2Bona

македонска трап и хип-хоп група

2Bona или 2Бона — македонска трап, хип-хоп, ар-ен-би и регетон-група. Членови на групата се Марио Јелиќ-Кун, во улога на продуцент, текстописец и пејач; и Антонио Стојановски-Тонито, во улога на текстописец и пејач. Нивната музика е вдахновена од новите светски современи музички трендови и е наменета за ноќни клубови и дискотеки.[1] Нивниот прв сингл се вика Лево десно и бил објавен во 2015 година. Родени се во Скопје каде што живеат моментално. Имаат издавачка куќа позната како „Gorilla TV" основана во 2020 година.[2]

2Bona
ДваБона
Антонио Стојановски (лево) и Марио Јелиќ (десно)
Животописни податоци
ПотеклоСкопје, Македонија Македонија
ЖанровиТрап, хип-хоп, ар-ен-би и регетон
Период на активност2015—
ИздавачиGlobal Music Entertainment
Членови
Марио Јелиќ
Антонио Стојановски

Во март 2019 година, тие издале албум наречен 2Bona. На албумот има шест песни, а тој е снимен за издавачката куќа Global Music Entertainment.[3] Понатаму, 2Bona направила соработка со српската пејачка Елена Китиќ, и во 2019 година ја пуштиле хит-песната Colombiana. Марио во интервју за нивниот успех рекол: „Веќе сме сигурни дека кршиме некоја бариера и ставаме мостови во сите други земји".[4] Следната година, тие ја направиле првата соло хит-песна наречена Joker, која има над 15 милиони прегледи.

Меѓу другите нивни соработки се и со: Слаткаристика — нивниот близок пријател (Би направил сè, Дијаманти, Главо луда), Tyzee (Југ), Таско, Тракер, Газда Паја, Бандата на Руба итн. 2Bona моментално се сметаат како водачи на новиот бран на музика на Балканот.[5]

Марио Јелиќ
Антонио Стојановски

Дискографија

уреди

Албуми

уреди
2Bona (2018/19)
Бр. Име Времетраење
1. Дело 3:01
2. Моет (ft. Таско) 4:00
3. Контрола 3:26
4. Fuego (ft. Таско, Тракер) 3:42
5. Не ми дава мир (ft. Тракер) 3:43
6. Балкан 3:27
Zeus (2022)
Бр. Име Времетраење
1. Гасолина 3:29
2. Ензо 2:55
3. Not Sorry 2:57
4. Mon Chéri 3:08
5. Немо 2:59
6. Фортуна (ft. Lil Barty, Боро Први, Брзо Трчи Љанми) 2:39
7. Рај 3:40
8. Остај тоа 3:00
9. Zeus 3:19

Спотови

уреди
Сите музички спотови (како главни и споредни пејачи, вклучувајќи ги и режисерите)
Спот Година Режисер(и)
Лево десно 2015 Иван Солунчев
Земи го 2015 Дарко Манасијески
Сакав да видам 2015 Inovativa Group
Боже прости 2016 Inovativa Group
Машина 2016 /
Премногу 2017 Милош Дисленковиќ
Би направил сè 2017 Филип Пауновски
Доволно 2018 /
Бени нонстоп 2018 /
Дело 2018 Гордан Божиновски
Bella 2018 /
Моет 2018 Гордан Божиновски
Контрола 2018 /
Fuego 2018 /
Air Max 2018 Гордан Божиновски
Не ми дава мир 2018 Гордан Божиновски
Балкан 2019 God Eye Production
Дијаманти 2019 Томислав Живковиќ
Бела ноќ 2019 /
All Eyes On Us 2019 God Eye Production
Colombiana 2019 Љуба
Бел џип 2019 /
Za jednu noć 2019 /
Банкноти и бандероли 2019 /
Хаос 2019 /
Јас сум за тоа 2019 /
Милион 2019 Томислав Живковиќ
Колку ти треба 2019 Томислав Живковиќ
Freak 2019 Гордан Божиновски
Gorilla 2019 Огнен Шапковски
Комиран 2020 Огнен Шапковски
Рири 2020 /
Хабанеро 2020 Никола Наумовски
Ferrari 2020 /
Пиштоли и рози 2020 Крсте Шупев и Алек Тасевски
Joker 2020 NN Media
Гори 2020 Немања Лакиќ
Главо луда 2020 Дарко Манасијески
Тој сум 2020 Томислав Живковиќ
Candy 2021 NN Media
Big Bank 2021 Томислав Живковиќ
Југ 2021 Томислав Живковиќ
Тет а тет 2021 Љуба Радојевиќ
Pali motore 2021 Матеј Матијевиќ
Муни мани 2021 Милош Аврамовиќ и Мирослав Аничиќ
Хиена 2021 Томислав Живковиќ
Гасолина 2022 Bashmotion
Ензо 2022 Љуба
Not Sorry 2022 SteadyFlow и Томислав Живковиќ
Mon Chéri 2022 Томислав Живковиќ
Немо 2022 SteadyFlow
Фортуна 2022 /
Паралија 2022 Стреско
Рај 2022 Стреско
Остај тоа 2022 Cherry Cannon
Zeus 2022 Илија Димкоски
Зелена светлина 2022 Reezy Rane
Илузија 2022 /
Upalite za mnom sveće 2023 /
Baby 2023 Стреско
Другови 2023 Reezy Rane
Ај леле 2023 Reezy Rane
Allo 2023 Reezy Rane
Дали е до нас 2024 Reezy Rane
Sugar 2024 Reezy Rane
Елмас 2024 Steadyflow
Дискотека 2024 Reezy Rane
Aлиби 2024 Reezy Rane
International 2024 Блажо
Нема кој 2024 SteadyFlow

Наводи

уреди
  1. „2Bona“. www.facebook.com (англиски). Посетено на 15 март 2020.
  2. „„2Бона" им се — „Доволно". Vistina.mk. Архивирано од изворникот на 2021-01-05. Посетено на 2021-02-17.
  3. „2Bona by 2bona“. Genius (англиски). Посетено на 15 март 2020.
  4. Fan Pit/ Фан Пит — Интервју со 2Bona - Јутјуб 2019 година
  5. „2Bona from Macedonia“. Popnable.com (англиски). Посетено на 2021-05-20.