Романот, Магарешки години, на Бранко Ќопиќ од 1960 година, ни го претставува растење на авторот помеѓу детството и зрелоста, но во делото може да се најде секој млад човек кој расте во безгрижни времиња и чии години се обележани со ученички проблеми и пубертетски немири.

Напишан е во хумористичен и донекаде носталгичен стил.[1]

Анализа на романот

уреди

Насловот на романот „Магарешки години“ се однесува на немирните пубертетски години обележани со фантазии, палавштини, прва љубов.[2]

Дејството на романот се одвива во Бихаќ. Нараторот (Бранко) ја започнува приказната во сегашноста,при што ја опишува битката за Бихаќ во1942 година, во која учествувал и самиот, а потоа се присетува на деновите кога бил средношколец и живеел во ученички дом во 1930-тите. Романот нагло завршува со дејство кое уште еднаш се однесува на сегашноста.

Главните ликови во книгата се момчињата: раскажувачот Бранко, најсилниот во друштвото Бајо, Хамид од муслиманска вероисповед, нискиот и бестрашен Крсто, Дуле Дабиќ кој бил наглув и секогаш гладен, како и браќата близнаци Бранко и Ранко Мандиќ.[1]

Драматизација

уреди

Како и многу други дела на Бранко Ќопиќ, романот Магарешки години бил драматизиран и изведен во детските театри низ бившата СФРЈ.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди