Планетите во астрологијата

(Пренасочено од Венера (астрологија))

Значењето и употребата на планетите во астрологијата е различно од она во астрономијата. Пред сè, астрологијата го користи геоцентричниот систем, односно претпоставува дека Земјата е центарот околу кој се вртат останатите планети. Зборот „планета“ значи „скитник“, а кругот по кој се цртаат планетите во наталната карта ја симболизира вечноста.

Астрологија
Почетоци
Историја на астрологијата
Историја на астрономијата
Астрологија и астрономија
Традиции
Вавилонска астрологија
Арапска и персиска астрологија
Кинеска астрологија
Египетска астрологија
Хеленско-римска астрологија
Индиска астрологија
Исламска астрологија
Сидерална астрологија
Западна астрологија
Видови
Хороскоп
Натална астрологија
Годишен хороскоп
Хорарна астрологија
Мундана астрологија
Категории
Астролози
Портал:Астрологија


Сонцето има семејство од девет планети кои кружат околу него, а тоа се: Меркур, Венера, Земја, Марс, Јупитер, Сатурн, Уран, Нептун и Плутон, чијашто оддалеченост од Сонцето е по тој редослед. Нивните орбити лежат приближно на иста рамнина. Поставеноста на планетите и нивните заемни врски ја претставуваат основата на астрологијата.

До скоро (1781 година), Сатурн беше крајот на Сончевиот Систем. Но тогаш астрономите го открија Уран, Нептун го открија во 1846 година, а Плутон во 1930 година. Поради тоа што овие последни три планети не се видливи за голо око, во астрологијата се нарекуваат „надворешни планети“.

Меркур

уреди
 
Меркур скулптура од 17 век, на Артус Квелинус.

.

Астрономски податоци

уреди

Ова е најблиската планета до Сонцето. Орбиталниот период му е 88 дена. Меркур се движи по високо ексцентрична орбита. Тешко е да се види со голо око, а од Британските Острови е видлив само на самрак, кога е блиску до хоризонтот. Меркур е многу мала планета, со пречник од околу 3000 милји. Нема атмосфера, а поради близината до Сонцето, неговата температура е околу 400°С.

Митолошки и астролошки податоци

уреди

Меркур е крилатиот гласник на боговите. Носи сандали со крилја, а на боговите им носи информации. Неговата функција е да ја крене свеста на повисоко ниво. Дава разбирање, и ако ни фали силата на Меркур, не сме способни да разменуваме идеи.

Традиционално, Меркур бил „бог момче“, а неговата сила е појака во раната младост, во периодот кога учиме. Силата на мислата е голема, и кога нешто е искажано со зборови си има свој сопствен живот, или кажано симболично „пенкалото е помоќно од мечот“.

Меркур го претставува нагонот за комуникација (сигнали, говор, пишување, патување). Позицијата на Меркур во наталната карта го покажува начинот на кој мислиме и начинот на кој го искажуваме она што го мислиме, потоа начинот на кој учиме, желбата за комуникација со други и начинот на кој го правиме тоа. Се поврзува со децата и младите луѓе, со нервоза, брзање, немир, интелектуалност.

Физички, се поврзува со штитната жлезда и нервниот систем, кој пренесува информации до мозокот.

Негов метал е живата.

Неговиот астролошки симбол е  .

Владее со знаците Близнаци и Девица.

Венера

уреди
 
Венера во Националниот археолошки музеј во Атина.

Астрономски податоци

уреди

Венера се наоѓа на оддалеченост од 67 милиони милји од Сонцето. Орбиталниот период на Венера изнесува 225 дена. Една е од најсветлите ѕвезди на хоризонтот при разденување и при самрак, позната како „Утринска ѕвезда“ и ѕвезда „Вечерница“. Личи на брилијантно бел објект на небото.

Митолошки и астролошки податоци

уреди

Венера е божица на љубовта и убавината, мајка на Ерос. Венера е женски принцип, таа е вечната Ева кој привлекува со својот шарм и убавина. Дава благородност на сите манифестации на убавината во природата, уметноста и кај луѓето. Без влијанието на Венера, животот нема да биде поднослив, а ние би се претвориле во осамени суштества без желба за љубов.

Позицијата на Венера во наталната карта покажува на кој начин ги покажуваме чувствата кон другите, и ја покажува желбата за формирање партнерство. Го покажува типот на личноста што нè привлекува. Исто така може да е во врска со мајката.

