Кула (Годивје)
„Кула“
| |
План на наоѓалиштето | |
Местоположба | 41°24′00″N 20°46′55″E / 41.40000° СГШ; 20.78194° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Годивје |
Општина | Дебрца |
Тип |
|
Период | хеленистичко време |
доцноантичко време | |
среден век | |
Портал „Археологија“ |
Кула — археолошко наоѓалиште во охридското село Годивје, Општина Дебрца. Претставува опидум (утврдена населба) од хеленистичко време, доцната антика и средниот век.
Местоположба
уредиМесноста Кула лежи 0,5 км западно од селото. Тоа е тераса со висина од 70 м, јазичесто издадена меѓу две длабоки бразди — меѓу Годивска Река на север и Жмерница на југ.[1] Лесно е пристапна од запад, каде што преку мало седло преминува во масивот на Славеј Планина. Има голем преглед околу, cи до патот Охрид — Кичево и до долината на Сатеска 3 км на исток и планинскиот превалец.
Опис
уредиПовисокиот западен дел бил издвоен со внатрешен ѕид во малечка акропола, на чие што чело стоела издадена кула (оттука и името). Споменатиот врв претставува утврдено место со остатоци од бедем граден од кршен камен и варов малтер. Темелите на кулата се сложени од големи камени блокови, кои можеби потекнуваат од хеленистичко време.
Наоди
уредиАнтика
уредиРетки парчиња од грнчарија и една најдена фибула потекнуваат од хеленистичко време.[2] Во доцноантичко време било изградено обѕидие со малтер околу простор голем 230 × 50 м (1 ха). Најдени се парчиња од ковано железо (клинци, кламфи, алатки, врвови од стрели и др.). Стари рудници и траги од преработка на железна руда се регистрирани на повеќе места на планинските падини југозападно од Кула.
Среден век
уредиНа Кула се утврдени и парчиња од словенски црепни, а меѓу железните врвови за стрели има повеќе примероци за пробив на оклоп, типични за развиенот среден век. Несомнено е дека со оживувањето на рударството во Дебрца во тоа време и борбите помеѓу Византија и Србија околу овој регион (1329/30 г.), старата крепост кај Годивје била повторно користена. Траги од нови ѕидарски работи нема и ова упориште најверојатно било користено само повремено. Во документите од тоа време местово не е забележано.
Поврзано
уреди- Војо — населба од средниот век
- Горица — цркви од средниот век
- Св. Спас - Црквиште — сакрален објект од средниот век
- Трумени Гумења — црква од средниот век
- Черенец — населба од неолитот
Наводи
уреди- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 244-245. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ Микулчиќ, Иван (1996). Средновековни градови и тврдини во Македонија. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. стр. 239.