Јустинијан II

византиски цар

Јустинијан II (грчки: Ιουστινιανός Β΄, латински: Iustinianus II), ( 668 во Цариград - 11 декември 711) бил византиски цар кој владеел во периодот од 685 до 695 и од 705 до 711 година.

Јустинијан II
Ιουστινιανός Β'
Византиски цар
1-во управување
2-во управување
685–695
705 – декември 711
ПретходникКонстантин IV
Тибериј III
НаследникЛеонтиј
Филипик Вардан
Роден(а)668
Цариград
Починал(а)11 декември, 711 (42 години)
Даматрис
СопружникЕвдокија
Теодора Хазарска
ДецаАнастасија
Тибериј
Полно име
Јустинијан
ДинастијаИраклиева династија
ТаткоКонстантин IV
МајкаАнастасија
Дваесетгодишна анархија
Хронологија
Леонтиј 695–698
Тибериј III 698–705
Јустинијан II 705–711
со Тибериј совладетел, 706–711
Филипик Вардан 711–713
Анастасиј II 713–715
Теодосиј III 715–717
Наследување
Претходела
Ираклиева династија
Следела
Сириска Династија

Јустинијан бил син на Константин IV Погонат и Анастасија[1]. Останува во историјата познат со прекарот Ринотмет (грчки ὁ Ῥινότμητος - отсечен нос). Во неговиот прв брак со Евдокија ја добил ќерката Анастасија, додека од неговиот втор брак со Теодора Хазарска имале син Тибериј.

Со неговата смрт бил ставен крај на Ираклиевата династија.

Прво управување

уреди

Јустинијан II стапил на престолот во 685 година кога имал 16 години. Карактеристично за него била големата суровост и деспотизам кои наскоро го направиле објект на омраза од страна на населението.

Во 688-690 година Византија водела два кратки конфликти со Бугарија, прекршувајќи го мировниот договор од 681 година. Византијците успеале да заробат значителен број Словени од Македонија. Јустинијан II ги преселил заробените Словени во Мала Азија и образувал од нив одред од 30 илјади луѓе.

Во 692 година Јустинијан го нарушил мирот со Арапите[2], но бил поразен од војските на Абд-Алмалик во Киликија. Поразот претставувал и последица од измамата на дел од доведените Словени. Тогаш Јустинијан наредил да се убијат близина Никомедија и оние Словени, кои му останале верни. Резултат од поразот било губењето на јужна Ерменија, каде застанал Симбатиј.

Омразата на народот се зголемила особено поради злоупотребите и уцените на јустинијановите омилени луѓе - Теодот и Стефан, од кои првиот бил министер за финансии (ό γενικός λογοθέτης), а Стефан сакелариј на царот[3].

Едно од поголемите настани во црковниот живот бил црковниот собор во 692 година познат како Трулски собор, но самите одлуки не биле признаени од папата Сергиј. Обидите на Јустинијан II да го принуди папата да ги прифати одлуките останале неуспешни.

Соборување и заточение

уреди

Непопуларноста на Јустинијан II била искористена од војсководецот Леонтиј[4]. Во 695 година, тој успеал да побегне од затвор, каде бил чуван по наредба на Јустинијан, по кое успеал да го зароби на Јустинијан и наредил да му го преселат носот и јазикот, поради кое Јустинијан подоцна бил наречен Ринотмет. Соборениот цар бил испратен на заточение во Крим.[3]. Стефан и Теодот биле погубени.

Соборувањето на Јустинијан II не довело до подобрување на внатрешната и надворешната состојба на империјата, напротив, следувал 20-годишен период на немири и нестабилност и истиот завршил по повторното заземање на престолот од страна на Јустинијан.

Додека бил во егзил, градот Картагина и остатокот од провинциите во Африка биле освоените од Арапите, кои продолжувале да се закануваат и по источната граница. Поради поразите и неуспесите, царевите останувале закратко на власт - по некое Леонтиј исто така бил соборен, а престолот бил зафатен од Тибериј III Апсимар. Тогаш Јустинијан Ринотмет успеал да побегне од заточение, прво кај Хазарите, потоа кај Бугарите, за да во 705 година застане пред портите на Цариград, заедно со 15,000 војска составена од Словени и Бугари, на чело со хан Тервел[5]. Јустинијан и неговите приврзаници тајно успеале да влезат во главниот град преку еден неискористен аквадукт и успеале да направат преврат.

Второ управување

уреди

Откако Јустинијан II Ринотмет го освоил главниот град и повторно го зазел престолот, тој се одмаздил на суров начин на своите противници, и тоа поранешните цареви Тибериј и Леонтиј, кои биле обезглавени јавно на хиподромот, а патријархот Калиник е ослепен и прогонет.

За поддршката бугарскиот хан Тервел бил богато награден. Тервел бил првиот невизантиец, кој ја добил титулата Кесарија (Цезар)[6]. Тој освен тоа го добива управувањето на областа Загора (североисточна Тракија), како и големо количество пари, злато, сребро и други скапоцености.

Второто владеење на Јустинијан (од 705 до 711 година) се покажало како уште поголем неуспех за разлика од првото управување. Војната со Арапите повторно тргнала на лошо: Византијците ја загубиле Мопсуеста и Тијана, во 709 година Арапите влегле дури во Тракија. Поразите на Византија довече до делумна загуба на Кападокија и Киликија[7]. Барајќи реванш против Бугарите, Јустинијан II заминал во североисточна Тракија во 708 година, но бил поразен и опколен во Анхиало. Царот се повлекол по море и наскоро го обновил мирот со Бугарија.

Во 711 година Јустинијан II испратил во Крим флота и војска, која требало да го казни на Керсон бидејќи не го поддржал на царот за време на неговите походи, но војниците се побуниле и го прогласуваат за цар Филипик Вардан. Додека Јустинијан собирал армија во Мала Азија, Филипик го освоил Цариград и го убил Тибериј, малолетниот син на Јустинијан. Самиот Јустинијан бил напуштен од повеќето армии и бил заробен и обезглавен во декември 711 година, недалеку од главниот град.

Ова го означило крајот на Ираклиевата династија.

Литература

уреди
  • Theophanes, Chronographia.
  • Kazhdan, Alexander, уред. (1991), Oxford Dictionary of Byzantium, Oxford University Press, ISBN 978-0-19-504652-6
  • Norwich, John Julius (1990), Byzantium: The Early Centuries, Penguin, ISBN 0-14-011447-5
  • Ostrogorsky, George; Hussey (trans.), Joan (1957), History of the Byzantine state, New Brunswick, N.J.: Rutgers University Press, ISBN 0-8135-0599-2
  • Canduci, Alexander (2010), Triumph & Tragedy: The Rise and Fall of Rome's Immortal Emperors, Pier 9, ISBN 978-1-74196-598-8
  • Moore, R. Scott, "Justinian II (685–695 & 705–711 A.D.)", De Imperatoribus Romanis (1998)
  • Bury, J.B., A History of the Later Roman Empire from Arcadius to Irene, Vol. II, MacMillan & Co., 1889
  •   Оваа статија вклучуват текст од дело кое сега е во јавна сопственостChisholm, Hugh, уред. (1911). Encyclopædia Britannica (11. изд.). Cambridge University Press. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: ref=harv (link)

Наводи

уреди
  1. Kazhdan, pg. 501
  2. Norwich, pg. 328
  3. 3,0 3,1 Ostrogorsky, pgs. 116–122
  4. Bury, pg. 354
  5. Norwich, pg. 336
  6. Bury, pg. 361
  7. Norwich, pg. 339

Надворешни врски

уреди