Бугари

јужнословенски народ
(Пренасочено од Бугарин)
Ова е објавената верзија, проверена на 19 октомври 2024. Промени во предлошки чекаат на преглед.

Оваа статија е за современиот народ. За раносредновековниот народ, видете Прабугари. За други намени, видете Бугари (појаснување).

Бугари
Българи
Вкупен број
8 милиони[1][2][3]
Подрачја со значајно население
 Бугарија 5.700.000
 Турција350.000[4]
 САД92.841[5][6]
 Украина204.574[7]
 Шпанија126,997[8][9]
 Германија95.000[10][11]
 Молдавија76.769[12][13]
 Обединето Кралство75.000[14][15]
 Аргентина70.000[16]
 Грција35.000[17]
 Русија24.038[18][19]
 Франција24.000[20][21]
 Израел20.000[22]
 Србија12.918[23]
 Италија19.924[24][25]
 Канада15.192[26][27]
 ЈАР4.224[28]
 Казахстан4.523[29] [30]
 ОАР9.000[31]
 Романија5.975[32]
 Австрија5.388[33]
 Унгарија3.316 - 5.000[34][35]
 Австралија4.902[36]
 Португалија628 - 4.000[37][38]
 Чешка4.000[39]
 Шведска4.000[40][41]
 Холандија2.076[42][43]
 Македонија3.504[44]
 Ирска1.000[45]
 Нов Зеланд816[46][47]
 Норвешка500[48]
Јазици
бугарски
Вероисповед
мнозинска: православие
малцински: ислам, католицизам, протестантство
Сродни народи
други Јужни Словени
Дел од темата
Бугари

Бугарска култура
Книжевност · Музика · Уметност
Кинематографија · Кујна
Ора · Народна носија · Спорт

По региони и земји
(вклучувајќи ја дијаспората)

Република Македонија
Западни Покраини (Србија) ·
Банат (Романија/Србија) ·
Бесарабија (Украина/Молдавија) ·
Северна Добруџа (Романија)
САД · Унгарија · Источна Тракија ·
Малоазиски Бугари ·
Западна Тракија
Помаци

Религија
Православие · Ислам
Католицизам · Протестантство

Дијалекти
на бугарскиот јазик

источни · западни · рупски ·
торлачки ·
банатски

Историја · Владетели

Бугари (бугарски: българи) — јужнословенски народ[49][50][51] чијшто мајчин јазик е бугарскиот. Конечното оформување на денешната бугарска нација се случува во XIX век, а посебно значење имаат два настани: формирањето на Бугарската егзархија (1870) и третата бугарска држава (1878). Голема улога во овој процес одиграла Русија, чие политичко и културно влијание биле од големо значење. Мнозинството Бугари денес живеат во Бугарија, иако постојат бугарски малцинства и имигрантски заедници во повеќе земји во светот. Нивниот број денес изнесува околу 9 милиони луѓе, од кои околу 6 милиони живеат во Бугарија.

Потекло

уреди
 
Бугари празнуваат Водици.
 

Од историска гледна точка денешните Бугари настанале со мешање на различни народи во Првото Бугарско Царство во периодот од 7 до 10 век, од кои најважен удел имале Тракијците, старите Словени и делот од Прабугарите кои се населиле на Балканот.[52][53] Во етногенезата на Бугарите има исто така келтски, римски, грчки, влашки, кумански и други елементи.[54] Овој процес на мешање се одвивал во текот на повеќевековните историски процеси од кои бил зафатен Балканскиот Полуостров.

Од домородното тракиско население биле земени одредени културни и етнички елементи.[55][56] Тракискиот јазик сè уште се зборувал во 6 век, веројатно станува изумрен потоа,[57][58][59] но тоа што во подоцнежниот период Бугарите ги замениле долго воспоставените грчки/латински топоними со тракиски, може да сугерира дека тој не бил целосно уништен тогаш.[60] Според археолошките докази од доцните периоди на римското владеење, Римјаните не го намалиле значително бројот на Тракијците во поголемите градови. До 4 век, најголемиот град Сердика (денешна Софија) имала претежно тракиско население засновано врз епиграфски докази, што покажува преовладувачки латино-тракиски имиња, но потоа имињата биле целосно заменети со христијански.[61]

