Коселска Река
река во Македонија
(Пренасочено од Опеничка Река)
Коселска Река или Опејничка Река — река во Северозападна Македонија која извира од западните падини на Плакенска Планина на височина од 1.070 м, а се влева во Охридското Езеро на височина од 693 м под името Даљан во истоимената населба на источниот крај на Охрид. Вкупната должина на речниот тек изнесува 66 км, има вкупен пад од 377 м, и просечен пад од 5,71 ‰. Сливот зафаќа површина од 214 км2. Просечниот годишен проток изнесува 1,30 м3/с. Најголемо количество вода има во пролет, а најмало кон крајот на летото. Во април 2010 година забележан е голем помор на риби во реката.[1]
Коселска Река | |
---|---|
Коселска Река како Опејничка Река низ Опеница | |
Местоположба | |
Физички особености | |
Извор | Плакенска Планина |
• надм. вис. | 1070 м |
Устие | Охридско Езеро |
• место | Даљан, Охрид |
• надм. вис. | 693 м |
Должина | 66 км |
Големина на сливот | 214 км2 |
Проток | |
• просечен | 1,30 м3/с |
Особености на сливот |
Галерија
уреди-
Мост преку реката во Горно Лакочереј
-
Реката во Горно Лакочереј
-
Реката во Горно Лакочереј
-
Мост преку реката во Долно Лакочереј
-
Мост преку реката во Долно Лакочереј
-
Мост преку реката во Орман
-
Реката во Орман
Наводи
уреди- ↑ Трајковски, Мики (1/04/2010). „Помор на риби во Коселска река“. Алсат - М. Архивирано од изворникот на 2010-04-03. Посетено на 2010-04-21. Text "language" ignored (help); Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help)