Отвори го главното мени

Домашни животни

список на статии на Викимедија
(Пренасочено од Домашно животно)

На страницава е даден список на домашни животни,[1] видови кои сè уште се во тек на припитомување, како и оние со долга историја на соделување со човекот. Тука спаѓаат видови што се полуприпитомени и неприпитомени, но кои одгледуваат во заробеништво или кои се скротливи кога живеат меѓу луѓето. Животните кои се сметаат за целосно припитомени имаат претрпено значајни генетски промени во поведението и/или морфологијата во однос на нивните диви предци; други пак немаат поредлегнато битни промени и покрај стотици илјади години размножување од човекот. Припитомувањето е постепен процес кој трае многу долго време, и не постојат јасни граници кога еден вид преоѓа од див во питом. Во други случаи пак, животното намерно се остава во својот првобитен облик.

Археозоологијата распознава три вида на припитоменост:

  1. прилагодување по пат на соживот со човекот (кучиња, мачки, морски прасиња и тн.)
  2. првобитен ловен дивеч, кој подоцна станал добиток (говеда, овци, кози, свињи и тн.)
  3. намерно чување за влеча и непрехранбени цели (коњ, магаре, камила и тн.)[2]

СписокУреди

Вид и подвид Див предок Припитомено Потекло Цел Слика Припитоменост Застапеност во дивината
куче
(Canis lupus familiaris)
сив волк
(Canis lupus)
13.000 п.н.е.[3][4] Евроазија миленици, терање овци, работа, месо, приказ, лов, влеча, научно истражување, верско значење, трки, транспорт, спасување, водење, превоз, чување, заштита од штетници   питомо; значајни физички промени и значајни промени во поведението многу застапено меѓу луѓето, а дивите сродници се многу помалку присутни. Подивени и улични кучиња постојат во големи броеви.
овца
(Ovis aries)
ерменски муфлон
(Ovis orientalis gmelini)
11.000 - 9.000 п.н.е.[5][6] Југозападна Азија преѓа, месо, млеко, кожа, крзно, пергамент, миленици, приказ, трки, верско значење, научно истражување, чување, борба, украс   извесни физички и психолошки промени чести меѓу луѓето, под закана во дивината
домашна свиња
(Sus scrofa domesticus)
дива свиња
(Sus scrofa)
9000 п.н.е.[7] Близок Исток, Кина месо, кожа, научно истражување, приказ, трки, борба, работа, миленици   извесни физички и психолошки промени чести во дивината. многу почести меѓу луѓето; во некои подрачја често се среќаваат подивени групи.
коза
(Capra aegagrus hircus)
дива коза
(Capra aegagrus)
8000 п.н.е.[8] Иран млеко, месо, преѓа, работа, кожа, влакна, приказ, трки, верско значење, борба, чистење, миленици   мали физички промени чести меѓу луѓето, под закана во дивината, подивените единки се чести
домашно говедо
(Bos primigenius taurus)
тур
(Bos primigenius) (изумрен)
8000 п.н.е.[9][10] Европа, Азија и Северна Америка месо, млеко, кожа, работа, орање, влеча, пергамент, крв, транспорт, ѓубриво, борба, приказ, миленици, верско значење   извесни физички и психолошки промени нашироко застапени меѓу луѓето, дивите сродници се изумрени, подивените единки се прилично чести
зебу
(Bos primigenius indicus)
тур
(Bos primigenius) (изумрен)
8000 п.н.е. Индија месо, млеко, кожа, работа, орање, влеча, пергамент, крв, транспорт, ѓубриво, борба, приказ, трки, верско значење   значајни физички промени дивите сродници се изумрени, ретко меѓу луѓето
мачка
(Felis silvestris catus)
дива мачка
(Felis silvestris)
7.500 п.н.е.[11][12][13][14] Близок Исток миленици, заштита од штетници, приказ, крзно, месо, научно истражување   питомо, извесни физички и психолошки промени во огромно изобилство меѓу луѓето, вистинските диви мачки не се ретки, но помалку застапени. Подивените единки се многу чести.