Старите Словени се појавиле од нивната оригинална татковина на почетокот на 6 век и се прошириле во поголемиот дел од источна Средна Европа, Источна Европа и Балканот, формирајќи три главни гранки: Западни Словени во источна Средна Европа, Источни Словени во Источна Европа и Јужни Словени во Југоисточна Европа (Балкан). Повеќето научници прифаќаат дека тие започнале големо населување на Балканот во 580-тите години, врз основа на изјавата на историчарот од 6 век Менандар Протектор, зборувајќи за 100.000 Словени во Тракија и последователни напади на Грција во 582 година.[62] Тие продолжиле да доаѓаат на Балканот во многу бранови, но и да заминуваат, најзначајно заминување е кога Јустинијан II (685-695) населил дури 30 000 Словени од Тракија во Мала Азија. Византијците ги групирале бројните словенски племиња во две групи: Склавини и Анти.[63] Некои бугарски научници сугерираат дека Антите станале едни од предците на современите Бугари.

Прабугарите за првпат се споменуваат во 4 век во околината на севернокавкаската степа. Научниците честопати сугерираат дека крајното потекло на Прабугарите е туркиско и тоа може да се следи до номадските конфедерации во Средна Азија,[64][65][66][67] конкретно како дел од лабаво поврзани огурски племиња, кои се протегале од понтиската степа до Средна Азија.[68] Сепак, секоја директна врска помеѓу Прабугарите и постулираните азиски колеги почива на нешто повеќе од шпекулативни и „искривени етимологии“.[69] Во 670-тите години, некои прабугарски племиња предводени од ханот Аспарух, ја преминале реката Дунав и се населиле на Балканот со единствен миграциски бран, за кој Михаил Сириецот опишал дека изнесува 10.000 души.[70][71] За Прабугарите честопати не се смета дека биле многубројни, станувајќи владејачка елита во областите што ги контролирале.[71][72]

Генетски истражувања

уреди

По развојот на популационата генетика, во 21. век почнуваат истражувања за бугарскиот ДНК-профил. Меѓу праисториските настани наведени во набљудуваните халпогрупи, најголем е придонесот на земјоделците од неолитот. Бугарскиот генетски фонд носи исто така траги од постледникова реколонизација од различни палеолитски засолништа и експанзијата на неолитски земјоделци од Блискиот Исток. Според резултатите од анализата на Y-ДНК и мтДНК, Бугарите припаѓаат во групата на европските народи, но се наоѓаат малку настрана од главното јато. Генетски, денешните Бугари се потесно поврзани со соседните балкански народи (Македонци, Срби, Романци, Грци и Албанци), отколку со другите Европејци.[73][74][75][76][77] Според комбинирани ДНК истражуванија со различни варијанти тестови, конструирани на основа на автосомна ДНК, хаплоидна ДНК, Y-ДНК и мтДНК, кои даваат најдобра идеја за "потеклото" и "сличноста" помеѓу популациите, во балканскиот генетски кластер постојат неколку генетски субкластери, така во источниот спаѓаат Бугарите со Македонците и Романците. Иако Бугарите се дел од словенската група на народи, тие, како и повеќето други Јужни Словени се одликуваат со доминантен генетски супстрат кој е различен од оној на Западните и Источните Словени. Овој феномен се објаснува со јазичната асимилација на бројно домородно балканско население од средновековните словенски доселеници.[78][79][80][81]

Името Бугари

уреди

Името Бугари останалo од Прабугарите, неговото потекло е нејасно па затоа за него постојат повеќе претпоставки. Една претпоставка е дека етнонимот Булгар, кој бил оригиналниот назив за Прабугарите, е изведен од туркискиот збор булга кој значи меша, тресе, мрда,[82] па оттаму и "мешан народ". Друга претпоставка e дека етнонимот е изведен од туркискиот збор булгак кој значи револт, безредие,[83] што вообичаено се преведува како бунтовници.[84] Според некои извори пак, етнонимот Булгар доаѓа од името на животното булга, коe веројатно било тотемот на Прабугарите.

