гол од Ливерпул.

Челзи добро ја започна наредната сезоната. Го победија Арсенал во финалето на ФА Комјунити Шилд Купот со 2-1. Челзи го победи лутиот соперник Манчестер Јунајтед со 3-0 и ја освои нивната втора титула во низа и четврта домашна во низа за Мурињо. По презентацијата на шампионскиот медал, Мурињо го фрли во публиката. Му беше доделен и втор медал кој исто така и го фрли на публиката.

Потпишувањето на украинскиот напаѓач Андреј Шевченко во летото 2006 година за рекордна сума се покажа како заедничко задоволство помеѓу Мурињо и Абрамович. Шевченко за време на потпишувањето беше еден од најдобрите напаѓачи во Европа додека беше во Милан, каде ја освои Шампионската Лига, скудетото и Златната Топка во текот на седумте години во Милан.Челзи имаше обиди да го доведе Шевченко и претходните две години но Милан не сакаше да го продаде. Првата сезона на Шевченко во Челзи беше големо разочарување постигна само 4 лигашки голови и 14 во сите натпреварувања. Партнерот на Шевченко, Дидје Дрогба имаше најмногу постигнати голови таа сезона во неговата кариера што доведе до изоставање на Шевченко од првиот тим. Особено, во меч од Лигата на Шампиони на Енфилд, Шевченко не беше ниту на клупата за резервни фудбалери. Инсистирањето на Абрамович на Мурињо за да игра Шевченко беше понатамошен извор на недоразбирање меѓу нив. Потпишувањето на Шевченко не беше единствено во Челзи, сепак, германскиот капитен Михаел Балак беше донесен како слободен играч од Баерн Минхен. Ислаѓанскиот напаѓач Ејдур Гудионсен значаен играч за Челзи и под водство на Раниери и Мурињо го напушти клубот и потпиша за Барселона.

Во сезоната 2006-07 медиумите шпекулираа дека Мурињо ќе го напушти клубот на крајот на сезоната, поради слабите врски со сопственикот Роман Абрамович и спортскиот директор Франк Арнесен и советникот на Абрамович Пиет де Визер. Подоцна Мурињо ги разјасни сите недоразбирања и изјави дека има само два начина на кој ќе го напушти Челзи, ако Челзи не му понуди нов договор во јуни 2010 година и ако му биде врачен отказ од Челзи. Тој започна амбициозна кампања за освојување на сите достапни трофеи со цел да стане првиот клубо во Англија што успеал да ги освои сите четири титули.

И покрај немирот, Челзи, под водство на Мурињо повторно го освои Лига Купот победувајќи го Арсенал во финалето на Милениум Стадионот. Можноста, сепак, да се освојта сите четири титули беше неостварлива кога Ливерпул на 1 мај го елиминирапе Челзи од Лигата на Шампиони на пенали на Енфилд. Неколку дена подоцна, Челзи не успеа да ја освои премиер лигата откако одигра 1-1 со Арсенал на Емирати на 6 мај 2007 година. Ова значеше дека титулата ќе ја освои Манчестер Јунајтед. Ова беше првата сезона на Мурињо без домашна титула во пет години. Мурињо го предводеше Челзи до победа од 1-0 против Манчестер во финалето на ФА Купот во 2007 година, финалето се играше на новиот стадион Вембли. Ова беше неговиот прв Фа трофеј што значи дека ги има освоено сите достапни англиски трофеи. Сепак, и понатаму имаше недоразбирања помеѓу него и Абрамович кога Авран Грант беше назначен како спортски директор и покрај противењето на Мурињо. Позицијата на Грант беше подобрена откако му беше дадено место во одборот. Во духот на овие тензии, трансфер сезоната 2007-08 ќе го забележи заминувањето на холандскиот крилен играч Арјен Робен во Реал Мадрид и доаѓањето на Флорент Малуда. Шевченко беше поврзуван со враќање во Милан но остана уште една година во Челзи.