кокошка
(Gallus gallus domesticus)
банкивска кокошка
(Gallus gallus)
6000 п.н.е.[15] Индија и Југоисточна Азија месо, јајца, пердуви, кожа, приказ, трки, украс, борба, миленици   извесни физички и психолошки промени мошне застапени меѓу луѓето
морско прасе
(Cavia porcellus)
планинско морско прасе
(Cavia tschudii)
5000 п.н.е.[16] Перу миленици, месо, приказ, трки, научно истражување   питомо, мали физички промени донекаде распространето меѓу луѓето
магаре
(Equus africanus asinus)
африканско диво магаре
(Equus africanus)
5000 п.н.е.[17][18] Египет транспорт, работа, орање, влеча, самарење, месо, млеко, миленици, трки, чување   мали физички промени
домашна патка
(Anas platyrhynchos domesticus)
дива патка
(Anas platyrhnchos)
4000 п.н.е. Кина месо, маст, џигерна паштета, пердуви, крв, јајца, миленици, приказ, трки, украс   Значајни физички промени причично распространето меѓу луѓето, но позастапено во дивината
бивол
(Bubalus bubalis)
индиски бивол
(Bubalus arnee)
4000 п.н.е. Индија, Кина работа, орање, влеча, самарење, борба, месо, приказ, трки, млеко   претежно непроменето донекаде ретко меѓу луѓето, загрозено во дивината
коњ
(Equus ferus caballus)
див коњ
(Equus ferus)
4000 п.н.е.[19] европазиски степи транспорт, месо работа, водење, превоз, лов, погубување, орање, влеча, самарење, борба, приказ, венчавки, трки, верско значење, млеко, миленици   питомо, извесни физички и психолошки промени mainly in coloration доста застапено меѓу луѓето, многу ретко во дивината, често се среќаваат подивени групи
свилена буба
(Bombyx mori)
дива свилена буба
(Bombyx mandarina)
3000 п.н.е. Кина свила, храна, миленици, месо   извесни физички и психолошки промени прилично често меѓу луѓето, нема јасни сознанија за застапеноста во дивината
питом гулаб
(Columba livia domestica)
див гулаб
(Columba livia)
3000 п.н.е. Средоземје приказ, венчавки, messenger, месо, трки, миленици   постои огромно, човечки создадено разнообразие во изгледот поради гулабарството, постојат и видови за месо и за трки/носење писма релативно добро застапено меѓу луѓето, многу застапено во дивината, подивените групи се присутни во огромно изобилство
домашна гуска
(Anser anser domesticus)
дива гуска
(Anser anser)
3000 п.н.е. Египет месо, маст, џигерна паштета, пердуви, јајца, приказ, чување, миленици   значајни физички промени
лама
(Lama glama)
гванако
(Lama guanicoe)
2400 п.н.е.[20] Перу транспорт, работа, влеча, самарење, месо, приказ, венчавки, трки, миленици, чување   мали физички промени
алпака
(Vicugna pacos)
викуња
(Vicugna vicugna)
2400 п.н.е.[20] Перу млеко, транспорт, преѓа, месо, приказ, миленици, чување   значајни физички промени
домашна бисерка
(Numida meleagris)
дива бисерка
(Numida melegris)
2400 п.н.е.[21] Африка месо, јајца, заштита од штетници, приказ, предупредување, миленици   претежно неизменето донекаде често меѓу луѓето и во дивината
ласица
(Mustela putorius furo)
европски твор
(Mustela putorius)
1500 п.н.е.[22] Европа миленици, лов, заштита од штетници, приказ, трки   питомо, мали физички промени доста застапено меѓу луѓето, донекаде застапено во дивината.Подивените единки се ретки
африканска грлица
(Streptopelia risoria)
африканска гугутка
(streptopelia roseogrisea)
500 п.н.е. Северна Африка приказ, миленици   мали физички промени чести меѓу луѓето и во дивината
балиско говедо
(Bos javanicus domestica)
бантенг
(Bos javanicus)
непознато Југоисточна Азија, Јава месо, млеко, приказ, трки, работа, орање, влеча   мали физички промени
