Општина Дојран
- За други значења на поимот Дојран, видете на појаснителната страница
Општина Дојран — општина во југоисточниот дел на Република Македонија. Центар на општината е селото Стар Дојран.
Општина Дојран | |||
---|---|---|---|
Општина | |||
Држава | Македонија | ||
Регион | Југоисточен | ||
Година кога е основана | 1913 (во рамки на Кралство Србија), 1996 | ||
Седиште | Стар Дојран | ||
Населени места | Список
| ||
Управа | |||
• Градоначалник | Анго Ангов | ||
Површина | |||
• Вкупна | 129,16 км2 (49,87 ми2) | ||
Население (2021)[1] | |||
• Вкупно | 3.084 | ||
• Густина | 24/км2 (62/ми2) | ||
Час. појас | CET (UTC+01:00) | ||
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+02:00) | ||
Повикувачки број | +034 | ||
Регистарски таблички | GE | ||
Мреж. место | dojran.gov.mk |
Географија
уредиГрадот и езерото Дојран се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија, на околу 170 км од главниот град Скопје. Планината Беласица се протега на север од ова природно езеро.
Фактот дека оваа низина се отвора на југот ја определува неговата средоземна клима која се одликува со топли и суви лета и свежи, влажни зими.
Тој се наоѓа на тромеѓето помеѓу Вадарска, Пиринска и Егејска Македонија (денес поделено на Р Македонија, Бугарија и Грција).
Историја
уредиСтудиите покажуваат на фактот дека оваа локација била населена дури од пред нашата ера. Инскрипции кои датираат од 5 век п.н.е. го опишуваат животот на просторите на денешната територија на Дојран во предисториско време.
После Римскиот период, Дојран бил под Византиска јурисдикција и му било дадено името Полин (Polin) значејќи „град“, а словенското име станало Полјанин. Во 1371 год. Турците доаѓаат во градот Полјанин 1371 год. преку езерото кое било замрзнато и завеано со снег и големиот османлиски војсководец Евренос Бег во чест на тоа дека поминал врз замрзнатото езеро без да загуби ниту еден аскер (војник) прави голема гозба и ги најадува („дојурмак“, „дојуран“) сите жители кои живееле во тоа време покрај езерото и така настанува името на градот (Дојуран) Дојран сегашен Стар Дојран. Во XIX век Дојран-Дојуран станува прекрасен град сместен на падина од која се гледа езерото, мали дуќанчиња, меани, анови, ибарски колиби, дрварски работилници и др. Во Првата балканска војна Дојран-Дојуран е значајна стратегиска точка каде војувале бугарските и германските војници против англиските и француските сили каде има уште остатоци по кала тепе и околината. Населението било приморано повторно да се сели по бомбардирањето.
Стопанство
уредиДемографија
уредиСпоред пописот од 2002 година, во општина Дојран живееле 3.426 жители. Според последниот попис од 2021 година, во општината живееле 3.084 жители:
2002 | 2021 | |||
НАРОД | број | % | број | % |
ВКУПНО | 3.426 | 100 | 3.084 | 100 |
Македонци | 2.641 | 77.09 | 2.528 | 81.97 |
Турци | 402 | 11.73 | 211 | 6.84 |
Срби | 277 | 8.09 | 152 | 4.93 |
останати | 106 | 3.09 | 73 | 2.37 |
лица без податоци | / | / | 120 | 3.89 |
Вероисповед | Вкупно |
православни | 2.916 |
муслимани | 483 |
католици | 6 |
протестанти | 2 |
останати | 19 |
Јазик | Вкупно |
македонски | 2.771 |
албански | 16 |
турски | 399 |
ромски | 54 |
влашки | 2 |
српски | 159 |
бошњачки | 2 |
останати | 23 |
Националност | Удел[2] |
Македонци | 77,09 % |
Албанци | 0,50 % |
Турци | 11,73 % |
Роми | 1,72 % |
Власи | 0,09 % |
Срби | 8,08 % |
Бошњаци | 0,06 % |
останати | 0,73 % |
Населени места
уредиВКУПНО | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Бошњаци | Други | Лица за кои податоците се преземени од административни извори | |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Општина Дојран | 3.084 | 2.528 | 15 | 211 | 30 | 3 | 152 | 1 | 24 | 120 |
Дурутли | 4 | - | - | 1 | - | - | - | - | - | 3 |
Ѓопчели | 116 | - | 1 | 104 | - | - | - | 1 | - | 10 |
Куртамзали | 42 | - | - | 32 | - | - | - | - | - | 10 |
Николиќ | 520 | 498 | - | - | - | - | 11 | - | - | 11 |
Нов Дојран | 997 | 935 | - | 10 | - | - | 10 | - | 3 | 39 |
Органџали | - | - | - | - | - | - | - | - | - | - |
Севендекли | - | - | - | - | - | - | - | - | - | - |
Сретеново | 344 | 246 | 10 | 8 | 19 | - | 43 | - | 13 | 5 |
Стар Дојран | 413 | 288 | 4 | 56 | 11 | 3 | 18 | - | 3 | 30 |
Фурка | 459 | 445 | - | - | - | - | 1 | - | 3 | 10 |
Црничани | 189 | 116 | - | - | - | - | 69 | - | 2 | 2 |
Чаушли | - | - | - | - | - | - | - | - | - | - |
Џумабос | - | - | - | - | - | - | - | - | - | - |
Општествени установи
уредиСамоуправа и политика
уредиГрадоначалник на општина Дојран е Анго Ангов од редовите на СДСМ. Тој бил избран на локалните избори од 2017 година за мандат од четири години.[3] Советот на општина Дојран е составен од 9 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021 се:
Културни и природни знаменитости
уреди10 m длабокото езеро се наоѓа на 148 m надморска висина и е најмалечкото езеро во Република Македонија покривајќи површина од 42,7 км2. Дојранското Езеро е формирано во Неогенот и е од тектонско-вулканско потекло. Безрбетници, ’рбетници, 12 вида на ендемска фауна, 15 типови на риба и неколку видови на птици го населуваат ова езеро. Тоа е познато по специфичниот начин на риболов со помош на птиците кои ги бркаат рибите во јата директно во рибарските мрежи.
