Марко Бенаси
Марко Бенаси (роден на 8 септември 1994 во Модена) — италијански фудбалер, играч од средниот ред на Фјорентина и на италијанската репрезентација под 21 година.
Марко Бенаси | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име | Марко Бенаси | ||
Роден на | 8 септември 1994 | ||
Роден во | Модена, Италија | ||
Држава | Италија | ||
Висина | м | 1,84||
Позиција | среден ред | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Фјорентина | ||
Број | 24 | ||
Младинска кариера | |||
Модена | |||
Интер | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2012-2013 | Интер | 6 | (0) |
2013–2014 | → Ливорно | 20 | (2) |
2014-2017 | Торино | 85 | (11) |
2017– | Фјорентина | 54 | (12) |
Репрезентација ‡ | |||
2011-2012 | Италија 18 | 8 | (1) |
2012-2013 | Италија 19 | 13 | (1) |
2013-2017 | Италија 21 | 27 | (6) |
* Ажурирано на: 21 септември 2011 ** Ажурирано на: 6 септември 2011 |
Клупска кариера
уредиИнтер
уредиБенаси е роден во Модена, Емилија, и започнал да игра фудбал во школата за фудбал Џино Пини, откаде што дошол во младинскиот тим на Модена во 2007 година. Во јануари 2011 Бенаси заминал во младинскиот состав на Интер, каде шест месеци подоцна потпишал договор со клубот, откако Интер решил да го доведе со договор за ко-сопственост со неговиот матичен клуб Модена за 180.000 евра.[1] Во сезоната 2011-2012 под водство на Андреа Страмачони, Бенаси со тимот на Интер до 19 години го освоил првото издание на NextGen Series (Лига на шампиони за млади) во март, а потоа во јуни и Првенството Примавера (Првенство на Италија за млади).
Во сезоната 2012-2013 Страмачони станал главен тренер на Интер и го прекомандувал Бенаси во првиот тим. Исто така, за таа сезона бил пријавен во за натпреварите од Лигата на Европа како еден од домашните играчи, по барањето на УЕФА.[2] Во октомври 2012 го продолжил договорот со Интер до 2017 година.[3] Своето деби го направил на 22 ноември, против рускиот Рубин Казан, во поразот со 3-0. Во јануари 2013 дебитирал во Серија А во победата со 2-0 над Пескара. Еден месец подоцна на 21 февруари го постигнал својот прв сениорски погодок во натпреварот против ЧФР Клуж во Лигата на Европа. Сезоната ја завршил со вкуно 13 настапи и еден гол.
Ливорно
уредиНа 9 јули 2013 година бил комплетиран неговиот трансфер, на позајмица во Ливорно.[4] За новиот клуб дебитирал на 17 август, во натпреварот од италијанскиот куп Ливорно-Сиена (0-1).[5] На 26 јануари 2014, го постигнал својот прв гол во Серија А во кариерата, при победата со 3-1 над Сасуоло на домашен терен.[6] На 16 март го постигнал вториот свој гол во Серија А во победата со 2-1 дома против Болоња.[7] Сезоната на заем во Ливорно ја завршил со вкупно 21 настап и 2 гола.
Торино
уредиНа 1 јули 2014 година бил официјализиран договорот за ко-сопственост на Бенаси помеѓу Интер и Торино, како дел од трансферот на Данило Д'Амброзио во Интер во јануари истата година. На 18 јануари 2015, Бенаси го постигнал својот прв гол во дресот граната во натпреварот против Чезена во лигата, кој Торино го добил со 3-2 на гости. На 8 март, тој го постигнал последниот гол во натпреварот против Удинезе на Фриули во кој неговиот тим бил поразен со 3-2. Неговиот последен гол за сезоната 2014-2015 бил повторно против Чезена, во последното коло од првенството (натпреварот завршил 5-0 за Торино). Вкупно одиграл 36 натпревари во двете натпреварувања Серија А и Лига Европа.
На 25 јуни денот за одредување на сопственоста на Бенаси, Торино ја добил и другата половина од договорот на играчот откако понудиле 3,5 милиони евра во споредба со 2,9 милиони евра понудени од страна на Интер.[8] Пред почетокот на новата сезона со клубот го сменил бројот на дресот, од 94. на 15.
Фјорентина
уредиНа 9 август 2017 Бенаси потпишал петгодишен договор со Фјорентина.[9].
Репрезентативна кариера
уредиДебитирал за итталијанската репрезентација под 21 година на 14 август 2013, под водство на Лујџи Ди Бјаџо, во пријателскиот натпревар Словачка - Италија (1-4).
Од 10 до 12 март 2014 година бил повикан од селекторот на сениорската репрезентација Чезаре Прандели за стажирање организирано за младите играчи во склоп на Светското првенство 2014.[10]
Во летото 2015 учествувал на Европското првенство за играчи под 21 година во Чешка, каде што постигнал 2 гола и двата во последниот натпревар од групната фаза против Англија што завршил 3-1 за Аѕурините.
На почетокот на новиот циклус со У-21 репрезентацијата бил избран за капитен.
Наводи
уреди- ↑ „Mercato, All. Naz.: arriva Benassi dal Modena“. www.inter.it (италијански). FC Internazionale Milano. 31 January 2011. Посетено на 24 November 2012.[мртва врска]
- ↑ „Europa League, group stage: Inter's squad list“. www.inter.it. FC Internazionale Milano. 3 September 2012. Архивирано од изворникот на 2012-09-08. Посетено на 24 November 2012.
- ↑ „Marco Benassi re-signs with Inter until 2017“. www.inter.it. FC Internazionale Milano. 23 October 2012. Архивирано од изворникот на 2020-01-08. Посетено на 24 November 2012.
- ↑ livornocalcio.it, уред. (9 јули 2013). „Tre nuovi arrivi nel Livorno Calcio“. Архивирано од изворникот на 2013-07-10. Посетено на 16 јули 2013.
- ↑ livornocalcio.it, уред. (17 август 2013). „Terzo Turno di coppa Italia - 17/08/2013“. Архивирано од изворникот на 2014-03-17. Посетено на 17 март 2014.
- ↑ livornocalcio.it, уред. (26 јануари 2014). „21ª giornata di campionato - 26/01/2014“. Архивирано од изворникот на 2014-03-17. Посетено на 17 март 2014.
- ↑ livornocalcio.it, уред. (16 март 2014). „28ª giornata di campionato - 16/03/2014“. Архивирано од изворникот на 2014-03-17. Посетено на 17 март 2014.
- ↑ „Torino, Inter superata alle buste: Benassi ora è tutto granata“. Посетено на 2015-06-25.
- ↑ „Fiorentina announced Benassi acquisition“. it.violachannel.tv.
- ↑ Stage a Roma dal 10 al 12 март: sono 31 i convocati di Prandelli Архивирано на 26 јуни 2015 г. Figc.it