Македонски Бугари (бугарски: македонски българи) — мала заедница на Македонци во Македонија што се изјаснуваат за Бугари и дел кои имаат вистинско бугарско потекло бидејќи дошле од Бугарија во минатото. Во државата има многу мал број граѓани што се изјаснуваат како Бугари и истите често се нарекувани бугаромани или бугарофили, кои заедно како една целина не се признато етничко малцинство. Најголем број лица кои се изјаснуваат како Бугари се сконцентрирани во Струмичко,[2] можеби поради тоа што градот територијално се наоѓа во близина на Бугарија и бил двапати дел од бугарската држава (1912 — 1919 и 1941 — 1944).[3] Во периодот помеѓу 1945 — 1991 година додека Македонија била дел од Југославија, имало преселба на бугарското население од Босилеградско во Република Македонија, а најголемиот дел од него се населил во Скопје.[4] На последниот попис во Македонија во 2021 година како Бугари се изјасниле 3.504 граѓани, кои претставуваат околу 0,2% од целото население.

Македонски Бугари
македонски българи
Вкупен број на населението

3.504[1]

Региони со значително население
Струмица и регионот, исто така има одреден број кои се изјаснуваат како Бугари во Скопје и Охрид
Јазици
македонски и бугарски јазик
Религии
Православно христијанство
Поврзани етнички групи
Бугари, Македонци

Организација

уреди

Во текот на неуспешниот „Попис 2011“ во Македонија Бугарскиот културен клуб започнал кампања која гласела: Сите биле Бугари. А ти?[5][6] која во текот на своето видео ги прикажува славните историски личности Св. Климент Охридски, Цар Самоил, Гоце Делчев како Бугари. Во Македонија има бугарско здружение Радко и Здружение на граѓани „Цар Борис III“[7] во Охрид и Бугарски културен клуб[8] во Скопје. Според официјалните подотоци на КБГБЧ од 2002 до крајот на 2020 година речиси 90.000 македонски граѓани земале бугарски пасоши со кои може да патува и работи во земјите од ЕУ без визи.[9] Уште околу 60.000 лица поднеле молби за бугарско државјанство за кое мора да потпишат документ дека имаат бугарско потекло. Прашање е колку од тие што добиле пасош или поднеле молби се чувствуваат Бугари, а колку на таков чекор се решиле од економски причини. На парламентарните избори во Бугарија 2021, бројот на пријавени гласачи во бугарската амбасада во Скопје изнесувал само 328 лица, а со тоа е јасен фактот дека тие пасоши се вадени поради економска причина.[10][11][12][13]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Попис на населението во Република Македонија од 2021.
  2. Yugoslavism: histories of a failed idea, 1918-1992, Dejan Djokić, C. Hurst & Co. Publishers, 2003, ISBN 1850656630, p. 122.
  3. „Бугарија“. Архивирано од изворникот на 2007-07-04. Посетено на 2011-12-15.
  4. Богослав Јанев, Босилегратчани во Македонија, Скопје: Здружение на граѓани. "Босилеградско", 2006, Куманово: Графотекс. ISBN 9989-57-472-3.
  5. Видео на бугарската антимакедонска кампања
  6. „24 вести за бугарскиот антимакедонизам“. Архивирано од изворникот на 2011-10-20. Посетено на 2011-12-15.
  7. „Официјално мрежно место на „Радко". Архивирано од изворникот на 2009-09-05. Посетено на 2011-12-15.
  8. Официјално мрежно место на Бугарскиот културен клуб
  9. Mediapool.bg. 22 юни 2016, Над 62 000 "нови" българи за последните пет години.
  10. „Само 328 лица од С Македонија се пријавиле за гласање на изборите во Бугарија“. МИА. Архивирано од изворникот на 2022-03-29.
  11. „Само 328 лица од Македонија се пријавиле за гласање на изборите во Бугарија“. kanal5.com.mk.
  12. „Само 328 лица од Македонија се пријавиле за гласање на изборите во Бугарија » opserver.mk“. opserver.mk (англиски). 2021-03-10. Архивирано од изворникот на 2021-03-10.
  13. „Петковски: Од Македонија се пријавиле само 328 лица за гласање на изборите во Бугарија“. Фокус (англиски). 2021-03-26.