Создавање на бугарската народност

уреди

Борис I ги покрстил Бугарите во 864 година, а во 893 година старословенскиот јазик станал официјален, заменувајќи го грчкиот. Покрстувањето и прифаќањето на словенскиот јазик за официјален, имале ефект на спречување на асимилацијата на Словените во византиската култура, кое го промовирало формирањето на посебен бугарски идентитет.[85][86] Така, од времето на Цар Симеон I, (893-927) словенските племиња на широкиот простор од Дунав на север, до Егејот на југ и од Јадран на запад, до Црното Море на исток го прифатиле заедничкиот етникон Бугари.[87] Тие го асимилирале византиското население, составено главно од хелинизирани и романизирани Тракијци, и други предсловенски народи.[88] Прабугарите се претопиле и исчезнале во словенската етничка маса. Со освојувањето на Првата бугарска држава од Византија бугарската народност се лишила од држава. Но таа се стекнала со доволно внатрешна сила и одржливост, за да може да продолжи самостојното постоење и за време на речиси двовековната византиска власт дејствувала изградената "историска меморија" на Бугарите.[89]

Создавање на бугарската нација

уреди

Со ликвидирањето на Втората бугарска држава на крајот на 14. век, населените со Бугари земји поминале под власта на Османлиското Царство. Покрај државата била ликвидирана и самостојната Бугарска патријаршија, како резултат на што дошло до големо духовно и етно-религиозно опаѓање. За време на османлиското владеење на Балканот етноними не се користеле, населението било поделено на верски заедници: правоверни и неверници, вклучени во законски признаени религиозни општества (милети). Такви биле муслиманскиот милет и источноправославниот - рум милет. Како дел од рум милетот, Бугарите без сомнение имале свест дека припаѓаат на посебна заедница, но таа не создавала толку силни чувства на приврзаност, каква имал рум милетот. Како резултат, народот почнал постепено да ja губи својата етничка припадност и во 18 век бугарскиот дух останал зачуван главно во изолираните манастири. Сепак, под османлиска власт етнонимите никогаш не биле исчезнати, што укажува дека некоја форма на етничка идентификација била зачувана.[90] Тоа се гледа од султанскиот ферман од 1680 година во кој се наведени народностите во балканските земји на империјата, а тие биле: Грците (Рум), Албанците (Арнаут), Србите (Сирф), Власите (Ефлак) и Бугарите (Булгар).[91] За прв бугарски преродбеник и национален историчар со неговото дело "Историја словенобугарска", напишано во 1762 година, се смета Паисиј Хилендарски. По Големата француска револуција од 1798 година, започнал пораст на национализмот во Европа, вклучително и во Османлиското Царство и почнало распаѓање на рум милетот. Во бугарските земји започнал процес на национална преродба, а првиот протест на национална основа против контролата на Цариградската патријаршија бил кренат во 1824 година. Дополнителна храброст давал почетокот на реформи познати во историографијата како епоха Танзимат и поточно програмата на султанот за промени Ѓулхански хатишериф од 1839 година, која содржела идеи за нови закони со гаранции за правата на сите поданици независно од нивната народност и вера. Како резултат на започнатите црковно-национални борби во 1861 година била признаена Бугарската унија, а во 1870 година и самостојна Бугарска егзархија и така де јуре бил признаен посебен булгар милет или бугарски народ. Постепено, милетскиот систем се распаднал целосно во почетокот на 20-от век. Овој процес се совпаднал со создавањето во 1878 г. и зајакнувањето на Третата бугарска држава, во која се влел дел од булгар милетот. Тој практично го формирал бугарскиот етнос и станал јадрото на новата бугарска нација. Во тоа време составен дел од булгар милетот биле и Македонците. Дел од муслиманскиот милет во лицето на Бугарите-муслимани исто така се вклучил во создавањето на бугарскиот етнос.

