Параштитна жлезда
Параштитната или паратироидна жлезда е ендокрина жлезда која се наоѓа на штитната жлезда. Бројот на параштитните жлезди е различен: кај рибите отсуствуваат, другите ‘рбетници имаат четири параштитни жлезди, додека човекот има три до четири, а некогаш и повеќе вакви жлезди.
Параштитна жлезда | |
---|---|
Дијаграм на кој е прикажана штитната жлезда. Четирите зелени засенчени делови ги претставуваат четирите параштитни жлезди, кои се наоѓаат зад штитната жлезда. | |
Положба на параштитните жлезди: 1. Штитна жлезда 2. Параштитни жлезди | |
Податоци | |
Систем | Ендокрин |
Назнаки | |
Латински | glandula parathyreoidea inferior, glandula parathyreoidea superior |
MeSH | A06.407.560 |
TA | A11.4.00.001 |
FMA | FMA:13890 |
Функција
уредиХормонот на параштитната жлезда се нарекува паратхормон. Заедно со витаминот D, тој учествува во метаболизмот на калциумот и фосфорот.
Клиничко значење
уредиХиперпаратироидизам
уредиПри зголемено лачење (хиперфункција) на овој хормон, доаѓа до намалување на концентрацијата на фосфорот, а до зголемување на концентрацијата на калциумот во крвта. Со оваа промена можат да настанат одредени деформации на коските.
Хипопаратироидизам
уредиПри хипофункција на паратхормонот, состојбата е обратна. Со намалување на калциумот во крвта доаѓа до негово натрупување во коските и забите. Во таква состојба се надразнуваат нервите, со што се поттикнуваат грчеви (состојба позната како тетанус) на мускулите кои можат да бидат и смртоносни.