Ерменски муфлон
Ерменски муфлон
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Хордови
Класа: Цицачи
Ред: Парнокопитни
Семејство: Шуплороги
Потсемејство: Козо-антилопи
Род: Овци
Вид: O. orientalis
Блит, 1841
Триномен назив
O. o. gmelini
Синоними

Ovis orientalis gmelinii
Ovis gmelini
Ovis ammon orientalis[2]
Ovis ophion armeniana

Ерменски муфлон[2] (ерменски: հայկական մուֆլոն, персиски: گوسفند وحشی ارمنی),[3] исто така познат како ерменска овца,[1] ерменска дива овца,[4][5] ерменска црвена овца,[6] or закавкаска овца[7] (Ovis orientalis gmelini) е загрозен вид на муфлони ендемски во Иран, Ерменија и Нахчиван (Азербејџан).[1]

Номенклатура

уреди
 
O. o. gmelini на ерменска марка од 2012

Ерменскиот муфлон првпат бил опишан во 1840 од Едвард Блит, кој го изедначил со "Orientalische Schaaf" (Ориентални овци) опишани од Самуел Готлиб Гмелин во 1774.[8][9][10]

Застапеност

уреди

O. o. gmelini се среќаваат во северозападен Иран. Ерменските муфлони биле пренесени на островот Кабудан кај езерото Урмија во 1895 и 1906 од страна на еден од првите гувернери на Ирански Азербејџан.[11] Според научно истражување спроведено во 1970-тите на островот се докажало дека нивниот број се намалил од околу 3,500 во 1970 на 1,000 во 1973.[4] Во 2004, 1,658 ерменски диви овци биле избројани во Ангуранската заштитена област во иранската покраина Занџан.[12]

O. o. gmelini се среќаваат во покраината Сјуник во јужна Ерменија (и во помал број во провинциите Арарат и Вајоц Ѕор).[13][14] Според истражување во 2009 имало „едвај 200“ муфлони во Ерменија.[15]

Се проценува дека има од 250 до 300 муфлони во република Нахчиван на Азербејџан.[16]

Животна средина

уреди

Иранската црвена овца најчесто живее на отворен груб терен на средна или голема височина, каде најчесто ги населуваат карпестите ридови, ниските и планиски степи, карпестите полупустини и падините покриени со трева и алпските пасишта.

Летата ги поминуваат на најголема надморска височина, речиси до 6000 метри, точно под постојаниот снег. Во зима се спуштаат на пониски места, а често доаѓаат и во долините.

Живеат во мали или поголеми стада и во лето постарите мажјаци живеат сами или во одделни групи. Живеат и до 18 години.

Мерки за заштита

уреди

O. o. gmelini се во категорија I на Црвениот список на МСЗП. Во Ерменија, нивно ловење е забрането од 1936. Започат е програм за одгледување во Зоолошкиот институт на Ерменија со цел да се прошири Косровскиот природен резерват, да се претвори Орбубадското светилижте во државна резерва, да се контролира добитокот и да се намали ловокрадството.[1] Од 2011, глобата за лов на ерменскиот муфлон во Ерменија е 3 милиони драми (речиси 8.000 долари).[17]

Во Иран, ловењето на O. o. gmelini е дозволено само со дозвола, надвор од заштитените области, помеѓу септември и февруари. Внатре во заштитените области, пасење на домашните животни е строго контролирано.[1]