Бугарите во соседните земји

уреди

Во Бугарија се смета дека денешна Република Бугарија од сите страни е опколена со поранешни бугарски територии[92] на кои има сè уште остатоци од бугарско население.[4][7][12][17][23][32] Поголемиот дел од Бугарите во Србија живеат во општините Босилеград и Димитровград и во некои од селата во Банат каде се нарекуваат Банатски Бугари.[23] Во Романија постојат неколку групи Бугари.[32] Банатски Бугари живеат и во Романија. По преселбата во Австроунгарија, Банатските Бугари се оформуваат како посебна етно-религиозна група. Тие најчесто се католици и зборуваат на свој дијалект. Во Романија, словенското малцинство кое живее на југот од земјата традиционално го означуваат со зборот Срби. Во Бугарија се смета дека Србите во јужниот дел на Романија всушност се етнички Бугари.[93] Бугарите во Северна Добруџа биле автохтоно месно население, но повеќето од нив ја напуштиле Романија во 1940 година поради договорена размената на население меѓу Бугарија и Романија. Бугари живеат и во Трансилванија, но со текот на времето тие се асимилирани. Во Бесарабија денес живеат над 200.000 Бугари, кои таму емигрирале во првата половина на 19 век. Денес оваа територија и припаѓа на Молдавија и на Украина. Во Источна Тракија (Турција) постојат цели села со Бугари-муслимани. Некои податоци укажуваат дека во Турција има над 350.000 Помаци.[94] Бугарите во грчка Западна Тракија, која ѝ припаѓала на Бугарија според Букурешкиот договор од 1913, се прогонети од сопствените огништа откако после Првата светска војна овој регион и припаднал на Грција. Најчесто во минатото Македонците се именувале и биле именувани како Бугари.[95][96][97] Во денешно време Бугарите во Македонија претставуваат мала етничка заедница, како такви на последниот попис се имаат изјаснето 3.504 души.

Бугарите како тема во српската книжевност

уреди

Во своето дело „Богатството на царот Радован“, српскиот поет Јован Дучиќ вели дека Бугарите ги мразат припадниците на своето племе и не знаат за идејно пријателство со странците.[98]