Во првиот меч од сезонара 2007-08, Челзи го победи Бирмингем со 3-2 и постави нов рекорд за 64 последователни средби без пораз на домашен терен, поминувајќи го рекордот на Ливерпул поставен помеѓу 1978 и 1981 година. И покрај ова , стартот на сезоната не беше успешен како што беше планирано. Тимот загуби од Астон Вила на гостински терен и одигра 0-0 на домашен терен со Блекбурн. Нивниот прв натпревар од Лигата на Шампионите заврши само 1-1 против норвешкиот тим Розенборг.

Неочекувано Мурињо го напушти Челзи на 20 септември 2007 година со зеднички договор иако имаше серија на недоразбирања со претседателот Роман Абрамович . Одборот на Челзи одржа итен состанок и реши дека е време да се раздели со нивниот менаџер. Муруњо го напушти Челзи како најуспешениот менаџер во историјата на Челзи, освојувајќи шест трофеи за клубот во три години. Исто така беше непоразен по сите лигашки натпревари на домашен терен. Аврам Грант го наследи Жозе Мурињо но не успеа да освои ниту еден трофеј во оваа година иако стигна до финалето на Лигата на Шампиони и Лига Купот. Челзи под водсто на Грант исто заврши на второто место во Премиер Лигата.

Интер

уреди
 
Мурињо на прес конференција.
 
Мурињо во Москва, за време на натпревар од Лигата на Шампионите 2010 година

На 2 јуни 2008 година, Мурињо беше назначен за наследник на Роберто Манчини во Интер со три годишен договор, и со него донесе голем број на луѓе со кои работеше во Челзи и Порто. Го одбра Ѓузепе Барези за негов асистент, поранешен играч и менаџер на младата академија на Интер. На прес конференцијата на неговото претставување тој зборуваше само на италијански, тврдејќи дека го научил за само три недели. Мурињо изјави дека има намера да го засили тимот само со неколку големи имиња во летото. На крајот на трансфер периодот тој купи три нови играчи: бразилскиот крилен играч Мансини (13 милиони евра), ганскиот играчот од средниот ред Сулеј Мунтари (14 милиони евра) и португалскиот крилен играч Рикардо Кварезма за 18,6 милиони евра плус Пеле како размена.

Во неговата прва сезона како менаџер на Интер, Мурињо го освои Италијанскиот Супер Куп, победувајќи ја Рома на пенали, го освои првото место во Серија А. Интер, сепак, беше елиминиран од Манчестер Јунајтед со вкупни 2-0 во првата нокаут рунда од УЕФА Лигата на Шампиони, и исто така не успеа да победи во Копа Италија, откако беше поразен од Сампдорија во полуфиналето со вкупни 3-1. Откако УЕФА почна да ги притиска големите клубови да играат со повеќе домашни играчи, Мурињо регуларно го играше 18 годишниот напаѓач Марио Балотели и одбранбениот играч Давид Сантон, и направи тим со повеќе италијански играчи во кој претходно играа многу странски играчи. И двајцата тинејџери имаа улога во освојувањето на Скудетото и одиграа доволно сениорски натпревари за да го заработат својот прв сениорски трофеј.

И покрај домашните успеси и освојувањето на Скудетото со разлика од десет боди, првата сезона на Мурињо како менаџер на Интер многу навивачи ја гледаа како разочарување откако не успеа да направи некаков подвик во Лигата на Шампионите како и неговиот претходник Роберто Манчини. Интер имаше серија на лоши резултати што вклучуваше и пораз на домашен терен од Панатинаикос и само реми со кипарскиот аутсајдер Анортозис во групната фаза. Тие, сепак, се квалификуваа во нокаут фазите од Лигата на Шампионите но не успеаја да стигнат до четвр-финалето откако загубија од Манчестер Јунајтед.