гајал
(Bos frontalis)
гаур
(Bos gaurus)
непознато Југоисточна Азија месо   мали физички промени
домашна мисирка
(Meleagris gallopavo)
дива мисирка
(Meleagris gallopavo)
180[20] Мексико, САД месо, пердуви, јајца, приказ, миленици   значајни физички промени мошне застапено меѓу луѓето и во дивината
златна рипка
(Carassius auratus auratus)
караш
(Carassius gibelio)
300–400 Кина миленици, приказ, трки, украс   питомо//живее меѓу луѓето, значајни физички промени
домашен зајак
(Oryctolagus cuniculus)
див кунич
(Oryctolagus cuniculus)
600[23] Европа месо, крзно, преѓа, миленици, приказ, трки, научно истражување   питомо, значајни физички промени доста застапено меѓу луѓето, ретко во матичната средина, често како воведен вид во други подрачја
канаринец
(Serinus canaria domestica)
канарско жолтарче
(Serinus canaria)
XV век Канарски Острови, Европа миленици, научно истражување, приказ, рударство, борба   мали физички промени мошне застапено меѓу луѓето и во дивината
карабао
(Bubalus bubalis carabenesis)
индиски бивол
(Bubalus arnee)
XVII век Филипини работа, орање, влеча, самарење, борба, месо, млеко, приказ, трки   мошне мали промени
рипка борец
(Betta splendens)
непознат вид од родот бета XIX век Тајланд борба, миленици   питомо//живее меѓу луѓето, многу големи физички промени и мали промени во поведението
јапонски крап (кои)
(Cyprinus carpio haematopterus)
крап
(Cyprinus carpio)
1820-ти Јапонија украс, приказ, миленици   питомо//живее меѓу луѓето, значајни физички промени прилично застапено меѓу луѓето
питома сребрена лисица
(Vulpes vulpes)
црвена лисица
(Vulpes vulpes)
1950-ти Советски Сојуз, Русија крзно, научно истражување, миленици   питомо, извесни физички и психолошки промени многу мал број на домашни единки. дивите сродници се прилично широко застапени
питом еж
(Atelerix albiventris)
беломешест еж
(Atelerix albiventris)
1980-ти Централна и Источна Африка миленици   мали физички промени мошне застапено во дивината. ретко во меѓу луѓето
бенгалска ѕвингалка
(Lonchura striata domestica)
пругеста ѕвингалка
(Lonchura striata)
непознато Јапонија миленици, научно истражување   мали физички промени
јак
(Bos grunniens)
див јак
(Bos mutus)
2500 п.н.е. Тибет млеко, транспорт, работа, орање, самарење, трки, борба, месо, преѓа   мали физички промени
украсен стаорец и лабораториски стаорец сив стаорец
(Rattus norvegicus)
1800-ти Велика Британија миленици, научно истражување, приказ   питомо, извесни физички и психолошки промени мошне застапено меѓу луѓето и во дивината
домашна едногрба камила
(Camelus dromedarius)
дива едногрба камила
(Camelus dromedarius)
4000 п.н.е. Арабија транспорт, работа, лов, орање, влеча, самарење, приказ, венчавки, трки, верско значење, борба, млеко, месо   питомо, малку физички промени умерено застапено во дивината, мал број на подивени единки, вистинските диви едногрби камили може да се изумрени
домашна двогрба камила
(Camelus bactrianus)
дива двогрба камила
(Camelus bactrianus)
2500 п.н.е. Централна Азија млеко, транспорт, работа, лов, орање, влеча, самарење, борба, приказ, венчавки, трки, верско значење, месо, влакна   питомо, малку физички промени умерено чести меѓу луѓето, критично загрозени во дивината
гупи
(Poecilia reticulata)[24]
гупи
(Poecilia reticulata)
непознато Барбадос, Бразил, Гвајана миленици   питомо во заробеништво, значајни физички промени чести меѓу луѓето
украсен глушец домашен глушец
(Mus musculus)
1100 п.н.е. Кина миленици, научно истражување, трки, храна   питомо, значајни физички промени мошне застапено меѓу луѓето и во дивината