Поврзано

уреди

Извори

уреди
  1. Danver, Steven L. (2015-03-10). Native Bulgarian people's of the World. google.bg. ISBN 9781317464006.
  2. Cole, Jeffrey E. (2011-05-25). Ethnic Groups of Europe: An Encyclopedia. google.bg. ISBN 9781598843033.
  3. Conference, Foundation for Endangered Languages; Argenter, Joan A.; McKenna Brown, R. (2004). On the Margins of Nations. google.bg. ISBN 9780953824861.
  4. 4,0 4,1 „Бугари во Турција“. Joshua Project. Посетено на 2009-01-20.
  5. „US census“. Архивирано од изворникот на 2010-12-02. Посетено на 2008-12-21.
  6. „Ministry of Foreign Affairs of Bulgaria - Bulgarians in the US according to the consulate in Washington D.C.“. www.mfa.bg. Посетено на 2008-04-29.
  7. 7,0 7,1 „General results of the 2001 Ukrainian census by nationality“. www.ukrcensus.gov.ua. Архивирано од изворникот на 2004-10-31. Посетено на 2008-04-28.
  8. „Ministry of Foreign Affairs of Bulgaria - Bulgarians in Spain with an address registration“. www.mfa.bg. Посетено на 2008-04-29.
  9. „2005 figures“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2008-07-26. Посетено на 2008-12-21.
  10. „Ministry of Foreign Affairs of Bulgaria - Bulgarians in Germany (бугарски)[[Категорија:Статии со надворешни врски на бугарски]]“. www.mfa.bg. Посетено на 2008-04-29. URL–wikilink conflict (help)
  11. „2006 figures“. Архивирано од изворникот на 2011-05-19. Посетено на 2008-12-21.
  12. 12,0 12,1 „National Statistical Bureau of Moldova (романски)[[Категорија:Статии со надворешни врски на романски]]“. www.statistica.md. Архивирано од изворникот на 2008-11-18. Посетено на 2008-04-28. URL–wikilink conflict (help)
  13. „Ministry of Foreign Affairs of Bulgaria“. www.mfa.bg. Посетено на 2008-04-28.(2006)
  14. „Ministry of Foreign Affairs of Bulgaria - Bulgarians in the UK (бугарски)[[Категорија:Статии со надворешни врски на бугарски]]“. www.mfa.bg. Посетено на 2008-04-29. URL–wikilink conflict (help)[мртва врска]
  15. http://epp.eurostat.ec.europa.eu/extraction/retrieve/en/theme3/cens/cens_nscbirth?OutputDir=EJOutputDir_49&user=unknown&clientsessionid=43820756C6114AC37056183CD332EA49.extraction-worker-1&OutputFile=cens_nscbirth.htm&OutputMode=U&NumberOfCells=60&Language=en&OutputMime=text%2Fhtml&
  16. „Ministry of Foreign Affairs of Bulgaria - Bulgarians in Argentina (бугарски)[[Категорија:Статии со надворешни врски на бугарски]]“. www.mfa.bg. Архивирано од изворникот на 2020-06-30. Посетено на 2008-04-29. URL–wikilink conflict (help)
  17. 17,0 17,1 2001 Greek Census, Population by Nationality: Απογραφή πληθυσμού της 18ης Μαρτίου 2001
  18. „Russian census 2002“. Russia. Архивирано од изворникот на 2012-01-26. Посетено на 2008-05-12.
  19. „National census of Russia (2002) (руски)[[Категорија:Статии со надворешни врски на руски]]“. www.perepis2002.ru. Архивирано од изворникот на 2012-03-09. Посетено на 2008-04-28. URL–wikilink conflict (help)
  20. „Ministry of Foreign Affairs of Bulgaria - Bulgarians in France“. www.mfa.bg. Посетено на 2008-04-30.
  21. Countries of the Eu by Birth
  22. „Ministry of Foreign Affairs of Bulgaria - Bulgarians in Israel“. www.mfa.bg. Посетено на 2008-04-30.The first number indicates people that have Bulgarian citizenship and the second represent those coming from Bulgaria in the 1940s and 1950s who are members of Associations of Bulgarian Jews
  23. 23,0 23,1 23,2 Serbia and Montenegro 2002 census
  24. „Foreign citizens in Italy“. demo.istat.it. Архивирано од изворникот на 2012-02-08. Посетено на 2008-05-09.
  25. „Ministry of Foreign Affairs of Bulgaria - Bulgarians in Italy“. www.mfa.bg. Посетено на 2008-05-09.[мртва врска]
  26. „Results of the 2001 Canadian census“. www12.statcan.ca. Архивирано од изворникот на 2009-07-25. Посетено на 2008-04-28.
  27. „Ministry of Foreign Affairs of Bulgaria - Bulgarians in Canada“. www.mfa.bg. Посетено на 2008-04-30.
  28. „Ministry of Foreign Affairs of Bulgaria - Bulgarians in South Africa“. www.mfa.bg. Посетено на 2008-04-30.
  29. „Population of Kazakhstan as of 1989 and 1999“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2008-03-07. Посетено на 2008-12-21.
  30. „Ministry of Foreign Affairs of Bulgaria - Bulgarians in Kazakhstan“. www.mfa.bg. Посетено на 2008-04-30.According to members of the Bulgarian community in Kazakhstan their number is between 30,000 and 50,000
  31. „Ministry of Foreign Affairs of Bulgaria - Bulgarians in UAE“. www.mfa.bg. Посетено на 2008-04-30.[мртва врска]
  32. 32,0 32,1 32,2 Recensamant 2002
  33. New Title
  34. „2001 Hungarian Census, Ethnic group tables“. www.nepszamlalas.hu. Архивирано од изворникот на 2011-04-14. Посетено на 2008-04-30.