Мурињо исто така предизвика немири во италијанскиот фудбал преку нековите контроверзни врски со италијанскиот прес и медиумите, и навредите кон неколку големи италијански менаџери како Карло Анчелоти тогаш менаџер на Интер, Лучано Спалети на Рома и Клаудијо Раниери на Јувентус. На прес конференција во март 2009 година, тој ги навреди првите два лути соперници изјавувајќи дека тие ќе ја завршат сезоната без почести- и ги обвини италијанските спортски новинари за ‘интелектуална проституција‘ во нивно име. Оваа навреда брзо стана популарна во Италија, особено во поглед на ‘нула титули‘ цитирано од Мурињо, и погрешно изговорено од него како zeru tituli (точно на италијански би било zero titoli). Исто така стана главната фраза употребена од навивачите во славењето на17то скудето подоцна таа сезона. Фразата беше дури употребена и од Најк во презентирањето на дресовите за титулата на Интер во Серија А. По финалето во Копа Италија во мај, навивачите на Рома се сретнаа со градските соперници Лацио, новите победници во Копа Италија носеа дресови на кои имаше испишано Io campione, tu zero titoli ("Јас сум шампион, вие немате почести") , цитирајќи ја изјавата на Мурињо "zeru tituli".

На 16 мај 2009 година, Интер и математички ја освои Серија А, по поразот на вицешампионот Милан од Удинезе. Со овој пораз Нероаѕурите имаа седум бода предност пред градските соперници на само два натпревара до крајот. Тие подоцна ќе завршат со десет бода пред Милан.

На 28 јули 2009 година, Мурињо изјави интерес за преземање на Манчестер Јунајтед кога Алекс Фергусон ќе се пензионира. Тој цитираше, "Би размислил за одење во Манчестер Јунајтед ако тие ме сакаат како наследник на Алекс Фергусон. Ако сакаат, тогаш се разбира."

Под водство на Мурињо, Интер остана активен на трансфер пазарот. Адријано го напушти Интер во 2009 година, по него си замина и аргентинското дуо Жулио Круз и Ернан Креспо. Легендарниот португалски играч и ветеран Луис Фиго се пензионираше. Фиго беше на работ на заминување од Интер под водство на Манчини поради малата минутажа во неговата последна сезона, Мурињо почесто му даваше шанса. Мурињо го купи аргентинскиот напаѓач Диего Милито, кој беше втор стрелец во лигата во Џенова со само еден гол заостануње зад првиот, ги купи исто така и Тиаго Мота и Весли Снајдер да ја засили средината. Можеби неговото најзначајно засулување во неговата втора сезона беше замената на Златан Ибрахимовиќ за камерунецот Самуел Ето од Барселона за кој исто така Барселона му доплати на Интер уште 35 милиони евра. Овој трансфер беше вториот најскап трансфер во историјата на трансфер пазарот, по преселбата на Кристијано Роналдо во Реал Мадрид порано во летото. Ето имаше ветувачки старт во Интер, во првите два меча постигна два гола.

Ригардо Кварезма засилувањето на Мурињо од неговиот поранешен клуб Порто беше гледано како големо засилување за тимот, но неговите разочаруачки игри доведоа до негово позајмување во Челзи во средината на сезоната. Мансини исто така не успеа да наметне во средниот ред и со овие недостатоци во следниот трансфер период приоритет на Интер. Недостатокот на креативен плејмејкер или trequartista, беше главен виновник за неуспехот во Лигата на Шампионите. Со цел да го реши овој проблем, Интер потпиша со холандскиот играч од средниот ред Весли Снајдер од Реал Мадрид.

Мурињо уште еднаш предизвика контроверзија во летото со неговиот аргумент за менаџерот на репрезентацијата на Италија Марчело Липи. Липи предвидуваше дека Јувентус ќе го освои Скудетото во сезоната 2009-10, на што Мурињо гледаше како непочитување кон Интер. Претходната година, Липи предвиди дека Интер ќе ја освои титулата и Мурињо не одговори на ова предвидување. Липи одговори велејќи дека Мурињо беше ист како Џиро Ферара и Леонардо на Јувентус и Милан, респективен, но само што тој беше малку поискусен. По судирот со Липи, имаше судир и со капитенот на Италија Фабио Канаваро за местото на Давид Сантон со тимот. Канаваро рече дека Сантон можеби треба да си замине од Интер за да игра регуларно за Италија за Светското Првенство. Мурињо одговори велејќи дека Канаваро се однесува како тренер.