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

  1. „How did we ever manage to domesticate so many animals?“. 
  2. Price, T. Douglas; Bar-Yosef, Ofer. The Origins of Agriculture: New Data, New Ideas. „Current Anthropology“ том  52: S163–S174. doi:10.1086/659964. 
  3. Sablin, Mikhail V.; Khlopachev, Gennady A.. The Earliest Ice Age Dogs: Evidence from Eliseevichi 11. „Current Anthropology“ том  43 (5): 795–799. doi:10.1086/344372. 
  4. Thalmann, O.; Shapiro, B.; Cui, P.; Schuenemann, V. J.; Sawyer, S. K.; Greenfield, D. L.; Germonpré, M. B.; Sablin, M. V.; и др.. Complete Mitochondrial Genomes of Ancient Canids Suggest a European Origin of Domestic Dogs. „Science“ том  342 (6160): 871–4. doi:10.1126/science.1243650. PMID 24233726. Bibcode2013Sci...342..871T. 
  5. Krebs, Robert E. & Carolyn A. (2003). Groundbreaking Scientific Experiments, Inventions & Discoveries of the Ancient World. Westport, CT: Greenwood Press. ISBN 0-313-31342-3. 
  6. Simmons, Paula; Carol Ekarius (2001). Storey's Guide to Raising Sheep. North Adams, MA: Storey Publishing LLC. ISBN 978-1-58017-262-2. 
  7. Giuffra E, Kijas JM, Amarger V, Carlborg O, Jeon JT, Andersson L. The origin of the domestic pig: independent domestication and subsequent introgression. „Genetics“ том  154 (4): 1785–91. PMID 10747069. PMC: 1461048. http://www.genetics.org/cgi/pmidlookup?view=long&pmid=10747069. 
  8. Melinda A. Zeder, Goat busters track domestication (Physiologic changes and evolution of goats into a domesticated animal), April 2000.
  9. Late Neolithic megalithic structures at Nabta Playa (Sahara), southwestern Egypt.
  10. Source : Laboratoire de Préhistoire et Protohistoire de l'Ouest de la France [1], (француски).
  11. [2], domestication of the cat on Cyprus, National Geographic.
  12. „Oldest Known Pet Cat? 95DOGGIES00-Year-Old Burial Found on Cyprus“. National Geographic News. 2004-04-08. конс. 2007-03-06. 
  13. Muir, Hazel. „Ancient remains could be oldest pet cat“, New Scientist, 8 април 2004 (посет. 23 ноември 2007 г).
  14. Walton, Marsha. „Ancient burial looks like human and pet cat“, CNN, 9 април 2004 (посет. 23 ноември 2007 г).
  15. West B., Zhou B-X.. Did chickens go north? New evidence for domestication (PDF). „World’s Poultry Science Journal“ том  45 (3): 205–18. doi:10.1079/WPS19890012. http://www.adelaide.edu.au/ANZCCART/publications/dom_chicken.pdf. 
  16. History of the Guinea Pig (Cavia porcellus) in South America, a summary of the current state of knowledge
  17. Beja-Pereira, Albano, et al. (18 јуни 2004 г). African Origins of the Domestic Donkey. „Science“ том  304 (1781). doi:10.1126/science.1096008. PMID 15205528. [New Scientist Краток осврт]. 
  18. Roger Blench, The history and spread of donkeys in Africa PDF (235 KB)
  19. The Domestication of the Horse
  20. 20,0 20,1 20,2 D.L Johnson and B.K. Swartz, Jr. Evidence for Pre-Columbian Animal Domestication in the New World
  21. Guinea Fowl
  22. Glover, James. „The Ancestry Of The Domestic Ferret“. PetPeoplesPlace.com. конс. 2006-09-12. 
  23. Interesting Rabbit Domestication History
  24. name="Guideon, et. al." Guideon, Khoo; Kok Fang Lim, Damien K. Y., Fan Chen, Woon Kiong Chan, Tit Meng Lim, Violet P. E. Fang. Genetic Diversity within and Among Feral Populations and Domesticated Strains of the Guppy (Poecilia reticulata) in Singapore. „Marine Biotechnology“ том  4 (4): 367–378. doi:10.1007/s10126-002-0007-z. https://springerlink3.metapress.com/content/cg01hmdybtb8kmjl/resource-secured/?target=fulltext.pdf&sid=4mp2w541s41s4gkiqhs1dq0x&sh=www.springerlink.com. посет. 3 октомври 2012 г.