  35. „Ministry of Foreign Affairs of Bulgaria - Bulgarians in Hungary“. www.mfa.bg. Посетено на 2008-04-30.
  36. „2006 Census Table : Australia“. www.censusdata.abs.gov.au. Архивирано од изворникот на 2008-07-22. Посетено на 2008-04-28.The second number shows people that have indicated Bulgarian descent.
  37. „Ministry of Foreign Affairs of Bulgaria - Bulgarians in Portugal“. www.mfa.bg. Посетено на 2008-04-30.
  38. Eurostat
  39. „Government of the Czech Republic: Report on the Situation of National Minorities in the Czech Republic in 2001“ (PDF). Government of the Czech Republic. Архивирано од изворникот (PDF) на 2008-04-08. Посетено на 2008-05-01.
  40. „Ministry of Foreign Affairs of Bulgaria - Bulgarians in Sweden“. www.mfa.bg. Посетено на 2008-04-30.[мртва врска]
  41. Country of Birth
  42. „Statistics Netherlands, Population Tables“. http://statline.cbs.nl. Посетено на 2008-04-31. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help); Надворешна врска во |publisher= (help)
  43. „Ministry of Foreign Affairs of Bulgaria - Bulgarians in Netherlands“. www.mfa.bg. Посетено на 2008-04-30.
  44. „Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 - прв сет на податоци“ (PDF). Државен завод за статистика на Република Северна Македонија - Скопје.
  45. „Ministry of Foreign Affairs of Bulgaria - Bulgarians in Ireland“. www.mfa.bg. Посетено на 2008-04-30.
  46. „Statistical Service of New Zealand, New Zealanders by Ancestry“. www.stats.gov.nz. Архивирано од изворникот на 2007-09-27. Посетено на 2008-04-31. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  47. „Ministry of Foreign Affairs of Bulgaria - Bulgarians in New Zealand“. www.mfa.bg. Посетено на 2008-04-30.
  48. „Ministry of Foreign Affairs of Bulgaria - Bulgarians in Norway“. www.mfa.bg. Посетено на 2008-04-30.
  49. Словени
  50. One Europe, many nations: a historical dictionary of European national groups, James Minahan, Greenwood Publishing Group, 2000, ISBN 0-313-30984-1, pp. 134 – 135. Google Books. Посетено на 2011-11-13.
  51. „Културна близина на словенските народи“. Архивирано од изворникот на 2019-12-08. Посетено на 2018-08-26.
  52. „Bulgar | people“. Encyclopedia Britannica (англиски).
  53. Ангелов Д., Образуване на българската народност, Наука и изкуство, София, 1971 г., стр. 136, 215 (бугарски)
  54. Георги Острогорски, Историја на Византија
  55. "The so-called Bulgar inscriptions are, with few exceptions, written in Greek rather than in Turkic runes; they mention officials with late antique titles, and use late Antique terminology and indictional dating. Contemporary Byzantine inscriptions are not obviously similar, implying that this (Bulgar) epigraphic habit was not imported from Constantinople but was a local Bulgar development, or rather, it was an indigenous 'Roman' inheritance." Nicopolis ad Istrium: Backward and Balkan, by M Whittow.
  56. "Many Thracian survivals have been detected in the sphere of Bulgarian national costume and folk tradition." The Bulgarians: from pagan times to the Ottoman conquest, David Marshall Lang, Westview Press, 1976, ISBN 0-89158-530-3, p. 27.
  57. Bulgarian historical review, Publishing House of the Bulgarian Academy of Sciences, pp. 53
  58. The Oxford Encyclopedia of Ancient Greece and Rome, 7th edition, pp. 57
  59. Ethnic Continuity in the Carpatho-Danubian Area, Elemér Illyés
  60. editors; Mallory, J.P.; Adams, D.Q. (1997). Encyclopedia of Indo-European culture. стр. 576. ISBN 9781884964985.CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)
  61. Sofia - 127 years capital. Sofia Municipality
  62. Fine, John Van Antwerp (1983), The Early Medieval Balkans, University of Michigan Press, ISBN 0-472-08149-7, p. 31
  63. Hupchick, Dennis P. The Balkans: From Constantinople to Communism. Palgrave Macmillan, 2004. ISBN 1-4039-6417-3
  64. Образуване на българската държава. проф. Петър Петров (Издателство Наука и изкуство, София, 1981)
  65. „Образуване на българската народност.проф. Димитър Ангелов (Издателство Наука и изкуство, "Векове", София, 1971)“. Kroraina.com. Посетено на 2011-11-13.
  66. A history of the First Bulgarian Empire
  67. Vassil Karloukovski. „История на българската държава през средните векове Васил Н. Златарски (I изд. София 1918; II изд., Наука и изкуство, София 1970, под ред. на проф. Петър Хр. Петров)“. Kroraina.com. Посетено на 2011-11-13.
  68. Rasho Rashev, Die Protobulgaren im 5.-7. Jahrhundert, Orbel, Sofia, 2005. (in Bulgarian, German summary)
