Википедија:Образовна програма:СУГС „Јосип Броз Тито“ 18/19
Образовната програма на Википедија во СУГС „Јосип Броз Тито“ 2018/19 — петта годишна образовна програма која има за цел да помогне во подобрување на постоечките и создавање на нови статии од разни области на Википедија на македонски јазик од страна на учениците на средното училиште СУГС „Јосип Броз Тито“ во Скопје. Во извршување на предвидените активности може да се вклучат и останатите википедијанци. Потфатот треба да опфати категоризација, надополнување и презентација на темите кои ги обработуваат учениците. Страницата на потфатот и соодветните потстраници содржат основни принципи кои би требало да помогнат во насочување на работата.
Цели
уредиРаботата на учесниците во овој образовен потфат е насочена кон остварување на следните цели:
- создавање нови квалитетни статии од различни области;
- подобрување на квалитетот и надополнување на постоечките статии;
- зголемување на обемот на стручни содржини од различни области на македонски јазик.
Членови
уредиДоколку сте ученик во СУГС „Јосип Броз Тито“ и сте заинтересирани да се вклучите во рамките на уредување на различни статии по наставните предмети кои се изучуваат, Ве молиме користете ја следната табела за додавање на Вашето корисничко име, клас во кој сте ученик и придонес.
Физика
уредиГалерија
уреди- 30.10.2018