Интер се мачеше во првите два меча од новата сезона. Тимот загуби во Италијанскиот Супер Куп од Лацио со 2-1 и одигра нерешено со новиот прволигаш Бари 1-1 на Сан Сиро. Оттогаш тимот на Мурињо драстично ќе се подобри, сепак, тој направи добар среден ред со Снајдер во срцето на средината , новото засилување Тиаго Мота и ветераните Хавиер Занети и Дејан Станковиќ. Интер постигна повеќе од 30 голови(до крајот на ноември), победувајќи го градскиот соперник со 4-0, со двата гола на новите засилувања Тиаго и Милито, победа против Џенова од 5-0, победа со наголем број на голови во Серија А таа сезона. Тој беше исклучен во декемвриското дерби откако беше саркастичен и му аплудираше на судијата откако мислеше дека судијата му подари слободен удар на Јувентус, Интер загуби со 2-1 со голот на Клаудијо Маркизио постигнат во второто полувреме.

Подоцна за време на сезоната, Мурињо беше критички настроен кон судењето во Италија, кое го достигна врвот на 22 февруари 2010 година на лигашки меч помеѓу Сампдорија кој заврши нерешено со 0-0, откако двајца играчи на Интер беа исклучени уште во првото полувреме. На крајот од првото полувреме гестот со лисиците пред камера беше сметан и гледан како насилен и критички спрема судењето од Фудбалската Асоцијација, и Мурињо доби три натпревари казна. Исто, неговата лоша врска со младиот напаѓач Марио Балотели и падот на формата на тимот што доведе до освојување на седум бода во шест натпревари (вклучувајќи го и шокирачкиот пораз од 1-3 од Катанија кој се случи додека Мурињо беше казнет) беа мета на критики од медиумите. И покрај ова, Мурињо успеа да го победи неговиот поранешен клуб Челзи во четврт-финалето од Лигата на Шампионите и во двата натпревари(2-1 победа на Сан Сиро и потоа победа на Стемфорд Бриџ со 1-0).

На 6 април 2010 година, Жозе Мурињо стана првиот менаџер во историјата што успеал со три различни тима да стигне до полуфиналето УЕФА Лигата на Шампионите ( овој рекорд беше израмнет од менаџерот на Баер Минхен Луи ван Гал еден ден подоцна) откако неговиот Интер успеа да ја победи ЦСКА Москва со 0-1 во Русија во вториот натпревар, кој заврши со вкупен резултат од 2-0. Ова беше за првпат по седум години еден менаџер да успее да стигне до полуфиналето од натпреварувањето. На 13 април, Интер ја продолжи добрата сезона откако успеа да се кафалификува во финалето од Копа Италија првпат под водство на Мурињо, победувајќи ја Фиорентина со 1-0 на гостински терен(2-0 вкупен резултат).

На 28 април 2010 година, Мурињо стигна до финалето на УЕФА Лигата на Шампиони по вторпат во неговата кариера откако Интер ја победи Барселона кои беа шампиони со вкупни 3-2, по поразот од 1-0 на Ноу Камп (кој Мурињо го нарече ‘најубавиот пораз во мојот живот‘). Ова го донесе Интер назад во едно финале на УЕФА Лига на Шампиони по цели 38 години против Ајакс. Мурињо беше вмешан во еден инцидент со голманот на Барселона Виктор Валдез додека се обидуваше да се приклучи на славењето на Интер. Мурињо подоцна изјави дека тоа Анти-Мадрисимо ги мотивирало навивачите на Барса, изјавувајќи дека тие биле опседнати со стигнување до финалето и освојување на него на теренот на лутиот соперник . Марка објави дека Мурињо го поминал тестот за да биде новиот менаџер на Реал Мадрид, откако неговите навивачи ја славеја елиминацијата на Барселона.