  69. Reflections on the History and Historiography of the Nomad Empires of Central Eurasia. Acta Orientalia Academiae Scientiarum Hungaricae. 58 (1): 3–14.
  70. Hupchick, D. (2002-01-11). The Balkans: From Constantinople to Communism (англиски). Springer. стр. 35. ISBN 9780312299132.
  71. 71,0 71,1 Fine, John V. A.; Fine, John Van Antwerp (1991). The Early Medieval Balkans: A Critical Survey from the Sixth to the Late Twelfth Century. University of Michigan Press. стр. 68. ISBN 978-0472081493.
  72. Komatina 2010, стр. 55–82.
  73. Five polymorphisms of the apolipoprotein B gene in healthy Bulgarians.Department of Chemistry and Biochemistry, Medical University of Sofia, Bulgaria.PMID 12713147
  74. Bulgarian Bone Marrow Donors Registry—past and future directions - Asen Zlatev, Milena Ivanova, Snejina Michailova, Anastasia Mihaylova and Elissaveta Naumova, Central Laboratory of Clinical Immunology, University Hospital “Alexandrovska”, Sofia, Bulgaria, Published online: 2 June 2007[мртва врска]
  75. From Asia to Europe: mitochondrial DNA sequence variability in Bulgarians and Turks. Ann Hum Gen.1996.Jan;60 (Pt 1):35–49.
  76. HLA polymorphism in Bulgarians defined by high-resolution typing methods in comparison with other populations.
  77. Distributions of HLA class I alleles and haplotypes in Bulgarians – contribution to understanding the origin of the population. M. Ivanova, P. Spassova, A. Michailova, E. Naumova. Division of Clinical and Transplantation Immunology, Medical University, Sofia, Bulgaria.[мртва врска]
  78. Genetic Heritage of the Balto-Slavic Speaking Populations: A Synthesis of Autosomal, Mitochondrial and Y-Chromosomal Datap Alena Kushniarevich et al., September 2, 2015, Plos One, http://dx.doi.org/10.1371/journal.pone.0135820
  79. Standing at the Gateway to Europe - The Genetic Structure of Western Balkan Populations Based on Autosomal and Haploid Markers, Lejla Kovacevic et al, Plos One, August 22, 2014, http://dx.doi.org/10.1371/journal.pone.0105090
  80. Y-STR variation among Slavs: evidence for the Slavic homeland in the middle Dnieper basin, Krzysztof Rebala et al. Japan Society of Human Genetics and Springer 2007, DOI 10.1007/s10038-007-0125-6
  81. Expansions: Competition and Conquest in Europe Since the Bronze Age, Reykjavíkur Akademían, 2010, ISBN 9979992212, p. 194.
  82. Dybo, Anna. „bulga-“. Turkic etymology. StarLing. Посетено на 2009-05-18.
  83. Lebedynsky, Iaroslav. Les Nomades : Les peuples nomades de la steppe des origines aux invasions mongoles. Paris: Errance, 2003: p.178.
  84. Taylor, Isaac (2008). Names and Their Histories: A Handbook of Historical Geography and Topographical Nomenclature. BiblioBazaar, LLC. стр. 78. Посетено на 2009-05-18.
  85. Who are the Macedonians? Hugh Poulton, C. Hurst & Co. Publishers, 2000, ISBN 1-85065-534-0, pp. 19-20.
  86. A short history of modern Bulgaria, R. J. Crampton, CUP Archive, 1987, ISBN 0521273234, p мај
  87. Средновековни градови и тврдини во Македонија, Иван Микулчиќ, Македонска академија на науките и уметностите – Скопје, 1996, стр. 72.
  88. Византийците в България, Робърт Браунинг - Studia Slavico-Byzantina et Mediaevalia Europensia, vol. I, Ivan Dujčev Centre for Slavo-Byzantine Studies, Sofia, 1988, pp. 32-36.
  89. Formation of the Bulgarian nation: its development in the Middle Ages (9th–14th c.) Academician Dimitŭr Simeonov Angelov, Summary, Sofia-Press, 1978, pp. 413–415.
  90. „Balkan cultural commonality and ethnic diversity. Raymond Detrez (Ghent University, Belgium)“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-12-11. Посетено на 2013-03-08.
  91. История на българите. Късно средновековие и Възраждане, том 2, Георги Бакалов, TRUD Publishers, 2004, ISBN 9545284676, стр. 23. (Bg.)
  92. Лъвът от Войнишкия мемориал пази картата на българското етническо землище от XIX век
  93. „Вестник „Адевърул" за с. Сърби, Влашко“. Архивирано од изворникот на 2008-05-26. Посетено на 2009-10-29.
  94. Pomak in Turkey
  95. In 1913, the majority of Macedonians in all three regions of Macedonia were Bulgarophile, i.e. they had Bulgarian identity; Center for Documentation and Information on Minorities in Europe, Southeast Europe (CEDIME-SE) - "Macedonians of Bulgaria", p. 14. Архивирано на 23 јули 2006 г.
  96. The struggle for Greece, 1941-1949, Christopher Montague Woodhouse, C. Hurst & Co. Publishers, 2002, ISBN 1-85065-492-1, p. 67.
  97. Who are the Macedonians? Hugh Poulton,Hurst & Co. Publishers, 1995, ISBN 1-85065-238-4, 9781850652380, p. 101.
  98. Јован Дучић, Благо Цара Радована (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 194.