Банатски Бугари

(Пренасочено од Банатски бугари)

Банатските Бугари (банатско-бугарски: palćene или banátsći balgare) се бугарски иселници кои живеат во историскиот регион Банат во Србија и Романија. За времето кога таа област била во Австроунгарија тие се нарекувале Јужноунгарски Бугари. Меѓусебе тие се нарекувале павлиќани, или павликене, палкене и паулкене на месниот дијалект. Меѓу научниците тие луѓе се познати како Банатски Бугари. По преселбата во Австриската империја, Банатските Бугари се одделуваат во посебна бугарска етно-религиозна група со свои посебни одлики. Тие се католици, говорат свој дијалект, пишуваат на латиница и имаат самобитна материјална и духовна култура, со силно влијание од локалното унгарско, германско, романско и српско население. Денес има околу 10.000 Банатски Бугари.[1][2][3]

Банатски Бугари

Наводи

уреди
  1. „Structura Etno-demografică a României“ (романски). Centrul de Resurse pentru Diversitate Etnoculturală. 2008-07-24.
  2. Иванова, Говорът и книжовноезиковата практика на българите-католици от сръбски Банат.
  3. „Final results of the Census 2002“ (PDF). Republic of Serbia: Republic Statistical Office. 2008-07-24. Архивирано од изворникот (PDF) на 2020-05-09. Посетено на 2012-10-17.

Поврзано

уреди