На 2 мај, по гостинската победа во Рим против Лацио од 2-0, Интер ја обезбеди титулата во Серија А. На 5 мај 2010 година тимот ја освои Копа Италија, поразувајќи ја Рома со 1-0, и на 16 мај 2010 година Интер ја победи Сиена со 2-0 и обезбеди две титули. На 22 мај 2010 година, Интер ја освои УЕФА Лигата на Шампиони победувајќи го Баер Минхен со 2-0, и стана првиот италијански тим кои успеал да ги освои овие три титули и Мурињо лично ја прослави својата втора тројна круна во неговата менаџерска кариера и втора титула во Лигата на Шампионите. Наредниот ден откако ја освои Лигата на Шампиони, Мурињо изјави дека е тажен, и речиси сугурно ова беше последниот натпревар со Интер. Додаде дека ако не бидеш менаџер на Реал Мадрид тогаш ќе имаш една голема празнина во твојата кариера.

По денови на дискутирање помеѓу Реал Мадрид и Интер, рекорден пакет на компензација беше договорен на 27 мај 2010 година и Мурињо беше ослободен од Интер.

Реал Мадрид

уреди
 
Мурињо на прес конференција.

На 28 мај 2010 година, беше потврдено дека Мурињо ќе ја преземе менаџерската позиција од Мануел Пелегрини на Сантјаго Бернабеу. На 31 мај 2010 година, Мурињо беше претставен како новиот менаџер на Реал Мадрид по потпишувањето на четири годишен договор со клубот и стана 11 менаџер во последните седум години во Реал Мадрид.

До крајот на трансфер периодот, по ФИФА Светскиот Куп 2010, тој донесе четири нови играчи во клубот: двајцата Германци Мезут Озил (15 милиони евра) и Сами Кедира (13 милиони евра), португалскиот одбранбен играч Рикардо Карваљо (8 милиони евра) и Ангел ди Марија (25 милиони евра).

На 29 август 2010 година, на првиот натпревар од новата сезона во Ла Лига Реал Мадрид одигра нерешено 0-0 со Реал Мајорка ова беше првиот натпревар за Жозе Мурињо како менаџер на Реал Мадрид.

Кога беше прашан за нереализирани можности против Леванте во Ла Лига и Осер во УЕФА Лигата на Шампиони, Мурињодговори: "Еден ден некој слаб противник ќе плати за пропуштените шански денеска." Следниот меч на Сантјаго Бернабеу заврши со победа од 6-1 против Депортиво. Следните лигашки натпревари ја потврди изјавата на Мурињо, поразувајќи ја Малага со 4-1 и потоа Расинг со 6-1.

На 29 ноември 2010 година, Мурињо беше поразен на неговото прво ел класико против Барселона. Мечот кој се одигра на Камп Ноу заврши со 5-0 за домаќинот, директорот на Реал Мадрид Флорентино Перес овој меч го нарече како најлош меч во историјата на Реал Мадрид. Спортскиот директор Валдано исто го критикуваше Мурињо за неговота немоќ за да направи поголема исправка на играта и седењето на клупата во текот на целиот натпревар. Кога беше запрашан од медиумски репортер Мурињо, сепак , одби да го нарече поразот ‘понижување‘.

На 30 ноември 2010 година, Мурињо беше казнет со 33.500 фунти заради потикнување на Чаби Алонсо и Серхио Рамос во обидот да направат стратегиски втор жолт картон во победата од 4-0 против Ајакс. Тој исто така беше казнет и со два меча забрана за водење на екипата во Лигата на Шампионите.

На 22 декември 2010 година, Жозе Мурињо победи меч со најголем број на постигнати голови во неговата кариера, победа од 8-0 против Леванте, исто во Ла Лига во првиот двобој од четврт-финалето на Кралскиот Куп.

Менаџерска Статистика

уреди
Тим Земја Од До Податоци
Натпревари Победи Нерешени Порази Победи% Постигнати голови Примени голови Гол разлика +/-
Бенфика   20 септември 2000 5 декември 2000 11 6 3 2 54.55 17 9 +8
Леирија   14 април 2001 20 јануари 2002 20 11 5 4 54.84 47 28 +19
Порто   23 јануари 2002 26 мај 2004 127 88 24 15 70.73 222 79 +143
Челзи   2 јуни 2004 20 септември 2007 185 131 36 18 70.81 330 119 +211
Интер   2 јуни 2008 28 мај 2010 108 68 25 15 62.96 185 94 +91
Реал Мадрид   31 мај 2010 58 43 9 6 74.14 140 42 +97
Вкупно 509 347 102 60 68.17 941 371 +570