Во последната декада на 20-от век Дојран се соочи со еколошка криза и изгледаше навидум беспомошно. Тоа дојде на очаен водостој на помалку од 50% од оригиналниот, ендемските видови почнаа да изумираат, се случија мутации на дел од флората, дојде до работ на изумирање на поголем број на видови на риби, климата се смени, но сепак со проект финансиран од Владата на Република Македонија Дојранското Езеро се спаси од тотално уништување и неговиот водостој почна да се нормализира.
Денес проектот сѐ уште функционира и водостојот е речиси на истото ниво како и пред катастрофата, но сепак дел од флората никогаш нема да се врати. Напорот кој е вложен во овој бисер на природата сепак се исплати. Имено, голем број од младите луѓе кои својата перспектива ја бараа во некој од поголемите градови од републиката, сѐ почесто се одлучуваат да останат во ова гратче и да придонесат во доизградбата на неговата инфраструктура за хотелски и приватни сместувања. Поголем број од пропаднатите државни хотели веќе се успешно приватизирани и работат под полна пареа за да завршат со изградба до следната летна сезона. Државното претпријатие за стопански риболов на Дојранското Езеро, исто така е успешно приватизирано и сега засега работи успешно. Ноќниот живот во Дојран секоја година е сѐ подобар и подобар. Дојран станува вистинско одредиште за деновите како Илинден, 1-ви и 2 мај, Божиќ и слични државни празници. Летниот одмор во Дојран може да ви овозможи и пријатни одморни денови и врвулици по градскиот пазар. Можеби токму Дојран е местото кое ќе заврши како една среќна приказна за еден град.
Редовни настани
уредиЕден од позначајните настани во Дојран се т.н. Дојрански ракувања, кои се одржуваат секое лето во почетокот на месецот август во времетраење од неколку дена. Настанот е организиран од локалната самоуправа и на него настапуваат ансамбли од повеќе држави (играорци, драмски театри и сл.)
Личности
уредиКултура и спорт
уредиФК Дојранско Езеро (Нов Дојран). Клубот има настапувано и во 2 МФЛ (Втора македонска фудбалска лига). Македонскиот репрезентативец Горан Мазнов ја има почнато својата кариера во ФК Дојранско Езеро.
Иселеништво
уредиПартнерски градови
уреди- Вишеград, БиХ, Република Српска, од 2022.[4][5]
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 - прв сет на податоци“. Државен завод за статистика на Македонија. Посетено на 30 март 2022.
- ↑ „Население во Република Македонија на 31.12 по специфични возрасни групи, по пол, по општини, по години“. Државен завод за статистика на Република Македонија. Посетено на 2 мај 2018.[мртва врска]
- ↑ „Мандати за градоначалници и совет во РМ – Локални избори 2017“. Државна изборна комисија на Македонија. Посетено на 18 октомври 2017.
- ↑ „U petak bratimljenje sa makedonskom opštinom Dojran“. Opština Višegrad. Посетено на 2022-03-28.
- ↑ blportal (2022-03-26). „Potpisan Sporazum o bratimljenju Višegrada i Dojrana“. BL Portal (босански). Посетено на 2022-03-28.
Надворешни врски
уреди- Мрежно место на Општина Дојран
- Портал на Дојран и Дојранско Архивирано на 8 мај 2021 г.
- Општина Дојран во „АБВ - деловен именик“ Архивирано на 6 март 2016 г.