Горица (Годивје)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Горица

Карта

Местоположба 41°23′43″N 20°48′44″E / 41.39528° СГШ; 20.81222° ИГД / 41.39528; 20.81222
Основни податоци
Место Годивје
Општина Дебрца
Тип

 црква


Период среден век
Портал „Археологија“

Горицаархеолошко наоѓалиште во охридското село Годивје, Општина Дебрца. Претставува тумба со две цркви од средниот век. Едната од нив денес е обновена.

Местото се наоѓа на околу 3 км југоисточно од селото и десно од меѓуселскиот пат Годивје - Сливово. Во средишниот дел на зарамнетиот врв се забележуваат урнатини од две цркви. Според особеностите, едната е без можности за дефинирање на обликот, но е постара, а другата, градена подоцна, има облик на еднокорабна градба со полукружна апсида.

Во близината се забележуваат гробни конструкции со насоченост запад-исток. Според постарите жители од селото, обете биле посветени на Апостол Вартоломеј.[1]

Обнова

уреди

Обновата на едната од нив е почната во 2018 г. и по завршувањето на сите работи, храмот „Св. Вартоломеј“ е осветен од митрополитот Тимотеј Дебарско-кичевски на 24 јуни 2020 г.[2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 244. ISBN 9989-649-28-6.
  2. „Осветување на храмот „Св. Ап. Вартоломеј" во с. Годивје“. Дебарско-кичевска епархија. 24 јуни 2020.