Статистиката е точна заклучно со последниот одигран меч на 15 мај 2011

Несоборен рекорд на домашен терен

уреди

Помеѓу 23 февруари 2002 година и 2 април 2011 година, Мурињо немаше пораз на 150 домашни лигашки натпревари: 38 (Победи36–Нерешени2) со Порто, 60 (Победи 46–Нерешени 14) со Челзи, 38 (Победи 29–Нерешени 9) со Интер и 14 (Победи14-Нерешени 0) со Реал Мадрид. Рекордот беше официјално соборен на 2 април 2011 од Спортинг Хихон кога тие го поразија Реал Мадрид со 1-0 на Сантјаго Бернабеу во Ла Лига.

Неговиот последен пораз на домашен терен беше кога Порто беше поразен од Бериа Мар со 3-2 на 23 февруари 2002.

Почести

уреди

Менаџерски

уреди

Во осум сезони како менаџер, вклучувјќи и осум месечно отсуство во 2007-08, Мурињо ги предводеше неговите клубови до шест домашни титули, еднаш УЕФА Купот и двапати УЕФА Шампионската Лига, од 2002, Мурињо нема сезона во која нема освоено најмалку еден ј трофеј.

  Порто(2002–2004)
  Челзи(2004–2007)
  Интер(2008–2010)
  Реал Мадрид (2010–present)

Поединечни

уреди

Специјални награди

уреди

Контроверзност

уреди

Мурињо често беше гледан како контроверзна фигура во фудбалот. Неговиот престој во Челзи, особено, ја потврди оваа гледна точка со неговите чести коментари затоа и често беше казнуван од фудбалските власти.

На 27 јануари 2003 година, по дербито помеѓу Порто и Боависта на Естадио дас Антас, Мурињо одби да се поздрави со менаџерто на Боависта Џејми Пачеко, цитирајќи "Јас не се поздравувам со некојшто не го познавам". Двата менаџери си разменуваа зборови цела недела пред нтпреварот. Пачеко му врати на Мурињо во февруари 2007, пред натпреварот од Лигата на Шампионите помеѓу Порто и Челзи, нарекувајќи го Мурињо болен и ментално ретардиран.

На 31 јануари 2004 година, по мечот во Лисабон помеѓу Спортинг и Порто кој заврши 1-1, голманот на Порто Виктор Баија и играчот од средниот ред на Спортинг Руи Жорге си ги разменија дресовите. Мурињо го зеде дресот на Руи од Баија и го искина. Мурињо не беше казнет за ова. На 26 февруари, по мечот помеѓу Порто и Манчестер Јунајтед на Драгао лутиот Алекс Фергусон (менаџерто на Манчестер) избега од Мурињо и одби да се поздрави со него. Мурињо го повика да се извини. Во март, пред мечот од УЕФА Купот помеѓу Барселона и Селтик, Мурињо го критикуваше менаџерот на Селтик Мартин Онил и неговиот тим за играњето на неатрактивен фудбал, и повторно го критикуваше по финалето на УЕФА Купот помеѓу Селтик и Порто, кога рече "ние ја држевме топката а тие само трчаа по теренот обидувајќи се да ни ја земат со нивниот ужасен и агресивен стил на игра". Онил остро одговори критикувајќи го глумењето на играчите на Порто кои се навиканти на им свират фаули. "Коментарите на Мурињо се неверојатни.Се заканив само со одговорот кој го заслужија. Рече Онил

На 6 октомври 2004 година, Адријан Муту го обвини Мурињо дека го спречил да игра во кфалификациите на Светскиот Куп. Мурињо беше информиран од медицинскиот тим дека играчот не бил спремен по повредата на коленото, но Муту не се согласуваше и инсистираше дека е спремен да игра. Несогласувањето за физичката спремност за кратко време стана неважно откако тестовите на Муту беа позитивни на кокаин во еден рутински тест и беше избркан на 29 октомври 2004 година.

