Пергамент
Пергаментот е еден од најстарите материјали за пишување, кој се користи и денес.
Историја
уредиОколу 200 г. п.н.е еден од фараоните од династијата Птоломеиди го забранил извозот на папирус од Египет, за да го спречи развојот на “библиотеките“ во другите земји.
Оваа ситуација ги натерала корисниците на папирус да најдат алтернативен материјал за пишување, однесно за пренесување на пораките и складирање на знаењата. Во градот Пергамо, (денешна Турција), бил произведен таков материјал и го добил името пергамент. Тој бил потраен и попостојан на влага за разлика од папирусот. Сè до денес, се смета за еден од најдобрите материјали за пишување со перо и мастило.
Изработка
уредиПергаментот се изработувал со преработка на тенки кожи, најчесто од млади животни: кози, овци, телиња, магариња, па и змии.[1] Процесот на изработка бил многу едноставен. Од одраната кожа се отстранувале влакната, а потоа кожата се третирала со белило. Депилираната кожа се напнувала на дрвени рамки и постепено се сушела.
Следната фаза било брусењето со помош на вулкански песок и мазнење со помош на коски или мазни камења. Колку што пергаментот бил потенок, толку бил поценет.
Последната фаза била натопување на испегланата кожа во масло и сушење на маслото, со цел да се постигне соодветна еластичност.
Пергаментот денес
уредиИ денес пергаментот се употребува за различни свечени пригоди, кога е потребно да се изработат повелби, признанија и слично (Версајскиот договор, Повелбата на ООН, Нобеловата награда и др.).
Наводи
уреди- ↑ Пергамент Архивирано на 27 август 2009 г. (англ.)