ОУ „Кочо Рацин“ - Охрид
„Кочо Рацин“ е централно основно училиште во градот Охрид со подрачно во с. Долно Лакочереј. Наречено е по истакнатиот книжевник Кочо Рацин (1908-1943), книжевен деец, комунистички активист, најпознат по својата поезија.
Кочо Рацин | |
---|---|
Место | |
Општина: | Охрид |
Нас. место: | Населба „Радојца Новичиќ“ |
Адреса: | ул. „130“ бр. 24 |
Местоположба | |
Основни информации | |
Директор: | Соња Милеска[1] |
Настава на: | македонски |
Контактни информации |
Општо
уредиСогласно Законот за основно образование и Статутот, со училиштето раководи директорот, а управува училишниот одбор. Советот на одделенски наставници, Совет на предметни наставници, Одделенски раководители на паралелката, стручни активи на наставниците.
Кадровскиот ресурс во училиштето го сочинуваат : наставен кадар, стручен кадар и административно-технички персонал.
Во учебната 2013/14 година, наставата ја посетуваат вкупно 397 ученици, од кои 297 во централното и 90 во подрачното училиште.
Организација на работата
уреди- Во училиштето функционираат 26 паралелки, од кои 9 паралелки во подрачното и 17 паралелки во централното училиште;
- Согласно Законот за основно образование, наставниот час трае 40 минути;
- Педагошката евиденција и документација се води согласно законските регулативи;
- Наставниот процес се реализира согласно концепциските насоки, и тоа: задолжителни предмети, изборни предмети, дополнителна настава, додатна настава, часови за одделенска заедница;
- Воннаставни активности се: слободни ученички активности, ученички натпревари, општествено-хуманитарни активности, ученичка заедница, ученичка организација (детска организација, подмладок на црвен крст), грижа за здравјето на учениците, соработка со семејството и родителите, соработка на училиштето со други институции, културно-образовни активности, проекти и др.;
- Стручни активи: педагошки актив, актив на општествено-јазична група на предмети, актив на природна група предмети, актив на одделенска настава;
Цели
уреди- Реализација на стратешки насоки и цели, развојни приоритети во училиштето;
- Реализација на концептот на деветгодишно основно образование;
- Унапредување на здравиот начин на живеење и воспитување за преземање одговорност за сопственото здравје и заштита на животната средина;
- Развивање на способности за истражување, експериментирање и решавање на проблеми;
- Воспитување за меѓусебна толеранција, соработка, почитување на различноста, основните човекови слободи и права;
- Развивање самодоверба и свест кај ученикот за сопствената индивидуалност и одговорност за своите постапки;
- Развивање свест кај учениците за припадност на Република Македонија и негување на сопствениот национален и културен идентитет;
Задачи
уреди- Ефикасно раководење со ресурсите и воспитно-образовниот процес на училиштето;
- Синхронизирање на наставните програми за деветгодишно основно образование;
- Делотворно планирање и реализирање на воннаставните активности;
- Квалитетен и ефикасен воспитно-образовен процес на училиштето;
Мисија
уредиУчилиштето е безбедно и пријатно место за учениците, каде се реализираат современи програми за задоволување на потребите на учениците за нови знаења, го развиваат творечкиот дух и креативноста и се формираат во здрави личности!
Приоритети
уреди- Реализација на проекти за подобрување на условите за работа, како и подобрување на делотворноста и квалитетот на наставата;
- Прилагодување на условите за работа и воспитно-образовниот процес кон новиот концепт на деветгодишно основно образование;
- Синхронизирање на наставните планови и програми;
- подобрување на квалитетот и делотворноста на наставата;
- Подобрување на постигањата на учениците, трајност на знаењата и оспособување за живот на ученичката популација;
Освоени награди
уредиУчилиштето и учениците имаат освоено бројни награди во текот на годините по разни предмети и натпревари, како на пример на литературни и ликовни конкурси, натпревари по математика и друго.