Хексакварк
Во физиката на честички, хексакварковите се големо семејство на хипотетички честички, секоја честичка која се состои од шест кваркови или антикваркови од било кој вкус. Шест составни кваркови во било која од неколкуте комбинации може да имаат обоен полнеж еднаков на нула; на пример хексакваркот може да содржи или шест кваркови, слични на два бариона поврзани заедно ( дибарион ), или три кваркови и три антикваркови.[1] Откако ќе се создадат, се предвидува дибарионите да бидат прилично стабилни според стандардите на честичната физика. Во 1977 година Роберт Јафе предложи дека можеби стабилен H дибарион со кварков состав udsuds и може да се теоретски резултат на комбинација на два uds хиперони.[2]
Бројни експерименти се приложени за откривање на распаѓање и заемодејства на дибариони. Во 1990-тите неколку начелни распади на дибарион се забележани, но не и потврдени.[3][4][5]
Постои теорија дека чудни честички како што се хипероните [6] и дибарионите [7] можат да се формираат во внатрешноста на неутронската ѕвезда, менувајќи го својот сооднос на маса-полупречник на начин на кој може да се забележат. Според тоа, мерењата на неутронските ѕвезди може да поставуваат ограничувања на можните дибарионски својства.[8] Голем дел од неутроните во неутронска ѕвезда може да се претворени во хипероните и да се спојат во дибариони за време на почетокот на колапсот на ѕвездата во црна дупка. Овие дибариони брзо ќе се разградат во кварко-глуонова плазма за време на колапсот или ќе одат во некоја моментално непозната состојба на материјата.
Во 2014 година беше откриен потенцијален дибарион во истражувачкиот центар „Јулих“ на околу 2.380 мегавати. Честичката постоела 10−23 s и била наречена d*(2380).[9]
Поврзано
уреди- Егзотичен хадрон
- Деутерон, единствената позната стабилна композитна честичка која се состои од шест кваркови.
- Дипротон , исклучително нестабилен дибарион.
- Динеутрон , уште еден крајно нестабилен дибарион.
- Пентакварк
Наводи
уреди- ↑ Vijande, J.; Valcarce, A; Richard, J.-M. (25 November 2011). „Stability of hexaquarks in the string limit of confinement“. Physical Review D. 85 (1): 014019. arXiv:1111.5921. Bibcode:2012PhRvD..85a4019V. doi:10.1103/PhysRevD.85.014019.
- ↑ R. L. Jaffe (1977). „Perhaps a Stable Dihyperon?“. Physical Review Letters. 38 (5): 195–198. Bibcode:1977PhRvL..38..195J. doi:10.1103/PhysRevLett.38.195.
- ↑ J. Belz et al. (BNL-E888 Collaboration) (1996). „Search for the weak decay of an H dibaryon“. Physical Review Letters. 76 (18): 3277–3280. arXiv:hep-ex/9603002. Bibcode:1996PhRvL..76.3277B. doi:10.1103/PhysRevLett.76.3277.
- ↑ R. W. Stotzer et al. (BNL-E836 Collaboration) (1997). „Search for H dibaryon in He-3 (K-, k+) Hn“. Physical Review Letters. 78 (19): 3646–36490. Bibcode:1997PhRvL..78.3646S. doi:10.1103/PhysRevLett.78.3646.
- ↑ A. Alavi-Harati et al. (KTeV Collaboration) (2000). „Search for the weak decay of a lightly bound H0 dibaryon“. Physical Review Letters. 84 (12): 2593–2597. arXiv:hep-ex/9910030. Bibcode:2000PhRvL..84.2593A. doi:10.1103/PhysRevLett.84.2593. PMID 11017277.
- ↑ V. A. Ambartsumyan; G. S. Saakyan (1960). „The Degenerate Superdense Gas of Elementary Particles“. Soviet Astronomy. 37: 193. Bibcode:1960SvA.....4..187A.
- ↑ S. Kagiyama; A. Nakamura; T. Omodaka (1992). „Compressible bag model and dibaryon stars“. Zeitschrift für Physik C. 56 (4): 557–560. Bibcode:1992ZPhyC..56..557K. doi:10.1007/BF01474728.
- ↑ A. Faessler; A. J. Buchmann; M. I. Krivoruchenko (1997). „Constraints to coupling constants of the ω- and σ-mesons with dibaryons“. Physical Review C. 56 (3): 1576–1581. arXiv:nucl-th/9706080. Bibcode:1997PhRvC..56.1576F. doi:10.1103/PhysRevC.56.1576.
- ↑ P. Adlarson; и др. (2014). „Evidence for a New Resonance from Polarized Neutron-Proton Scattering“. Physical Review Letters. 112 (2): 202301. arXiv:1402.6844. Bibcode:2014PhRvL.112t2301A. doi:10.1103/PhysRevLett.112.202301.