Морско прасе
Домашнo морскo прасe или заморец (науч. Cavia porcellus) — животно од семејството на морските прасиња (Caviidae) и се чуваат претежно како домашни миленици. И покрај нивното име, немаат никаква врска со морето, ниту пак со свињите. Овие животни се глодачи и имаат по 4 прсти на предните, и по 3 прсти на задните нозе. Обично живеат од 3 до 8 години, но ако се хранат со трева и се пуштаат во природна околина, можат да достигнат и до 10 години старост.
Домашно морско прасе | |
---|---|
Две возрасни единки | |
припитомен
| |
Научна класификација [ у ] | |
Царство: | Животни |
Тип: | Хордови |
Класа: | Цицачи |
Ред: | Глодачи |
Семејство: | Морски прасиња |
Род: | Морско прасе |
Вид: | Домашно морско прасе |
Научен назив | |
Cavia porcellus (Линеј, 1758) | |
Синоними | |
Список
|
Ова животно е припитомен вид (Cavia porcellus) на јужноамериканското морско прасе. Личи на многу други морски прасиња по тоа што е дебело, со кратки нозе и е долго 25 см. Има мали уши, нема надворешна опашка и има крзно, коешто е црно, жолто-кафено, крем, кафено, бело или комбинација на овие бои. Должината на влакното и составот варираат. Се храни, главно, со трева и со други зелени растенија. Припитомено е во времето пред Инките, а било донесено во Европа во раните години на XVI век. Тоа е популарно домашно милениче и значајно животно за испитување. Морските прасиња играат значајна улога во испитувањата и проучувањата. Ова животно може да има свиоци на неговото крзно или пак да биде со рамно крзно.
За чување: -Женките првиот полов однос мора да го имаат пред да наполнат 8 месеци и да се породат пред да наполнат една година, бидејќи карлицата зараснува, и ембрионот т.е малечките (2-5 во просек) не можат да излезат по природен пат и ќе треба да се изврши царски рез.
-Ако имате едно морско прасе и сте решиле да вдомите уште едно, тогаш нивниот прв контакт нека биде на неутрална територија, морските прасиња бележат територија преку урината, како кучињата и ја бранат. Немојте да дозволите миленичињата уште од прв ден да не се сакаат, бидејќи тоа ќе остане така.
-За одржувањето хигена нормално потребно е на секои 3-4 дена менување на пилевината, во зависност колку морски прасиња чувате. Капење може еднаш месечно и тоа со бебешки шампон без многу хемикалии или некоја купка за интимни делови, редовно чешлање, бидејќи склони се кон митарење, и на секој 2-3 месеци сечење на ноктите, бидејќи многу брзо растат и често се кршат. Исто така предните запчиња им се кршат, но тоа не треба да биде проблем бидејќи тие непрекинато растат. Ако го чувате во кафез нема потреба од камчиња за да ги тријат забите, туку тие тоа ќе го прават од оградата на кафезот.
Именување
уредиЛатинско име
уредиНаучното име на општиот вид е Cavia porcellus, при што porcellus (поркелус) на латински значи „мало прасе“. Cavia (кавија) е на новолатински; потекнува од кабијаи (cabiai), името на животното на јазикот на галибските племиња, некогаш домородно во Француска Гвајана.[1] Кабијаи може да биде прилагодување на португалската савија (çavia; сега savia), која сама по себе потекнува од тупискиот збор сауја (saujá), што значи стаорец.[2]
На други јазици
уредиЗаморчињата се нарекуваат куви (quwi) или хака (jaca) на кечуански јазик и куј (cuy) или кујо (cuyo) (множина cuyes, cuyos) на шпански јазик во Еквадор, Перу и Боливија.[3]
Името на животното алудира на свињи на многу европски јазици. Германскиот збор за нив е меершвајнхен (Meerschweinchen), буквално „морско свинче“, на полски јазик тие се нарекувани свинка морска (świnka morska), на унгарски како тенгерималац (tengerimalac) и на руски како морскаја свинка (морская свинка). Ова потекнува од средногорногерманското име мерсвин (merswin). Ова првично значело „делфин“ и се користело поради негодувачки звуци на животните (за кои се сметало дека се слични).[4]
Постојат многу други, веројатно помалку научно засновани, објаснувања за германското име. На пример, едрените бродови кои застанувале за доснабдување во Новиот свет прибирале залихи на заморчиња, кои обезбедувале лесно пренослив извор на свежо месо. Францускиот термин е кошон д'Анд (cochon d'Inde) (индиска свиња), или (кобај) (cobay); Холанѓаните го нарекувале гине бихетје (Guines biggetje; гвинејско заморче), или кавија (cavia), во некои холандски наречја се вика шпансе рат (Spaanse rat; шпански стаорец); и на португалски, заморчињата се именува како кобаија (cobaia), од тупискиот збор преку неговата латинизација или како поркињо да Индија (porquinho da Índia; индиско прасенце). Ова поврзување со свињи не е универзално меѓу европските термини; на пример, општиот збор на шпански е конехиљо де Индиас (conejillo de Indias; индиско зајче).[3]
Кинезите го означуваат животното како туншу (豚鼠; свински глушец), а понекогаш и како хеланџу (荷蘭 豬; холандска свиња) или тијанџушу ( 天竺鼠; индиски глушец). Јапонскиот збор за морско прасе е морумото (モルモット), што произлегува од името на друг глодач кој живее во планина, мрмотот. Ова е како морските прасиња биле нарекувани од холандските трговци, кои прво ги донеле во Нагасаки во 1843 година. Другиот, а поретко, јапонски збор за морско прасе, со употреба на канџи, е тенџику-незуми (天竺鼠; てんじくねずず), буквално се преведува како индиски стаорец.[5]
Исхрана
уредиМорското прасе треба да се храни со зеленчук, но никако марула, бидејќи содржи состојка која што го нагризува црниот дроб. Овошје можете да давате но не во толку големи количини како зеленчукот. Може јаболко, мандарина во зимно време, лубеница на лето, банана (во помали количини).
Морските прасиња се тревопасни животни и не смее да им се дава месо и млечни производи. Млечните производи се особено кобни бидејќи предизвикуваат пролив, кој предизвикува смрт на животното во рок од 4-5 часа.
Размножување
уредиМајката ги носи малите околу 70 дена и тие се раѓаат со нокти, заби, крзно и по неколку дена почнуваат да гризат.
Оваа статија од областа на зоологијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
- ↑ „Cavy“. Oxford English Dictionary online (subscription access required). Архивирано од изворникот на 2006-06-25. Посетено на 2007-04-25.
- ↑ „Definition of cavy“. Merriam-Webster Online. Архивирано од изворникот на 2008-01-21. Посетено на 29 април 2021.
- ↑ 3,0 3,1 „Diccionario de la Lengua Española“ (шпански). Real Academia Española. Посетено на 2007-03-12.
- ↑ Duden – Deutsches Universalwörterbuch. 4. Aufl. Mannheim 2001. [CD-ROM]
- ↑ „tenjiku-nezumi – Meaning in Japanese | 天竺鼠 – Names of Animals in Japanese“. animals.japanesewithanime.com (англиски). Посетено на 29 април 2021.