Планкова честичка

Планковата честичка, именувана по физичарот Макс Планк, е хипотетичка честичка определена како мала црна дупка чија Комптонова бранова должина е еднаква на нејзиниот Шварцшилдов полупречник.[1] Нејзината маса е на тој начин приближна на планковата маса, а нејзината Комптонова бранова должина и нејзиниот Шварцшилдов полупречник се околу планковата должина.[2] Планковите честички понекогаш се користат како вежба за да се определи Планковата маса и Планковата должина.[3] Тие играат улога во некои модели на развитокот на универзумот за време на Планковата ера.[4]

Во споредба со протонот, на пример, Планковата честичка би била екстремно мала (нејзиниот полупречник е еднаков на Планковата должина, која е околу 10−20 пати поголема од полупречникот на протонот) и помасивна ( планковата маса е 1019 пати поголема од масата на протонот).[5] Планковата честичка, исто така, би имала многу минливо постоење, испарувајќи поради Хокинговото зрачење по околу 5⋅10-39 секунди.

Извор

уреди
Додека мислењата се разликуваат во однос на нејзината соодветна определба, најчестата определба на Планковата честичка е честичка чија Комптонова бранова должина е еднаква на нејзиниот Шварцшилдов полупречник. Ова ја поставува врската:
 

Така правејќи ја масата на таквата честичка:

 

Оваа маса ќе биде   пати поголема од Планковата маса, правејќи ја Планковата честичка 1,772 пати посилна од единицата за Планковата маса.

Нејзиниот полупречник ќе биде Комптоновата бранова должина:

 

Планковата должина P е определена како

 

Димензии

уреди

Со користење на горенаведените изведувања можеме да ги замениме универзалните константи h, G и c и да ги определиме физичките вредности за масата и полупречникот на честичката.

Табела 1: Физички димензии на планковата честичка
Параметар Димензија Вредност во SI единици
Маса М 3,85763⋅10-8 кг
Полупречник L 5,72947⋅10-35 м
Волумен L3 7,87827⋅10-103 м3
Густина M L−3 4,89655⋅1094 кг м−3
Живот T 4,826512⋅10-39 с

Наводи

уреди
  1. Michel M. Deza; Elena Deza. Encyclopedia of Distances. Springer; 1 June 2009. ISBN 978-3-642-00233-5. p. 433.
  2. "Light element synthesis in Planck fireballs" - SpringerLink“. Архивирано од изворникот на 2020-02-16. Посетено на 2018-12-10.
  3. B. Roy Frieden; Robert A. Gatenby. Exploratory data analysis using Fisher information. Springer; 2007. ISBN 978-1-84628-506-6. p. 163.
  4. Harrison, Edward Robert (2000), Cosmology: the science of the universe, Cambridge University Press, ISBN 978-0-521-66148-5 p. 424[мртва врска]
  5. Harrison 2000, стр. 478.

Надворешни врски

уреди