Физички Венера раководи со параштитната жлезда.

Нејзин метал е бакарот.

Владее со знаците Бик и Вага.

Астролошки симбол -  .

Марс

уреди
 
Статуа на богот Марс

Астрономски податоци

уреди

Марс има само околу половина од пречникот на Земјата, а му требаат 687 дена или приближно две години за да заврти еден круг околу Сонцето. Се наоѓа на растојание од 142 милиони милји. Неговата орбита е многу ексцентрична, како и онаа на Меркур. Оската на Марс е искосена под агол од 25° спрема нормалната рамнина, и затоа на оваа планета има годишни времиња како на Земјата. Периодот на вртење (едно деноноќие) му е 24 часа и 37 минути. Поради минералниот состав изгледа црвенкасто.

 
Планетата Марс.

Марс има два сателита или месечини, наречени Демос и Фобос (во превод: Терор и Страв). Демос кружи околу Марс еднаш на 30 часа, а Фобос за само седум и пол часа. Вториов сателит е интересен феномен за набљудувач од Марс, бидејќи изгрева од запад, а заоѓа на исток - трипати на ден.

Митолошки и астролошки податоци

уреди

Марс е богот на војната. Древните народи го поврзувале со војните, огнот и уништувањето. Марс е машкиот принцип, кој обезбедува волја за опстанок и поттик за акција, без кои не можеме ништо да постигнеме.

Позицијата на Марс во наталната карта покажува како раководиме со енергијата, на кој начин можеме да бидеме агресивни, и колку лесно се разбеснуваме. Го покажува натпреварувачкиот дух, доколку го имаме, а во лоши позиции носи деструктивност.

Физички Марс управува со адреналната жлезда, која го снабдува телото со дополнителна енергија во моменти на опасност.

Негов метал е железото.

Владее со знакот Овен.

Негов астролошки симбол е  .

Јупитер

уреди
 
Јупитер и Тетида (1811), Жан август Доминик Ингрес

Астрономски податоци

уреди

Ова е најголемата планета во Сончевиот Систем, со пречник од 88.000 милји, или околу 11 пати е поголема од Земјата. Кружи околу Сонцето на средно растојание од 483 милиони милји, а му требаат 11,86 години да комплетира еден круг околу Сонцето. Гледан преку телескоп, на Јупитер се гледаат темните појаси. Не е налик на ниедна друга планета од Сончевиот Систем, затоа што во најголем дел е составен од гас - водород.

Јупитер има барем 30 сателити, а 4 од нив се видливи со било кој мал телескоп. Овие четири месечини ги открил Галилеј во 1610 година.

Со период вртење од 10 часа, Јупитер има најбза вртење од сите планети во Сончевиот Систем. Оваа брза вртење прави Јупитер да е незначително рамен на половите.

Митолошки и астролошки податоци

уреди

Јупитер е господар на небото и на светот. На богот Јупитер му е дадена моќта врз сите богови и луѓе. Древните луѓе му се молеле на Јупитер во време на војна, во време на чуми, или за дожд во време на суша. Традиционално е дарител на добрата среќа, и е поврзан со мудроста на свештениците. Функцијата на Јупитер е да зголемува, да создава плодност, да размножува, да дава оптимизам и заштита.

Позицијата на Јупитер во наталната карта ја покажува вербата, довербата и надежта. Ги покажува областите во кои можеме да напредуваме и луѓето од кои можеме да очекуваме помош.

Јупитер зголемува сè што допира, но кога е пренагласен може да донесе и желба „да се биде Господ“.

Физички Јупитер управува со хипофизата, што е во врска со растењето.

Негов метал е калајот.

Јупитер владеесо знакот Стрелец.

Астролошкиот симбол на Јупитер е  .

Сатурн

уреди
 
Сатурн го јаде својот син, Рубенс (1636), Мадрид, Прадо

Астрономски податоци

уреди

Сатурн е џиновска планета која кружи околу Сонцето на далечина од 886 милиони милји, во период од 29 ½ години. Не е многу помал од Јупитер, со среден пречник од 75.000 милји.

Најчудната одлика на Сатурн се неговите прстени (има 4 прстени), коишто се составени од милиони делови што се вртат во рамнината на екваторот на планетата. Сатурн ротира еднаш во 10 часа и 14 минути, а оваа брзо вртење предизвикува сплескување на половите. Многу е сличен на Јупитер.

