Тракиски јазик — исчезнат индоевропски јазик што се зборувал на територијата на балканскиот полуостров пред сѐ на територијата на Македонија, Турција, Бугарија и Грција (денешни граници).

Тракиски јазик
Застапен воТракија
ПодрачјеБалкан
Изумреноколу 5 век
Јазично семејство
индоевропско
  • тракиски јазик
Писмогрчка азбука
Јазични кодови
ISO 639-3

Класификација

уреди

Класификацијата на јазикот е долго време дискутабилна и неверојатна. Постојат поголем број на тези што го класифицираат јазикот во различни групи но една е најверојатна а тоа е дека јазикот е дел од индоевропските јазици. Исто така постои тврдење дека јазикот е дел од дакиско-тракиската група на јазици но тука веќе станува збор за проблем со класификација на самата дакиско-тракиска група, за тоа дали таа е дел од индоевропските јазици или не. Поголем број на тракиците биле евентуално хелинизирани или пак романизирани и последните остатоци се сретнувале сè до 5 век. Исто така дел од тракиските племиња биле словенизирани по создавањето на словенската писменост и култура.

Натписи

уреди

Натписот од Езерово

уреди
 
Прстенот од Езерово, пронајден во 1912, еден од малкуте пронајдени натписи на тракиски јазик

Досега се пронајдени само четири натписи на тракиски јазик. Првиот е златен прстен откриен во 1912 кај село Езерово (Пловдивска област); прстенот е датиран дека потекнува од 5 век п.н.е.[1] Натписот е со грчко писмо во 8 реда, од кои осмиот се наоѓа на самиот раб на прстенот; без празни места гласи: ΡΟΛΙΣΤΕΝΕΑΣΝ / ΕΡΕΝΕΑΤΙΛ / ΤΕΑΝΗΣΚΟΑ / ΡΑΖΕΑΔΟΜ / ΕΑΝΤΙΛΕΖΥ / ΠΤΑΜΙΗΕ / ΡΑΖ // ΗΛΤΑ

Наводи

уреди
  1. „Golden ring with Thracian inscription. NAIM-Sofia exhibition“. National Archaeological Institute with Museum, Sofia.