Петер Паул Рубенс

фламански барокен сликар
(Пренасочено од Рубенс)

Петер Паул Рубенс (холандски: Peter Paul Rubens; Зиген, 28 јуни 1577 - Антверпен, 30 мај 1640) — фламански сликар, еден од најголемите мајстори на барокниот стил. Соединувајќи ги најдобрите традиции на италијанското сликарство и сликарството во северниот дел на Европа, тој создадол слики полни со драматика, еротика, раскош на костимите и сјај на боите.

Петер Паул Рубенс
Self portrait anno 1623
Роден(а)Петер Паул Рубенс
28 јуни 1577
Зиген, Вестфалија (денес Германија)
Починал(а)30 мај 1640(1640-05-30) (возр. 62)
Антверпен, Шпански Ниски Земји (денес Белгија)
НационалностБелгија
Познат(а) посликарство, дипломатија
Правецбарок

Влијание

уреди

Гете бил голем љубител на делата на Рубенс кого го оценил како голем човек кој „со слободниот дух стои над природата и со неа постапува според својата повисока цел. Според Гете, Рубенс на генијален начин обелоденува дека уметноста не е целосно потчинета на природната нужност, туку дека има свои закони[1]

Во песната „Светилници“, францускиот поет Шарл Бодлер го опејува Рубенс како „градина на мрзливоста, река на заборавот“.[2] Една песна на полската поетеса Вислава Шимборска се вика „Рубенсовите жени“.[3]

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. J. P. Ekerman, Razgovori sa Geteom: Poslednjih godina njegova života. Beograd: Rad, 1960, стр. 81.
  2. Шарл Бодлер, Цвеће зла. Београд: Култура, 1970, стр. 18-19.
  3. Vislava Šimborska, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg, 2014, стр. 62-63.