Кога Галилео Галилеј го видел првпат преку телескоп во 1610 година, не можел да ги види убаво прстените. Прстените прв ги видел холанѓанецот Хјугенс во 1655 година, којшто ги опишал како „сплескани прстени, кои никаде не ја допираат планетата“.

Сатурн има 11 сателити, кои се наоѓаат после системот на прстените. Најголемиот од овие сателити е наречен Титан, и е најголемата месечина во Сончевиот Систем.

Митолошки и астролошки податоци

уреди

Сатурн е стариот татко на времето, Косачот. Раните цивилизации го поврзувале богот Сатурн со времето, темнината, смртта и раздорот, но после грчко-римските времиња, тој е бог на општествениот поредок, на сезоните и на земјоделството, претставен како жнеач со коса. Ова има длабока асоцијација, бидејќи „оној што сее, тој и ќе коси“, па оттука се дошло до концептот за небесната правда. Постарите астролози му припишувале лоши одлики. Сепак, онаму каде што Јупитер проширува, Сатурн собира, и со тоа се постигнува неопходниот баланс.

Психолошки, Сатурн е нашиот голем строг учител, архетип на стар човек, гласот на совеста. Ја претставува нашата вродена желба за ред и сигурност, носи чувство на должности и одговорности и нè тера на самодисциплина.

Позицијата на Сатурн во наталната карта покажува на кое поле од животот треба да научиме некои лекции, и областите во кои треба да сме подготвени на тешкотии. Сатурн може да ги претставува старите луѓе во нашиот живот.

Физички, Сатурн управува со дел од хипофизата, со скелетот на телото и кожата.

Негов метал е оловото.

Владее со хороскопскит знак Јарец.

Астролошкиот симбол на Сатурн е  .

Уран

уреди
 
Уран со Тера на римски мозаик

Астрономски податоци

уреди

Сè до 1781 година, Сатурн бил најдалечната позната планета. Таа година, Хершел направил преглед на небото, кога на 13 март забележал мал сјаен објект кој не е виден претходно. Идните астрономи ја пресметале орбитата на Уран.

Уран има период на револуција околу Сонцето од 84 години, а средното растојание од Сонцето изнесува 1783 милиони милји. Пречникот му е измерен на 29.000 милји (односно 4 пати помал од Земјата). Интересна одлика на оваа планета е екстремно високата оска на наклон, односно 98° од нормалата на орбитата. Ротира релативно брзо, 10¾ часа, и ова предизвикува зголемено сплескување на половите. Температурата во неговата атмосфера е околу минус 190°С.

Има пет сателити, а два од нив ги пронашол Хершел во 1787 година. Без оптичка помош Уран е невидлив.

Митолошки и астролошки податоци

уреди

Уран е таткото на Сатурн. Грчкото име Уран го претставува „ноќното небо“. Уран во митологијата е носител на просветеност: разбудувачот, иако на почеток бил сметан за уништувач. Уран е магионичар кој ги менува формите. Интересно е да се напомене дека првите телевизиски антени беа во форма на симболот на Уран.

Уран е наречен и повисока октава на Меркур, бидејќи носи интелигенција и оригинална мисла. Психолошки, Уран е она внатре во нас што нè тера да се буниме против статус кво ситуации, и да ја бараме сопствената независност.

Позицијата на Уран во наталната карта го покажува степенот на желбата за промена и за отстапување од конфорноста. Носи потенцијал за иновации и оригиналност.

Негов метал е ураниумот.

Владее со Водолија.

Астролошкиот симбол на Уран е  .

Нептун

уреди
 
Ањоло Бронѕино: Нептун.

Астрономски податоци

уреди

Откако бил пронајден Уран, станало јасно дека не се движи по предвидената патека, бидејќи некоја друга планета ја ремети неговата гравитација. Масата и позицијата на ова непозната планета била предвидена од Адамс во Англија и Левериер во Франција, а пресметките на Левериер биле испратени во Берлинската опсерваторија во септември 1846 година, каде што на 23 септември астрономите Д`Арест и Гал ја нашле новата планета, за помалку од еден степен од предвидената позиција.

