Наследни особини
Пренесување на наследните особини
уредиПри половото размножување новиот организам се развива од оплодената јајце-клетка-зиготот. Значи во зиготот се наоѓаат наследните фактори (материи) од двата родители. Сите клетки во еден организам имаат ист број на хромозоми. Половите клетки имаат двојно помалку хромозоми. Кај човекот, клетките во јадрото имаат 23 пара хромозоми или 46 хромозоми, а половите клетки само 23 хромозоми. При спојување на машката и женската полова клетка , бројот на хромозомите се удвојува. Значи оплодената јајце-клетка зиготот има 46 хромозоми (по 23 хромозоми од двата родители).
Хромозомите се изградени од една сложена белковинеста материја, составенаоддезоксирибонуклеинска киселина - ДНК, во која се сместени наследните особини. Хлоандскиот научник Јохансен ги нарекол гени.
Сите гени кои ги поседува клетката, односно организмот претставуваат генотип. Под генотип се подразбира збир од сите гени, односно генетски информации содржани во клетката. Кога клетката мирува, оваа наследна генетска материја е во зрнеста форма наречена хроматин. Пред да почне да се дели клетката, хроматинот се згуснува, здебелува и формира хромозоми. Бројот на хромозомите кај сите животни не е ист. Пример: винската мушичка има 8 хромозоми, козата 60 хромозоми, срната 70 хромозоми, а човекот 46 хромозоми. Хромозомите секогаш се парни, заедно по два, а само во половите клетки се непарни.
Ако се набљудуваат хромозомите со електронски микроскоп, се забележува дека тоа се две спирално извиткани ленти (зони) во кои се наоѓаат гените. Во генот се запишани наследните особини. За некоја особина е одговорен еден ѓен, а за некои повеќе ѓени.
Најчесто гените што се истакнуваат од едниот родител се викаат доминантни а оние кои не се истакнуваат се наречени рецесивни. Рецесивните гени не се изгубени, бидејќи гените можат да се пренесуваат на втората генерација.