По натпреварот помеѓу Челзи и Барселона во март 2005 година, Мурињо го обвини Андрес Фриск и менаџерто на Барселона Франк Рајкард за кршење на правилата на ФИФА за нивната средба на полувремето. Мурињо инсистираше дека ова доведе до исклучувањето на напаѓачот на Челзи, Дидје Дрогба во второто полувреме. Фриск призна дека Рајкард се обидел да зборува со него но инсистирал дека тој не сакал да зборува со него. Ситуацијата се интезивираше кога Фриск почна да добива смртни закани од лутите навивачи, што предизвика тој да се пензионира. УЕФА шефот на судиите го етикираше Мурињо како непријател на фудбалот, иако УЕФА се дистанцираше од коментар. По истрагата за инцидентот, Мурињо доби два меча забрана за водење на клубот исто и клубот заработи казна, иако УЕФА потврди дека лично не го обвинуваат Мурињо за пензионирањето на Фриск.

На 2 јуни 2005 година, Мурињо беше казнет со 200.000 фунти за неговото учество во состанокот кога играчот на Арсенал Ешли Кол ги прекрши правилат на Премиер Лигата. Казната беше намалена на 75.000 фунти по сослушањето во август. Подоцна таа година, тој го етикираше Арсен Венгер како ‘воајер‘ откако беше изритиран од неговата обсесија со Челзи. Венгер беше гневен и размислуваше да преземе легални мерки против Мурињо. Сепак, двајцата менаџери се смирија откако Мурињо призна дека жали за коментарот.

По лигашки меч против Евертон на 17 декември 2006 година, Мурињо го нарече Ендру Џонсон ‘како човек на кој не може да му се верува‘ по еден судир со голманот на Челзи Енрике Хиларио. Евертон изјави дека ќе преземе легални мереки ако Мурињо не се извини, што подоцна и го направи.

Во август 2009 година, Мурињо повторно предизвика контроверзии по коментарот за играта на муслиманскиот играч Сулеј Мунтари коментирајќи дека не е доволно физички спремен поради постењето во месецот на Рамадан. Тој изјави дека: Мунтари има проблеми поврзани со Рамадан, можеби на оваа горештина не е добро за него да пости. Рамадан не дојде во идеален момент за играчот да игра фудблски натпревар. Коментарот предизвика лут одговор од муслиманскиот водач Мохамед Ноар Дачан, кој одговори: Мислам дека Мурињо треба помалку да зборува. Играчот не е ослабен бидејќи знаеме од Институтот за Спортска Медицина дека менталната и физичката стабилност може да му даде дополнителна предност на спортистот на теренот.

На 21 април 2010 година, по победата на Интер против ФК Барселона од 3-1 во Милан, каталонскиот медиум обвини дека Мурињо и португалскиот судија Олегарио Бенкуеренка (којшто беше судија на мечот на Сан Сиро) биле долги години пријатели и исто дека тие заедно имале ресторант наречен О Менино во Леирија Португалија, обвинувајќи го пријателството на Бенекуеренка со Мурињо за главен виновник за победата на Интер. Каталонските медиуми исто тврдеа дека Бенекуеренка се вика Larapio ("крадец") во Португалија по мечот помеѓу Бенфика и Порто во Лисабон во 2004 година, во кој Бенекуеренка поништи сомнителен гол на Петит од Бенфика, и на тој начин му помогнал на Порто да победи со 1-0; сепак, тој се одигра сезоната откако Мурињо го напуши клубот. Мурињо и одрекуваше сите обвинувања. Не сум имал ресторант со никого, тој рече, можеби менаџерот на Барселона Пеп има ресторант во Осло, исмевајќи ја улогата на норвешкиот судија Том Хенинг Овребо во победата на Барселона против Челзи во полуфиналето од Лигата на Шампионите во сезоната 2008-09.

На 27 септември 2010 година, Мурињо имаше испад на пресот по објавуањето дека Педро Леон нема да биде во составот против Осер. Тој рече: Нели сакате да ме прашате кој ќе игра утре? Веќе ви кажав дека Бензема ќе започне. Ако јас бев репортер, Ќе прашав и кој други 10 ќе играат? Но не – вие само инсистирате за Педро Леон, изгледа дека тој е Марадона или Зидан.... , пред наеднаш да ја напушти прес конференцијата.