Нептун кружи околу Сонцето на средна далечина од 2793 милиони милји, еднаш во период од 165 години. Во време на неговото откривање Нептун се наоѓал во соѕвездието Јарец, и нема да се врати таму сè до 2011 година. Скорешните мерења велат дека пречникот на Нептун е 31.000 милји, а температурата во атмосферата е околу минус 220°С.

Нептун има два сателита, Тритон и Нереида. Тритон е една од поголемите месечини во Сончевиот Систем, а го открил Ласел во 1846 година, неколку недели по откривањето на Нептун. Нереида е многу помала месечина, а ја открил Герард Кајпер во 1949 година.

Митолошки и астролошки податоци

уреди

Нептун е богот на морето. Интересно е дека во времето кога е откриена планетата Нептун, се распространил интересот за окултното, спиритуализмот и хипнозата. Овие интереси денес се распространети низ цел свет.

Нептун е поврзан со сè што е невидливо или мистериозно, со сè што не е овоземно, туку со „она од што се направени соништата“. Тоа е функцијата на Нептун, да ги растопи границите меѓу материјалното и нематеријалното. Психолошки ги претставува нашите идеали, фантазијата, и правецот на бегање од стварноста, макар и во дрога, алкохол, уметноста, или религијата.

Во наталната карта позицијата на Нептун покажува на кој начин сме идеалисти, ги покажува исцелителските моќи на поединецот, уметничките склоности, хуморот, но и подложноста да се биде жртва на измама.

Нептун раководи со епифизата, жлезда позната и како „трето око“.

Негов метал е нептуниумот, а поврзан е и со сите проѕирни супстанции.

Нептун владее со знакот Риби.

Астролошки симбол за Нептун е  .

Плутон

уреди
 
Ад и Кербер

Астрономски податоци

уреди

После откритието на Нептун, астрономите предвидуваа откривање на деветта планета, поради отстапувањето на Нептун од својата орбита. Астрономот Ловел (кој ги видел каналите на Марс), извршил пресметки за масата и позицијата на новата планета, но Плутон е откриен дури во 1930 година, 14 години после смртта на Ловел.

Неговата средна далечина од Сонцето е 3.660 милиони милји, а периодот на револуција е 248 години. Поради неговата ексцентрична орбита, Плутон влегува во орбитата на Нептун, но нема шанси да се судри со него. Периодот на вртење е пресметан на 6 дена и 9 часа, што е заклучено од набљудувања на светлината на планетата. Не е веројатно дека има каква било атмосфера, а температурата на површината на планетата е пресметана на околу минус 230°С. Големината на Плутон не е пресметана со сигурност, а проценките варираат од 2000 до 6000 милји за пречникот. Масата на Плутон е 1/10 од масата на Земјата, но ни ова не е сигурно.

Според една теорија, можно е да постои десетта планета зад Плутон, а во 1978 година пронајдена е уште една планета, Хирон голема речиси колку и Плутон, така што Плутон се смета за дупла планета.

Митолошки и астролошки податоци

уреди

Плутон е богот на подземјето, наречен и Ад, брат на боговите Јупитер и Нептун. Позната е приказната кога Плутон ја грабнал Персефона, ќерката на божицата на житото, за да биде негова жена во подземјето. Божицата барајќи си ја ќерката, не дозволила ништо да расте на земјата додека не ја најде. Конечно, боговите уредиле девојката да биде вратена кај мајка ѝ, но една третина од годината мора да биде во подземјето. Периодот од годината кога Персефона е во подземјето, за нас е познат како - зима.

После откритието на Плутон, во светот се појавува пораст на фанатизмот: употребена е атомската бомба, светот стана зависен од нафтата („црното злато“), која од друга страна ни ги загадува градовите, а Фројд, Јунг и Адлер ја започнаа истрагата на несвесното.

Психолошки, Плутон е поврзан со нашето несвесно, со репродукцијата, но и со трансформацијата: смртта и воскреснувањето. Позицијата на Плутон во наталната карта покажува на кое поле е потребна трансформацијата во нашиот живот.

Негов метал е плутониумот.

Плутон владее со знакот Скорпија.

Астролошки симбол за Плутон е  .

Користени извори

уреди
  • Џон Филби: „Натална астрологија“, ФАС, 1981.
  • Алистер Кроули: „Астрологија: студија за Нептун и Уран“, Езотерија.
  • Стивен Форест: „Книга за Плутон“, АЦС, 1995.