СУ „Јосип Броз Тито“ - Скопје

средно училиште во Македонија

СУГС „Јосип Броз – Тито“ (целосно име: Средно училиште на Град Скопје „Јосип Броз – Тито“) — средно училиште во Скопје, Општина Центар.

СУГС „Јосип Броз – Тито“

Место
Општина: Центар
Место: Скопје
Адреса: ул. „Димитрија Чуповски“ б.б.
Основни информации
Основано: 1944; пред 80 години (1944)
Директор: Силвана Кржовска
Настава на: македонски и турски
Контактни информации
Портал www.josipbroztito.edu.mk
тел. +389 2 3214 314

Основање и развој

уреди

Основањето на гимназијата започнало со решение на Президиумот на АСНОМ и назначувањето на писателот и академик Васил Иљоски за прв директор (1.XII.1944). Наскоро биле назначени и првите 29 наставници (јануари 1945), а на 1 февруари 1945 г. започнала и работата на Првата скопска гимназија со вкупно 790 ученици во 23 одделенски паралелки. Непосредно по нејзиното основање, пак, на Третата седница на Наставничкиот совет на Првата скопска гимназија било решено таа да се именува со името на претседателот на ФНРЈ „Јосип Броз – Тито“. Оттогаш до денес таа и го задржа името на Јосип Броз – Тито како свој патрон.

Во првите три децении од основањето, гимназијата неколкупати го менувала објектот за сместување и локацијата, а на денешната локација, со своја училишна зграда, се наоѓа од 13 ноември 1972 г. до денес.

Во текот на своето постоење, гимназијата успева да ја докаже својата вредност како прва гимназиска образовна институција. Доказ за тоа се и бројните признанија и награди кои ги има добиено како колектив, признанијата за истакнати членови на професорскиот состав и бројни награди што учениците ги имаат освојувано на разните натпревари. Во прилог на ова може да се наведат неколку награди и признанија.

Во 1964 година, Гимназијата добива Спомен-плакета на Град Скопје, 1969 година, Ноемвриска награда, на крајот од учебната 1971/1972 година е на прво место на ранг-листата за средни училишта, а во 1975 година, претседателот на тогашната држава, Јосип Броз Тито, ја одликува Гимназијата со Орден на трудот со златна ѕвезда.

Список на директори

уреди
  • Васил Иљоски (1944/1945)
  • Нада Ачковска (1945/1946)
  • Павле Даскалов (1946/1947 – 1947/1948)
  • Злата Ангелова (1948/1949)
  • Вера Нацева-Коробар (1949/1950 – 1952/1953)
  • Олга Мишиќ-Соколова (1953/1954 – 1954/1955)
  • Јордан Димевски (1955/1956 – 1964/1965)
  • Васил Чипов (1965/1966 – 1981/1982)
  • Марика Христова в.д. (1981/1982 – 1982/1983)
  • Благоја Петровски в.д. (1984/1985 – 1986/1987)
  • Славка Арсова в.д. (1986/1987)
  • Петар Илиевски прив.упр. (1986/1987)
  • Аџиевски Спасоје вд. (1986/1987)
  • Јован Созовски (1987/1988 – 1998/99)
  • Славица Сековска (1999/2000 – 2002/2003)
  • Снежана Мироновска (2003/2004 – 2012/2013)
  • Драган Данев (2012/2013 – 2013/2014)
  • Татијана Стојанова-Дуева (2013/2014 – 2017/2018)
  • Силвана Кржовска (2017/2018 – денес)

Наставен кадар

уреди

Учество на натпревари

уреди

Освоени награди

уреди

Познати личности кои учеле во ова училиште

уреди

Познати личности кои предавале во ова училиште

уреди

Надворешни врски

уреди