Само 3 дена пред неговиот испад, Мурињо излезе во пресот, напаѓајќи го Спортинг Хихон за играње со послаб тим против Барселона. Тој рече на прес конференцијата: Ако тимовите и ги подаруваат мечевите на Барселона, ќе ни биде многу тешко да ја освоиме лигата. Тие мислат дека тие нема да победат и затоа играат со резервниот состав- ова ќе ни ја отежне работата. Пеп Гвардиола, менаџерот на Барселона одби да коментира на коментарот.

На 7 ноември 2010 година, во куп натпревар против Мурсија, Мурињо се жалеше за одлуките на судијата, по кој судијата му даде жолт картон и беше испратен на трибините. По натрпеварот, Мурињо го запраша судијата за неговата статистика и неговата природа да доделува жолти картони цитирајќи го просекот од шест жолти картони по натпревар. Според судијата Парадас Ромеро во неговиот извештај, Мурињо му рекол "оди по ѓаволите" и потоа заработи исклучување и заработи казна од два натправари од шпанската ФА во наредните Ла Лига натпревари. Ова беа неговите зборови: "Нема проблем. Подобро е дека јас сум тој што е санкциониран а не некој важен играч. Фудбалот е полн со ситуации во кои се губи контрола. Мечот против Мурсија беше многу лесен за судијата но јас сакам да му се извинам. Морам да си ја прифатам грашката. Кога ќе го видам Парадас Ромеро повторно ќе му се извинам.”

Во натпррвар од Лигата на Шампионите со Ајакс, на крајот од мечот кога Реал Мадрид водеше со 0-4, двајца играчи на Реал Мадрид добија втори жолти картони за задржување на времето. Ова значеше дека тие ќе бидат суспендирани за финалниот меч во групата иако Мадрид ќе завршеаа први во групата, но ќе имаше корист во нокаут фазата. Потоа беше одлучено дека ова е во режија од Мурињо. Како резултат, УЕФА го казни Мурињо заедно со четитите вмешани играчи за несоодветно однесување.

Личен Живот

уреди
 
Мурињо со неговите деца, Матилде и Жозе Јуниор.

Мурињо ја запознал неговата жена Матилде Тами Фарија, родена во Ангола, кога тие беа тинејџери во Сетубал, и парот се венчаше во 1989 година. Нивното прво дете, ќерката Матилде, беше родена во 1996 година додека нивниот син Жозе Марио Јуниор четири години подоцна. Додека Мурињо беше посветен на фудбалот, фамилијата ја опишуваше како центар на неговиот живот и дека најважната работа за него е да биде добар татко. Тој беше избран за Личност на Годината од Њу Стејтсмен во 2005 година и беше опишан како човек посветен и на работата и на фамилијата. Мурињо исто така беше дел од социјални иницијативи и добротворни работи, помагајќи со младински проекти, донесувајќи млади деца од Израел и Палестина зедно да играат и донирајќи го неговато среќно палто за помош на погодените од Цунамито заработувајќи 22.000 евра . Жозе Мурињо е католик.

Широко познат по неговиот силен карактер, усовршениот стил на облекување, и ексцентричните коментари на прес конференците, Мурињо доживеа слава надвор од фудбалските полиња, појавувајќи се во рекламни кампањи за Самсунг, Американ Експрес и Адидас. Неофицијалната биографија на Мурињо, насловена O Vencedor – De Setúbal a Stamford Bridge (Победникот –од Сетубал до Стемфорд Бриџ), беше бест селер во Португалија.

Мурињо беше дел од еден необичен настан во мај 2007 година кога беше уапсен за спречување на официјалните лица да го стават неговото куче во карантин.

На 23 март 2009 година, Жозе Мурињо награден со докторат honoris causa од Техничкиот Универзитет во Лисабон за неговите достигнувања во фудбалот.

Мурињо течно зборува: португалски, шпански, италијански, француски и англиски. Тој исто зборува и каталонски. Во октомври 2010 година, Мурињо беше рангиран на 9 место на списокот на Највлијателен Човек од AskMen.com.