Црква „Св. Ѓорѓи“ - Годивје
Св. Ѓорѓи — црква во охридското село Годивје, Општина Дебрца. Му припаѓа на Охридското архијерејско намесништво во Дебарско-кичевската епархија на МПЦ - ОА. Прогласена е за културно наследство на Македонија.[1]
Свети Ѓорѓи
| |
македонска православна црква | |
Епархија | Дебарско-кичевска |
Архијерејско намесништво | Охридско |
Парохија | Годивска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°24′7.7″N 20°47′21.6″E / 41.402139° СГШ; 20.789333° ИГД |
Место | Годивје |
Општина | Дебрца |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Ѓорѓи |
Завршено | XV век |
Архитектонски опис |
Сместена е на возвишение во северниот дел на селото,[2] во непосредна близина на гробиштата.
Точната година на изградба и живописување не е позната, но врз основа на стилска анализа на фрескоживописот се смета дека е од втората половина на XV век. Градена е од кршен и делкан камен со малтер, и во архитектурен поглед е идентична на црквите „Св. Константин и Елена“ и „Св. Богородица Болничка“ во Охрид. Врската со Охридскатата школа се потврдува и со присуството на Свети Климент Охридски, кој е до самиот иконостас, место кое секогаш се чува за Дејзис — Страшниот суд, во која се насликани Исус Христос, а од двете страни св. Богородица и св. Јован Крстител како се молат за спас на грешните души. Друга особеност на живописот е тоа што во олтарниот простор на висината на цоклето, на украсно обработена површина од источниот ѕид се претставени фигури на двоглави орли (стари симболи на царската власт) и јагне со иницијалите на Христос – Добриот пастир.[3]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Список на заштитени добра. Состојба до 31.12.2012. Скопје: Управа за заштита на културното наследство.
- ↑ „Цркви и манастири во Охридско“. МИА. 25 октомври 2015. Архивирано од изворникот на 2017-07-29. Посетено на 28 јули 2017.
- ↑ „Црквата Свети Ѓорѓи, с. Годивје - Охридско“. Macedonium. Посетено на 4 април 2014.