Библиографија

уреди
  • Ovsepian, L. A. (1987). „Случай обнаружения саркоцист у арменийских муфлонов (Ovis Orientalis Gmelini Blyth, 1841=Armeniana Nasonov) содержащихся в условиях неволи [Case of Sarcocysts Revelation in Armenian Moufflons (Ovis Orientalis Gmelini Blyth, 1841=Armeniana Nasonov), Kept under Conditions of Captivity]“. Biological Journal of Armenia (руски). Yerevan: Armenian National Academy of Sciences. 40 (9): 780–781. Архивирано од изворникот на 2015-07-15. Посетено на 2015-04-19.
  • Valdez, R.; Cardenas, M.; Sanchez, Juan (February 1991). „Disruptive mating behavior by subadult Armenian wild sheep in Iran“. Applied Animal Behaviour Science. 29 (1–4): 165–171. doi:10.1016/0168-1591(91)90244-R. Архивирано од изворникот на 2021-07-24. Посетено на 2015-04-19.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Valdez, R. (2008) Ovis orientalis. The IUCN Red List of Threatened Species
  2. 2,0 2,1 Crabtree, Pam J.; Ryan, Kathleen; Campana, Douglas V., уред. (1989). Early Animal Domestication and Its Cultural Context. UPenn Museum of Archaeology. стр. 28.
  3. Firouz, Eskandar (2005). The Complete Fauna of Iran. I.B. Tauris. стр. 89.
  4. 4,0 4,1 Valdez, Paul; Alamia, Leticia V. (1977). „Population decline of an insular population of Armenian wild sheep in Iran“ (PDF). Journal of Wildlife Management. 41 (4): 720–725. doi:10.2307/3799995.
  5. Lydekker, Richard (1907). „The name of the Armenian wild sheep“. The Annals and Magazine of Natural History: Zoology, Botany, and Geology. Taylor & Francis. стр. 121–122.
  6. Mungall, Elizabeth Cary (2007). Exotic Animal Field Guide: Nonnative Hoofed Mammals in the United States. Texas A&M University Press. стр. 213. ISBN 978-1585445554.
  7. Heptner, V.G.; Nasimovich, A.A.; Bannikov, A.G. (1988). Mammals of the Soviet Union. I. Washington, D.C., USA: Smithsonian Institution Libraries and National Science Foundation. стр. 881–954 (Section 21: Mountain Sheep, Arkhar). Посетено на 9 January 2015. English translation of the Russian-language Mlekopitaiushchie Sovetskogo Soiuza (1961) by the Smithsonian Institution's Translation Publishing Program.
  8. Blyth, Edward (1840). „An Amended List of the Species of the genus Ovis. Proceedings of the Zoological Society of London. The Zoological Society of London. 8 (1): 62–81. doi:10.1111/j.1469-7998.1840.tb00692.x. Посетено на 8 January 2015. Transcription of Blyth's presentation to a session of the Zoological Society of London chaired by Professor Owen.
  9. Gmelin, Samuel Gottlieb (1774). Reise durch Russland zur Untersuchung der drey Natur-Reiche (германски). III. St. Petersburg, Russia: Akademie der Wissenschaften. стр. 486–487. Посетено на 8 January 2015.
  10. Danford, Charles G.; Alston, Edward R. (1880). „On the Mammals of Asia Minor.—Part II“. Proceedings of the Zoological Society of London. The Zoological Society of London. 48 (1): 50–64. doi:10.1111/j.1096-3642.1880.tb02724.x. Посетено на 9 January 2015.
  11. Asem, Alireza; Eimanifar, Amin; Djamali, Morteza; De los Rios, Patricio; Wink, Michael (2014). „Biodiversity of the Hypersaline Urmia Lake National Park (NW Iran)“. Diversity. 6 (1): 102–132. doi:10.3390/d6010102.
  12. Karami, M.; Habibzadeh, N. (2006). „Population Dynamics of Armenian Wild Sheep (Ovis Orientalis Gmelini) in the Angouran Protected Area of Zanjan Province“. Iranian Journal of Natural Resources. 59 (2): 487–500. Архивирано од изворникот на 2016-03-03. Посетено на 2015-04-19.
  13. Malkhasyan, A. „Armenian mouflon - Ovis orientalis gmelinii (Blyth, 1841)“. Red Book of Armenia. Ministry of Nature Protection of the Republic of Armenia. Архивирано од изворникот на 2017-01-19. Посетено на 2015-04-19.
  14. „Կենդական Աշխարհ [Fauna (literally Animal World)]“, Հայաստանի Ազգային Ատլաս [Armenian National Atlas] (ерменски), I, Yerevan, Armenia: "Geodeziayi ev Kʻartezagrutʻyan Kentron" POAK, 2007, стр. 81, ISBN 99-94-10176-5, Архивирано од изворникот на 2016-03-03, Посетено на 2015-04-19
  15. Khorozyan, Igor G.; Weinberg, Pavel I.; Malkhasyan, Alexander G. (2009). „Conservation Strategy for Armenian Mouflon (Ovis [orientalis] gmelini Blyth) and Bezoar Goat (Capra aegagrus Erxleben) in Armenia“. Во Zazanashvili, Nugzar; Mallon, David (уред.). Status and Protection of Globally Threatened Species in the Caucasus (PDF). Tbilisi: CEPF, WWF. Contour Ltd. стр. 37–45. ISBN 978-9941-0-2203-6.
  16. Talibov, Tariel H.; Weinberg, Pavel I.; Mammadov, Ismayil B.; Mammadov, Etibar N.; Talibov, Sabuhi T. (2009). „Conservation Strategy of the Asiatic Mouflon (Ovis [orientalis] gmelini Blyth) and the Bezoar Goat (Capra aegagrus Erxleben) in Azerbaijan“. Во Zazanashvili, Nugzar; Mallon, David (уред.). Status and Protection of Globally Threatened Species in the Caucasus (PDF). Tbilisi: CEPF, WWF. Contour Ltd. стр. 46–52. ISBN 978-9941-0-2203-6.
  17. Gevorgyan, Siranuysh (14 September 2011). „Easy Game: Armenian conservationists alarmed by continued poaching of Red Book species“. ArmeniaNow. Архивирано од изворникот на 2018-03-31. Посетено на 2015-04-19.

Надворешни врски

уреди