Алпака
Неистрижена алпака како пасе
припитомен
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Цицачи
Ред: Парнокопитни
Семејство: Камили
Род: Викуња
Вид: V. pacos
Научен назив
Vicugna pacos
(Linnaeus, 1758)
Распространетост на алпаката

Алпака (науч. Vicugna pacos) — припитомен вид на јужноамерикански животни од семејството Камили. Физички наликува на мала лама.

Овие животни живее во стадо на висорамнински предели во Андите во јужно Перу, северна Боливија, Еквадор и северно Чиле, на надморска височина од 3500-5000 метри и таму се задржуваат преку целата година.[1] Алпаките се значително помали од ламите, и за разлика од нив, не се товарни животни, туку се одгледуваат за влакната. Од овие влакна се изработуваат плетени материјали како ќебиња, џемпери, капи, ракавици и шалови, како и разни ткаенини како понча во Јужна Америка, и блузони, чорапи и постелнина во други делови на светот. Влакното се среќава во поголем број на разни природни бои: 52 според перуанската, 12 според австралиската и 16 според американската класификација.[2]

Возрасната единка е висока од 81 до 99 см, а тежи помеѓу 48 и 84 кг.[3]

Основни информации

уреди

Алпаките се припитомени пред илјадници години. Народот Моче од северно Перу честопати ја претставува алпаката во своите ракотворби.[4] Дивиот предок на алпаката е викуњата,[5] која е помала од неа. Сепак, алпаката е помала од другите членови на семејството.

Заедно со камилата и ламата, алпаката спаѓа во семејството Камили. Од сите видови во ова семејство, алпаката и викуњата имаат најценета волна: алпаката поради квалитетот и количината на волна, а викуњата поради мекоста и финоста и квалитетот на влакната.

Алпаките се премали за товарење, па затоа се одгледуваат само за волната и месото, кое некогаш важело за деликатес. Поради високите цени на производите од алпака на северноамериканскиот пазар, властите се соочуваат со сè поголемо криумчарење на алпаки.[6]

Со вкрстување на алпака со лама се добива „уаризо“, животно со посебно руно и кроток карактер.

Поведение

уреди
 
Глава на алпака

Алпаките се друштвени животни и живеат во семејни групи. Секоја група се состои од територијален алфа-мажјак, женки и нивните младенчиња. Кога ќе насетат опасност, меѓусебе се предупредуваат со писклив звук. Одбраната од помали грабливци обично се состои од клоцање со нозете и плукање.

Размножување

уреди

Женките овулираат со поттик, т.е. со присуството на машко семе при парењето. Најчесто забременуваат по едно парење, но неуспешното парење не е ретка појава.

Мажјакот достигнува полова зрелост на возраст од 1 до 3 години. Женката созрева порано, на возраст од 1 до 2 години.

Бременоста трае 345 ± 15 дена, и женката најчесто раѓа по едно младо („крија“). Откако ќе се ојагни, женката е спремна за повторно парење во рок од две недели.

Животниот век на алпаката трае највеќе 20 години.

Исхрана

уреди

Алпаките јадат многу помалку храна од другите животни со таа големина. Се хранат претежно со сено и трева, но јаде и други растенија (на пр. некои листови). Тревата што ја јадат треба да биде без ѓубрива и така ги задоволуваат потребите во исхраната. Покрај ова, сточарите често во храната додаваат и жито за да ја засилат со селен и други потребни витамини.

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Harvesting of textile animal fibres“. UN Food and Agriculture Organization.
  2. „Бои кај алпаките“. Архивирано од изворникот на 2007-04-05. Посетено на 23 април 2008. (англиски)
  3. Физички одлики на алпаката Архивирано на 2 декември 2013 г. (англиски)
  4. Berrin, Katherine & Larco Museum. The Spirit of Ancient Peru:Treasures from the Museo Arqueológico Rafael Larco Herrera. New York: Thames and Hudson, 1997.
  5. Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
  6. „Перуанските алпаки ќе се штитат со микрочипови“. БиБиСи Вести. 30 март 2005. (англиски)

Надворешни врски

уреди